Јас го имам ама само на почетокот ми вршеше работа кога беа меки ноктите, сега имам доем како да му ги острам кратки а остри. @Bella_Stella пробај само со врвот од ножичката подлабоко да му ги исечеш, не му ги сечеш доволно. Мое мислење
Сум ги гледала овие ама мислев дека се жива глупост. Вреди да се проба значи. Мислам дека треба да пробам да. Турпијата изгледа уште поостри му ги прави. Даа тоа барем е среќна околност. Викам што ти значи млад организам, каква способност за регенерација има. Јас еден убод од комарец шетам со денови. Може и тоа да е, страв ми е некако ептен длабоко да ги сечам. Еднаш малце му срасна во мевцето ноктето и му поцрвене прстето, среќа помина за некој саат кога го сецнав поубаво.
За потење се поти и кај мене повеќе сега посебно во главчето. Инсистирам да се занимава повеќе во нишалка, на подлога, само да не е во раце, да не се препотуваме сите. За вода сигурно нема да давам премногу ама од 50мл преку цел ден што нудев, ќе наголемам барем на 80-90мл, па колку ќе испие, толку.
Што мислите за сабсимплекс? Некој што ги користел? Викав ништо нема да давам на бебе вештачко и на крај се дадов, ама секој ден плаче, вришти од грчеви.. Сега давам чајче хип и колиеф + био гаја но како да нема ефект..
Девојки незнам дали е 4 скок или нешто друго 2 дена е неподнослива само вришти пишти никако не и одговара,не сака ни враце,ни на кревет ни во количка нити во релаксатор,мала хорор приказна незнам што да правам, инаку сме 13.5 недели спрема апликацијата за 8 дена треба да влезиме во 4 скок.
Мајки ние полниме 3 месеца за некој ден,ама од денес бебо почна нонстоп рацете во уста да ги става,гладен не е зошто и од кога ке се најаде ги става во тупаница и ги шмука,и многу се лигави а за заби е многу рано да вади сега.. Му ставам цуцла ја плука и пак рацете си ги пика во уста. Од што може вака?
И ние еве втора вечер по ред имаме сеуште сува пелена А не било така Баш сум загрижена, а и денес беше мн помалку мочкана во однос на претходно
Како ве читам сите, изгледа сите си имаме со бебињава исти шаблони горе-доле. Скокови, нокти и гребаници, суви пелени, пикање тупаници и палци во уста, плачење и вриштење, држење/недржење во раце и тн.. Јас веќе крај не можам да му фатам. Таман едно ќе се поправи, друго почнува. Па и тоа поправеното пак се повторува и пак цел круг одново.. Сега, ја разбирам мајка ми кога ми велеше: Ќе имаш дете, ќе видиш како е. И утре ова мало човече кога ќе порасне и ќе ми одбруси нешто, ќе си пукнам од мака. Еве два дена веќе не сум спиена, небаре зомби станав.
Орална фаза е тоа. Со ги откриваат дланките. Мојата истото го прави и и дозволувам, педијатар ми рече развојна фаза дека е и не треба да се спречува.
Моето веќе две недели има суви пелени ноќеска, на преспива ноќта, одма после станување моча. Прашав јас рекао дека е нормално во жешко време да моча помалку, плус ако се успива нема да моча. Не се сеќирај ако изгледа нормален како и обично, нема проблем.
И јас се радував 3-4 дена празна пелената навечер, покасно стануваше за вечерното јадење, повеќе сон за мама. Сега по 3 пелени во ноќта менувам станува од што се полни го нервираат
Топ се Саб, ние ги користиме, минимално плаче, од нив се смирува брзо. А за шо чајче го подуваш? Пиј ти од ким.
Истп, минимално има мочкано, затоа когс ќе стане, од мала до голема нужда се по ред полни мислиш кг има пелената за кратко време
Да не си дала банана? Од бананата се темнозелени. Не е дехидрирано, се поти, затоа е тоа. Не се сеќирај јас бев на лекар веќе Од памет се извадив, сува пелена а цицал 2 пати, ама па затоа 2 бодиња сменивме за тоа време. Орална фаза. Нормално е.