Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Пробуваме вкусови, вода речиси не пиеме. Шише не фаќа, со лажичка повеќе плука од колку што голта. Чај од бекутан може да се рече дека пие по 20мл во повеќе наврати дневно. Многу се нервирам, на кој начин да давам вода више не знам, и со шприц имам пробано, едноставно ја плука, не ја голтаа.
    И не кака по 2 3 дена. Сигурно и тука игра улога не пиењето вода. И давам вода од суви сливи кај што ги варам за мене, само неа ја сака (со лажичка и давам), и експресно за половина час најмногу кака. Ќе се потакнам од уммм.
     
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    26.247
    Пол:
    Женски
    Ни чај ни вода се додека е само на млеко, нема потреба да се преоптеретуваат бубрезите. Млекото гаси жед и глад.
     
    На 1209, АнаМаријаД и Miss Nahh им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.234
    Допаѓања:
    111.512
    Пол:
    Женски
    Аууујас на вакво пишување не можам да верувам, зДрели, можи и неможи. Еве гледам отруени сме сите што од раѓање ни давале вода. Арно имаше пишано Драгана Фитлајф, некогаш стварно треба да се внимава на кого му веруваме. Мајка ми работеше во лабораторија, она вика на бебињата им даваа на времето вода и шеќер, првите 24 часа, не гликоза, декстроза, вода мешавме во ѓезвето од кафе што правевме и тоа им даваа. И јас сум во таа болница родена. Не викам сеа да навртиме шишето вода и шеќер, ама некоја капка вода нема да ги убие. Моето некогаш пишти се дете, стави го на цицка цицнува се трга, на крај на памет ќе ми падне да му дадам малку водичка и ќе се смири и заспива. Еве тукушто се деси тоа. Не да го налевам, 100мл вода во шишето има и после јадење ќе му дадам да голтне, ако сака пак во текот на денот и до вечер што испие испие, ама најчесто фрлам 20тина мл ко ништо. Вчера на пример дека поладно не бараше и го фрлив скоро цело шише.
     
    На gothchick и Калатеа им се допаѓа ова.
  4. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    26.247
    Пол:
    Женски
    Ама твоето бебе јаде, има 5-6 месеци мислам, шо ќе му е на моево вода уште не отворено очите шо се вели како треба. Не гледам причина зошто вода да се дава ако не е бебето почнато со цврста храна, да е жедно за вода сигурно не е.
    А доколку се почнати со вкусови секако дека ќе дава вода, водата и ќе му олесни со варење и какање, исто важи и за чајот.
     
    На Bella_Stella, 1209, Lavender13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Женски
    Моето е 4 месеци и пред некој ден дадов вода. Така сласно се наголта, ми беше дури и смешно. Не јаде сѐ уште, само цица.
     
  6. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Поголемата ќерка беше на доење,вода прифати на 9 месеци иако со исхрана почнавме на 6 месеци.Доколку го доиш бебето немој да се секираш ,ќе прифати кога тогаш.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Некоја капка нема да ги убие, ама истовремено кој е и бенефитот од тие неколку капки?
    На форумов не има од секаде, иако секоја земја се разликува во здравствениот пристап при бременост/новороденче, сите се согласни за истото, дека вода не се дава до 6 месеци. Не гледам причина зошо се оспорува нешто што е препорака на светско ниво.
    Секој како си милува нели, но добро е да се знае кои се препораките и кои се ризиците.
     
    На ladystardust, LiquidLuna, Cence и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Како што пишаа и други, и мене ми личи поради потењето. Синоќа ги легнав во тенко боди на долги ракави и тенка летна вреќичка. Ама немаше спиење, клоцаа во креветчиња, лупаа, земав ги соблеков по боди и само им префрлив по едно тенко памучно ќебенџе на ноџиња, за 10мин и тоа го исклоцаа. На крај пробав со тетра пелена и тоа им сметаше и ги оставив со голи нозе. Заспаа и следно станување утоп пелени. Во куќа сме, не е толку топло ноќе, ама многу се склетџии и двете, па ќе ризикувам вака, инаку ни спијат ни мочаат. Види пробај дали е до тоа, ако не, доктор.
     
    На Angi266 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    Мене луда може ќе ме направите ама неколку дена оваа недела кога беше многу жешко го оставав мали да спие на памперс, само така беше мирен, а деновиве е посвежо па му облакам боди на кратки и ќебенце ама он го трга сам. Не сум сигурна дека не му е ладно ама не ми изгледа како да му е, деновиве тука беше сауна, мене ми се излегуваше од кожа од што беше жешко, не пак нему.
     
    На Bubish26 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Сега па има мокри пелени мислам ги полни откако ке стане
    Тие два дена не знам што беше
    Сега па не сме какани, имаше напори али безуспешни
    Дали да сменам друго ад?
    Откако е повеќе на вештачко каките се многу погусти логично но и многу потешко ми кака
    Кое е најдобро?
     
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.754
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Не знам каква врска има начинот на пишување со тоа дали некој има познавање од одредена област или не. Женава конкретно е акушерка што живее во Германија очигледно подолго време и намената на профилот не и е да не учи македонски јазик туку да сподели знаење.

    Крај краева во муабетов за водата тоа е и најмалку битно. Мајчиното млеко содржи 80% вода и проста логика е дека му е доволно на бебето за да му изгаси жед. Сите препораки се дека бебе што не почнало со вкусови не треба да пие вода. Муабетов на жената со дијалект не и се сонил, многу други едуцирани на темата го кажуваат истото.

    Не споредувај со едно време како било. Никој не умрел од вода со шеќер да, ама толку биле уки. Ако е така што не му дадеш на твоето вода од ѓезве туку купуваш бебешка? :)
     
    На LiquidLuna и АнаМаријаД им се допаѓа ова.
  12. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Од кога почнувате со водичка?
    Уште кога ќе почнам со вкусови давање по некоја лажичка и после тоа вода да понудам и по колку дневно?
     
  13. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    А како беше со какње, какаше секој ден откако почнавте со јадење?
    Јас откако почнав со вкусови не кака, еве трет ден не е покакана.
     
  14. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.647
    Пол:
    Женски
    Значи има денови од сабајле до вечер плаче, може ли цееел ден да има грчеви?
    Денес толку се вознемири на крај, мислам ќе зајдеше, ме извади од памет, дури ми се слоши после тоа.
    Што друго може да е? Веќе не знам што да правам, ми се гледа цела вечност дека трае и нема крај.
    Секое станување е плачење, многу малку седи така и си гледа, се нешто не и погодено и кога е будна и кога ја држиме во раце..
    Што да правам? Чиво бебе е такво или било? Некој совет?
     
    На Panovic му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Колкаво е?
    Моето беше такво. Првиот месец ипол спиеше кај мене во раце, така сме спиеле по цела ноќ. Очајна бев. Имаше денови кога плачеше по цел ден, еднаш и мене ми заиде и од тогаш кога ќе заплачеше целата се тресев. Од седма недела можам да речам дека се стабилизира, ама неколку дена пред тоа почнавме со капки Колактаза, ги давав до кај три ипол месеци.
    Не се грижи на почеток е најтешко со грчевите. Мене ми викаа не се грижи грчевите се ништо во споредба со тоа што иде со текот на развојот, ама јас мислам тогаш беше најстрашно.
     
  16. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.647
    Пол:
    Женски
    Денес 7 недели прави..
    Фала ти..
    Валда ќе помине, не знам стварно, ме фаќа паника, до кога?
    Секој ден истото, неможам да одам до вц, неможам да јадам,неможам ништо да направам ако немам некој друг дома да ја причува..
     
    На Panovic му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    26.247
    Пол:
    Женски
    Како сте со скокот? Ви беше или сега ви е? Кој датум е точно родено ако не е тајна? Пошо со моето се нели тука некаде. Кај мене вчера и денес е денски ужас со спиење т.е спиееее ама во раце или марама, во креветче никако, јас упорна само ја редам и се буди.. па пак наново, а ако ја стам марама 3 саати ќе тера. А еве ноќе заспана е, до сабајле не ќе се помести. За плачење за сега не можам да се пожалам, прошлата недела беше ужас ама тогаш беше во скок. Иначе првото мо беше мноооопгу претерано плачливо бебе, аааууу по цел ден со смукалката пуштена бевме, ништо не и се погодуваше, за жал иста е и сега.
     
  18. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Кај сите различно траат. Ние можеби и капките ги погодивме, и од ко ги почнавме имаше грчеви, ама не плачеше толку.
    Инаку и сега кога сум сама кога не е расположена не можам да појдам да мочам, ама нема плачење со трескање од земја како тогаш.
    Не грижи се, период е ќе помине.
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    641
    Не знам за другите ама мене многу ми сметаат печатни грешки и дијалект на едукативен профил. Кај блогери пример, воопшто не ми смета дијалект ама кај едукативен профил, да. И често коментарите кога и ги читам, не можам да ја разберам. :D

    Сега на темата. Со постот се согласувам. Тоа се препораки од СЗО, не дека нејзе така и текнало. И мајчиното млеко и формулата задоволуваат и глад и жед. И сите правила секако не се апликативни за сите, ама на темава се истражувало пред да се донесе заклучок. Испаѓа работава научниците не знаат што прават оти Стојне три деца пораснала со вода, па ништо не им е, здрави прави се. Нас како не пораснале? Со вода и кравјо млеко од 3 месеци. Па ништо не ни е. Нешто ќе ни биде за некоја година, тогаш ќе ги осетиме последиците.
     
    На Secret-Angel7, Pipismel, Cence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.647
    Пол:
    Женски
    8 мај, а термин ми беше 19 мај...
    8 недела доаѓа скокот, дали кај нас можеби е порано?