Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.234
    Допаѓања:
    111.511
    Пол:
    Женски
    Епа да де, мислам муабетот е за воведување вода кога се почнува со немлечна исхрана, не пред тоа. Ако сум ја грешка се извинувам.
    Оти луда? Ние и надвор гол го вадиме, која е разликата на плажа или во парк, пелена и евентуално некоја маичка. Е овие 2 дена е свежичко па му облакам и шорц. Навечер спие со ромпер по кратки сега а кога беше многу жешко и по боди само. Бато има и навечер спиено гол кај мајка на југ.
    Мене ми е важно и ми значи некој дали се изразува добро или не. Додуша мислам дека е недоразбирање сепак, јас зборам за бебе кое веќе почнало со немлечна исхрана не за новороденче. Кога му дадов на бебе банана устата му се лепеше и испи 40мл, значи било жедно, пишеше, така да мислам дека сепак им треба малку водичка кога јадат веќе оброци. Јас се согласувам дека додека бебе е на доење/ад не му е потребно, но на бебе што почнува со дохрана сметам дека му е потребно по малку водичка. Е сеа што се однесува на тоа што пишав во наше време и сега, верувај јас сум најголем противник на тие споредби, ама како поминува време сфаќам дека ем ги гледаме по протоколи и по закони нови бебињата, ем се живи килави. Не велам дека и нашите родители правеле добро, ама во муабет со мајка ми искача дека јас до 4г воопшто не сум се разболела, отварам книшка и стварно до 4г немам ништо запишано. Крвна слика прв пат ми правеле на 7г, моево до 7м ќе има повеќе крвни слики него ли јас. Јес да живееме во друго време, ама па и треба да имаме медицина понапредна, поотпорни да сме. Јас пробиотик прв пат слушнав дека се пие со антибиотик кога бев трудна со првото, пред 8г, а сега бебе секој ден му давам. И пак еве го на 6м има испиено 3 антибиотика. Не ја оспорувам стручноста мада не ни знам која е и што е, можеби жената се образувала добро, квалитетно, но се надоврза на муабет овде за давање водичка со воведување кашички и затоа и мене ми беше чудно. Инаку да, се случува интоксијација со вода, но за да се случи треба да му дадеш на бебе литро да испие, зошто особено флаширана е збогатена со минерали, ама на 6м старост ако испие 50мл не верувам дека ќе се затруе.
     
    На Angi266 и 1209 им се допаѓа ова.
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.754
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Како што разбрав се зборуваше за бебиња до 6 месеци, и темава до душа е таа. Како и да е, сите го сакаме најдоброто за своите деца и треба да селектираме од кои извори ќе црпиме информации и по што ќе се водиме во одгледувањето.
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.234
    Допаѓања:
    111.511
    Пол:
    Женски
    Тогаш моја грешка, мислев се надоврзува на прашањето на мајката за вода. За тоа и моето мислење беше, така и сфатив, дека додека цица вода не му треба, мислам дека зборува и за период со воведување на немлечна исхрана. Нормално дека сите им сакаме само најдобро на децата и не е лошо да консултираме повеќе извори зошто не секогаш се во право овие инста експерти што се намножија.
     
    На 1209 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  4. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    За доење почесто Ок, но формула не се дава почесто тоа е правило.
     
    На 1209 и Pocahontas.93 им се допаѓа ова.
  5. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Мојот е со боди на кимони, во најдлабокиот сон топ не го буди, ама ако пробам макар тетра да му префрлам на кичма.....одма се грчи и се ококорува
     
    На 1209, strelec231992, gothchick и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Ние спиеме со отворени прозорци. И тука е невообичаено топло, додуша навечер паѓа температурата до 15, ама и тоа е кратко. Денот е долг, скоро 20часа, па веднаш чим изгрее сонцето затоплува. Може и сум кажала, ама мене ми е повеќе страв да не му е претопло отколку дали му е ладно. Деновиве и во количка го шетам само во пелена и маичка, грев ми е боди да му ставам.
     
    На Anturium, 1209 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  7. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    2.164
    Пол:
    Женски
    Мајки дали знаете до кога се следат прозори на будност? За 4 дена ќе направи 6месеци, нешто ептен почна да ми менува дневни дремки. Дали е до 5ти скок или му се зголемува будно време не знам, ама се уморив од мерење време на штоперица :)
     
  8. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Искрено за некој ден е 6 месеци и воопшто не следам прозорци. Го следам бебето и така реагирам. Сметам дека е непотребно малтретирање ако треба цел час да го нишкам да заспие, ако реално не покажува сигнали за спиење. И реално подолго од 10-15 минути не сум нишкала. Додуша за среќа мојов најчесто заспива на цицање, ама и кога не, знае да заспие сам во реалксатор, па дури и на земја се има случено ако му дошло време. И онака секој ден е лотарија уште со тоа ако се оптеретам пренапорно ќе е. За среќа супер функционираме и вака без некој посебен ред.
     
    На Giovanna, Pipismel, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Секој ден е лотарија али буквално хахаха
     
    На Pipismel и Secret-Angel7 им се допаѓа ова.
  10. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    2.164
    Пол:
    Женски
    Епа токму затоа и следам прозорци, бидејќи нема што немам пробано сам да заспие ни под разно. Не знае да спие и не знае. Заспива во релаксатор и се буди на секои 30мин па се презаспиваме. Тоа да си лежи и некаде сам да заапие за мене е научна фантастика, го имам намерно оставано се дере како да го боли нешто ама нема да заспие дури не го ставам во релаксатор. Ни надвор во количка ни никаде. Ако не следам време ме чека хистерично плачење. Нема други знаци дека му се спие. Ама страшно исцрпувачки ми е веќе.
     
    На Angi266 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.407
    Допаѓања:
    5.071
    Пол:
    Женски
    На акција во зегин до 2ри јули и така сите ги користиме
     

    Прикачени фајлови:

  12. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Јас исто не следам иако дремките горе доле му зависат од тоа кога станал. Али веќе го научив штом почне да кенка и што викаш несака во раце ни никаде знам што е вадам цице и кома е.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.754
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Јас не следам, само првата дремка знам дека е брзо после будење и јадење, после тоа спие кога му се спие, не го успивам никогаш. Кога му се спие се прозева и тоа ми е знак ако имаме некоја активност да се стишиме за да се успие. Цицајки ретко заспива, обично на ноќните подои стандард презаспива и тук таму на по некој денски. Најчесто кога ќе почне со прозевање и кенкање го оставам на кревет/креветче, давам цуцла и се успива, за некоја минута кога ќе потоне сам ја плука. Дремките му се со различна должина, некогаш 45 мин, некогаш саат, некогаш два, некогаш два+ саати, ретко пола саат, а некогаш заборавам да видам кога заспал. :D
     
    На 1209 и medena147 им се допаѓа ова.
  14. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Кога почнавме со јадење имавме постојано проблем со столицата,некогаш запек ,па какаше на неколку дена и со тек на време се стабилизира.Може и се должеше на тоа дека не сакаше вода,но еве и сега веќе е 2 ипол години вода пие јас дека ја потсеќам ,сокови никакви,млеко козјо и давам и немаме проблем со столицата.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Мајки, вчера прими шестовалентна бебе, од тогаш нејќе да пие млеко, 150 пиел, едвај 50 дали ке испие сега, штом ќе го легнам во рака да му дадам, зајдува, само сабајлево зајде 5-6 пати, немам душа во мене, не знам што да праам, не можам да го нахранам, ни да го смирам, што му стига 50мл..
    претпоставувам е исплашен од боцкањето, плус регресија и скокот 4ти, собрано се
    Кажувајте начини како да го нахранам бебево а да не ми зајдува ;(
     
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.722
    Допаѓања:
    7.720
    Пол:
    Женски
    Отприлика по 2+ часа е будна сега после дремки.
    Следам само колку да си го испланирам времето што и кога да дадам јадење. Или кога ќе спие, да испланирам доколку излегуваме да преспие во количка и слично.

    Не дека слепо гледам или ако поминале тие два часа будност јас заспивам по секоја цена. Тоа не го правам.

    Плус нели да знам колку време има до спиење, посебно кога е во скок и екстра кемкава. :D Е тогаш, само гледам на часовникот и викам ајде уште 15 минути, ајде уште 20 и така.
     
  17. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    26.247
    Пол:
    Женски
    После бањање се повеќе има бебе темењача шо викаат србине, до шампонот ли е? Каде грешиме? Значи чешлам нон стоп, мачкам со масло, како желка е цело главче се повеќе секој ден. Мустела немаме по аптекиве освен онлин ќе нарачам да пробам ама до тогаш? Мајки Германија или општо странство шо сте, дај кажете крема или масло? Немаме исто производи како Мк
     
    На Homme му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    1.111
    Пол:
    Женски
    Да не го боли местото? Некогаш за болка(по примена вакцина) сум давала со првото бебе пола доза парацетамол, по препорака на доктор. Знам не се дава ако не качи температура 38.5, но тогаш ми рекоа дека помагал и за болка не само за Т. И стварно се смируваше.
     
    На Vanilla15 и 1209 им се допаѓа ова.
  19. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.972
    Допаѓања:
    12.282
    Пол:
    Женски
    Мислам дека така имам прочитано, до 6 месеци да се следи будноста. Е сега веќе на 6 месеци комотно може по 3 часа да е будно. Ете и 2 и 45 нека се
    Ќе му се подобрат дремките во 6тиот месец. Може да има 2 дремки ако му се салам и една кратка power nap. Како е твоето бебе сега со спиењето? :)
     
  20. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Не дека е идеално и кај моево. Некогаш ќе дремне 15минути, некогаш и 2 часа ќе затера. Едноставно се помирив дека нема правило и он диктира. Е за среќа не вика кога е преморен, обично се раскенкавува, а некогаш ни тоа едниставно му дошло ред за цицање, цица и заспива.
    Утрово шетавме. Требаше да испазарам и ми заспа. За да не ми се разбуди одма по продавници решив да седнам кафе да испијам да поспие. Само што ми го донесоа кафетп ете ти ококорил очи. Среќа мирен се смееше и гугаше, па го испив кафето и продолживме.
     
    На 1209 и Pipismel им се допаѓа ова.