Здраво на сите Имаме голем проблем со спиењето ке наполне 6 месеци за околку 10 дена но повеќе од 15 минути не спие некогаш дали и 2 часа вкупно и се собираат за денско спиење Навечер по рано од 23-00h никогаш не заспива и тоа со многу нишкање. Дали некој ги има користено ноќните каши или нешто што би ни помогнало?
Од денес ќе пробаме да сведеме на 3 дремки. Дали е чиста случајност или ќе ни успее ќе видиме. Таман почна да ја преспива ноќта пак, почна да се буди пак. Синоќа за прв пат осетив што е тоа бебе да се буди на 1ч, ау од една ноќ тоа утепувачка било, не се трпи. Алал да ви е како издржувате. Стана сабајле во 7ипол, во 9 дадов кашичка, заспа кај 10ипол спиеше 2 часа, стана и до 2ипол не дадов цице и не спиеше, во 2ипол заспа и еве го спие цврсто уште. Ќе видиме до кога. После ќе се држиме до кај 6 да успееме, надвор ако можеме да дремнеме малку, па после да држиме до 9ипол да заспие. Не за друго, кога пазам на спиење е повесел, порасположен, повеќе соработува да вежбаме... ќе видиме, ако ни оди, ако не тоа е тоа, како ќе каже газда така. Досега ок ни беше со спиење, станување, цицање, ама петиов скок ама ни расплака.
И јас имам читано дека до 6м се следи после по рутина идеш, ама што пиша една членка лотарија е секој ден, далеку сме од рутина. Едвај додржувам да бидеме на 3 дремки, ама има денови и на 4 сме. А 3 часа будност е невозможно бидејќи преку ноќ не спие и цел ден е уморен, 2 и 20мин е макс што издржува, се надевам како навлеземе во 6ти ќе зголемува. Инаку спиењето и покрај утехите на сите околу мене со фамозното "ЌЕ СМЕНИ"...ништо. Вечерното е околу 19-20ч, успеав да го научам само тоа да го заспива сам (без нишкање), штом го спуштам буден во креветче. Сврзува макс до 1-2 по полноќ, јаде и после почнува забавата. Тука после првото будење релативно брзо презаспива (за некои 20-30мин исто сам), ама следните 62829 будења се неподносливи. На секои 45мин до 1ч е буден и скроз разбуден е 5и40. 6 или 7 не се случило да имаме будење. Чекам грдиов 5ти скок да помине и почнувам со тренинг како задња утеха. Вие како сте? Имате подобрување? Кој месец е сега бебуш?
Е, кај мене тука лежи зајакот мојата опсесивност со неговото (не)спиење не ми дозволува да бидам флексибилна и да си кажам ок се и 15мин и 30 и 45мин. Јас сакам да го учам на рутина со 3 дремки, како по книга, а имам бебе далеку по книга. И така се фрустрирам секој ден се додека не ми пукне филмот и да си речам дека се тргам од релаксаторот (бидејќи единствено на него успевам да го презаспијам кога се буди на првиот циклус) и да излезам меѓу луѓе и да се однесувам нормално мене тоа да ми се случи да ми заспие така како тебе на кафе и да ми отвори очи како крај на светот ќе го доживеам...
Дали си пробала да ја легнеш порано или не сврзува, го третира како дремка? Како спие од 23 до сабајлето?
Алал да ни е да ти кажам. Замисли таа една вечер да ти се повторува 5 месеци непрекинато. Не сакаш ни да замислиш, не па да живееш така. Секое сабајле се прашувам како сум жива со 5часа сон во 3 дена...
Незнам што да ти кажам. Мене едноставно најдобар совет што го добив уште за првото е дека се е фаза и се ќе помине. Колку и да ти се чини безнадежно така нема сигурни до 10 години да биде. И уште една работа што кај мене сум забележала. Ако јас сум нервозна и напната сето тоа се пренесувало и на бебе/дете. Затоа обиди се малку поопуштено. Обидувај се да воведеш ред, ако тоа ти е многу битно иако не знам што би ти сменило, ама гелдај на целата ситуација по позитивно. Јас сега и да сакм да правам ред по книга, не можам зошто има уште едно дете со свои потреби. И да се обидувам 5 дена (додека поголемото е во градинка), ќе дојде викенд и се ќе се измести. Или ќе сакаме да прошетаме, или поголемото ќе го разбуди.... Незнам зошто си толку опседната со ред, бебе е и допрва ќе менува.
Чек дали те сфатив. Го ставаш во креветче и сам заспива? Ти тука си, му помагаш или само пратиш од страна? Првата половина добро ја спие, а после оти така прави...не знам. Прашај кај гуднјат за насоки. Штом сам заспива, голема работа си завршила. Е сега кажи како го постигна тоа мерак ми е и мојов да го научам. А да пробаш во 21 часот да заспие, да тера до 3 прво будење.. Мојов за една недела прави пет месеци. Навечер заспива до 21 и се буди двапати, некогаш и три ама добива само две цицања Се думам кога некој мини тренинг да правам.
Мајки, бебе има ептен течна столица ама по еднаш на ден, ваљда не е тоа диареја пошо е само еднаш, можда ради ким што пијам или па настинала? Весела е, не е плачлива, си цица, само последно малу и мирисаше каката, а жолта си е. Обично не мирисаат нели, па помислив да не е настината или од лекарствата мои може.. ете на мисла ми е
Да, сам заспива и тоа без да знам дека сум користела некоја веќе постоечка техника го постигнав тоа. Ми дојде преку глава тоа бесконечно држење во раце дури да заспие, па таман си го спуштила он буден се дере и пак се одново...а и тежок стана, се ме болеше. И така еден ден само го легнав и бев спремна да издржам дури не заспие. Не знам дали ми веруваш ама тој ден и следниот по него гасев светло, затварав врата и излегував од соба. По некое време кога ќе ѕирнев тој заспан. Е веќе третиот почна да се бунтува и од тогаш легнувам до него на спална (next to me креветче имаме) и ништо не правам. Некои денови само му шшкам, некои денови плаче па морам да го кренам, да го гушнам и спуштам, ама за 15-20мин е кома. Со Др Гуднајт кога зборев рече дека постои таква техника на крени спушти, кај некои бебиња имало дешавки на преку 300 пати да треба да се дигне и спушти. Фала Богу барем тоа не ми се деси Тоа со покасно легнување го пробав, баш во 21ч неколку вечери го заспивав и исто си се будеше како и во 19 или 20 кога заспива, па се откажав од таа идеја...барем сега за сега дури не смени сам нешто. А тренинг ќе правам во консултација со Др Гуднајт само да помине 5ти скок. И тебе би те советувала исто. Ако го преживеа 4ти, издржи го и 5ти и научи го барем сам да заспива, па постепено и се останато.
Ич не те правам луда, мене ме прават лудача бабиве, не смеело бебе да спие непокриено, мене хормоните ми биле пореметени и не сум осеќала студ. А они ги покриле и дење на 30 степени во количка, па цели се исфрлија на лице, никако да им се повлече. Ако ги слушав, немаше ни да заспијат, па стварно ќе полудев. Еве ги овие два-три дена, голи ноќе, убаво спијат. Какаат мрсули, ама весели се, не ми личат ни настинати ни ништо, кога им беше топло, хрчеа, ко затнати. По се изгледа голо бебе е среќно бебе Искрено јас ноќе спијам со долги долни пижами и ќебе, куќава е доста свежа, ама кога ги гледам цели светнати во лице, роварат низ креветче да најдат ладно место, како да ги облекувам?
Majki dobri li se kasite na baby love od DM za prvi kashi? Ne sakam da pravam doma sega za pocetok ne mi e bezbedno ovosjevo od pazar.
На моево мириса цело време, на млеко на нешто благо, мислам не мириса убаво да се разбереме ама на благо, а течна е и неговата цело време, еднаш на ден, не мислам дека е дијареа, штом си е весела нема проблем, нормално е вајда да се менува како расте. А за спањево јас ич не се замарам да е под саат, штом видам дека му зацрвенуваат веѓите и дека почнува да си ја смока раката знам дека е готов и го заспивам. Проблем е што денески малце спие, кратки му се дремките , ама пак вечерно време де отспиваме саглам, заспива 10-11, се буди во 5-6, цица и си игра малце, гуга и се смее час два и пак презаспива, таа му е да речам прва дремка и е најдолга докај 10 и после тоа веќе го почнуваме денот. Мада денес еве попладне заспавме и двајцата и 2ипол саата кома Јас едино што се нервирам е што го научив да заспива вечерно време цицајќи, а не сакав така и што спие до мене на спална, а и тоа не сакав, мм мора да спие во друга соба и се нервирам. Ама не ја сака кошницата веќе, ми личи како да му е мала, нема кај да си истргне раце во неа. Сега за дома татко ми направи креветче доста големо и се надевам во него ќе спие. Инаку контакт напс најдолго му траат, а на шетање ако не спие ќе гледа, ама мирен е па не се потресувам да гледам на саат кога му е време за дремка. Што знам за мене некако уште е мал да му воведувам ред за спиење, сметам дека е џабе уште сега.
Не знам дали е од еднаш само, случајност или што, али еве денес е дааааалеку повесело бебе со 3 дремки асални, под асални мислам 3 дремки по 2 часа. Сега еве го готов е да клапне, цица, ќе спие и кома. Ќе се трудам и утре да држиме редов, па ќе видиме. Искрено мене да ми заспива во 19-20 ми е прерано, па тогаш тек е асално за надвор да поседиме, да прошетаме, имам и поголемо си сака и тоа малку да земе воздух. Јас го држам до кај 9-9-15 да заспие најдоцна до 10 и така најубаво ми спие, синоќа покасно заспа и едвај држеше очи отворени, па ме задеси што ме задеси. Туку, ви се има десено надворешни луѓе да ве убедуваат дај му ова, дај му она, еве прееска дај му сладолед, ама дај му да лизне, абе од трошка што ќе му биде... леле ме напнаа... машко било... и тоа муабетов од млада жена човече... Ќе излезам немајка оти не дадов сладолед мајко му. Језа! Многу ме изнервираа.
Мене засега Био од ДМ и Холе најубави ми стојат, Нутрино пробавме слива ама мислам блага е многу. И што е со оризот во сите каши, аман! Чиста кајсија и тап оризов гриз. Нема чисто кајсија пример.
Кај мене е измеѓу 2-4 дремки. Ако се две се по 2,5-3 часа, се случило еднаш, последните недели. Ако се три - двете се по 45-60 минути и една подолга. Ако се четири, тогаш сите се пократки. За каши многу пати се случува да купиме готова посебно ако сме надвор. Купив еден куп демек Baby first натпис на нив. Немам навика да читам цел состав демек верував ако пишува јаболко е јаболко и толку. Е па не. Сега читам внимателно. На каша во Стокомак од јагода, (не купувам рано е кај моево за тоа) на етикета јагода, во состав 75% круша, 25% јагода. Друга со брокула, ориз и не знам што внатре. Трета со праска, на етикета пишано праска, во состав исто праска и круша. Цела анализа на кашите направив. Битно за ептен за надвор земаме баш јаболко само, јаболко морков. Нешто најосновно.
Бравооо. А како се однесуваше првото спуштање, нели мрчеше? И претходно го нишкаше баш она станата, на нога долго време? Ќе прам чаре и јас така. Само велиш да чекам да помине и петти скок, сега не ? Ќе те барам пак тогаш. Работава е што кај мене мали спие на аголот во дневна, во креветче не. Па ќе почнам за дремки дневни да го ставам и потоа ноќно Јас знам кога ќе го спуштам, ќе почне да се буни многу. Леле реков готово на тема спиење не пишам да замарам ама ве читнав ме намамивте цц
3*2 значи 6 часа спие преку ден бебе?? Инаку и моето бебе си заспиваше само навечер ама последниве неколку дена, само штом ќе почнеме да го спремаме за спиење имаме плачки и тоа хистерично плачење, а не е дека не е уморен, 3-4 саати е буден пред да го заспиваме
Може да е преуморен. Провери ако го легнете на 2-3часа дали ќе има подобрување. Ова дека сум опседната со прозорите на будност, па од таму инфо