Читав дека тоа заспивање во раце и потоа префрлање во креветче не функционира, бидејќи кога ќе се разбуди бебето, новата средина не му е позната и не може да презаспие самостојно. Ние навечер го легнуваме во креветчето, на почеток кемкаше, бараше физички допир, шеташе со очињата барајќи не. Заспивањето траеше добри 40-50 мин пуштавме песнички, нишкавме во креветчето, се држевме за раце, стававме термофорче за да мимикира физички допир итн. Со тек на време стана рутина, сега е максимум 10 мин, некои вечери само го легнувам и заспива, некои чекам да заспие бидејќи го гледам дека бара да сум тука, ме проверува со очињата. Ова функционира за нас, бидејќи се буди два пати за цицање. Спие по 4-5 часа. Денски дремките се фиксно 40-50 мин, ако му помогнам да призаспие откако ќе се разбуди знае да се успие до 3 часа. Мислам дека се 4 дремки, не сум сигурна, не ги пратам баш. Ама уште откако беше мал почнав со eat-play-sleep и сеуште сме на таа рутина. Никогаш не ми се случило дс заспие на цицка и да го оставам да продолжи ( освен навечер ). Ама мислам дека најмногу зависи од самото бебе, мојот се погоди спијач и секој ден сум благодарна за тоа бидејќи и јас сум спанка. Какви примери имам во околина, јака им душа на мајките.
Мојот не сака да чуе дневни дремки во креветче и може тоа да ми беше добра стартна позиција за да се научи да заспива сам. Асоцијација направи на креветот со ноќно спиење. Пробај и ти прво ноќното да го научи...дневните секако се потешки. А инаку го успивав во раце со пеење со одење километри по соба. И само што ќе го допре душекот се будеше. Немав поголема фрустрација од тоа. Не знаеш како ми олесна кога го снема тој дел од маките со спиење
За заспивање знае да заспие и сама, меѓутоа некогаш и во раце, а некогаш додека не се напие млеко макар и 3 голтки нема заспивање. За спиење спие и во креветче и на гарнитура и во количка, транспортер кај ќе се најдеме таму. Со тоа што ако е во количка не издржува 2+ часа будна, заспива порано или ако се возиме со кола.
Скроз ни е сменето цицањето ама не можам да сфатам како резултат на што. Синоќа саат и нешто цицаше, а преку ден цица ептен кратко и почнува да мава со рачињата. Се удира сам по глава, ме удира мене по гради, па ќе почне да се смее. Не е нервозен и не сфаќам што сака да направи со тие потези. Па ќе се загледа негде, па гука на сред цицање, живи смешки. Некогаш знае и нервоза да го фати, па се бутка со нозе, ја пушта градата па кенка што ја нема. Си викам да не му е малку јадењето ама па си полни пелени редовно. Денес е исто и многу успан. Баш пробав да следам колку спиеше преку ден. Станавме во 09:00, во 10:50 имаше првата дремка докај 11:40. Следно заспа во 12:50 и спиеше докај 14:40. После заспа во 16:00 и спиеше до 18:30. Тука беше малку подолго буден, околу 20:00 излеговме и стандард одма заспива кога е надвор. Се разбуди дур бевме излезени и на враќање околу 21:30 пак заспа и продолжи дома до 23:00. Стана ептен малку јадеше и се успиваше јадејќи и ете го сега спие. Не е ли ова премногу за 2 ипол месечно бебе или мене така ми се чини денес?
Bella нашите деца како братчиња да се, цело време тоа што го пишуваш ти, истото го прави и моето. Цицањето скорз исто, со мм се смееме оти штом го погледам додека цица одма е гугање, смеење, испуштање крици, а па тоа со ударањето по глава и држење константно како главоболка да има ми е многу смешно. Само пред спиење цица долго, вечерно време, преку ден ќе цицне малце и не бара повеќе. А со спањето вчерс беше така кај нас, чинам цел ден спиеше, дека обично спие по малку, мислев не е арен што го преспа цел ден.
Значи не е точна дефиницијата дека бебе кое заспива само е предуслов за да спие цела ноќ. Кога ќе ги набројат факторите за спиење цела ноќ кај бебе, ми се патетични. Нема такво бебе. Секое бебе и ќе спие и нема да спие. Тоа не е дефинитивна работа, тоа е многу променлива состојба. Ноќва спие, утре скок, запче, проодување, па сега летово, зарем може бебе цела ноќ да спие на оваа жештина? Па јас се будам од жед, а не пак мало бебе. Знаејќи дека е работа која се совладува, ќе бидне и кај нашиве. Само зборот е ние да имаме одредена количина на сон. Ама јас моето го гледам како сѐ уште мало и неразвиено за такво возрасно спиење. Има време. И да научи да спие самото, не очекувам да се буди дури наутро, цк. Мене ми е очекувано да се разбуди по неколку часа, само што сакам наместо во 1, да продолжи уште 2 часа. Тоа не знам како да се постигне. И тоа веројатно со текот на месеците.
@elenaklasik , кај мене е на ад и јас на почетокот кога почна подолго да спие ноќе ја будев од страв да не е гладна или дехидрира и слично. Се додека нејзиниот педијатар не ме искара и посочи дека и ние не јадеме ноќе и дека штом си спие, напредува, полни пелени нема потреба од будење и екстра храна. Сега 90% од времето јаде околу 23:00 часот и следно се буди околу 6:00-7:00 наутро. Значи ја преспива ноќта. Има и случаи каде што може да се разбуди околу 3:00-4:00 ноќта или 2-3 пати ноќе од кои повеќето не се за храна. Дење битно си јади. Инаку ни јас, ни татко и не стануваме ноќе за јадење, вода и слично. Барем пред бременоста јас не сум станувала. Сега кога ќе се разбуди бебе и станам јас по неа, ми се случува да се напијам вода ама не дека е постојана пракса тоа.
И мене тоа најмногу ме разочара, бидејќи секаде каде што наоѓав информации дека ако заспива сам нема да се буди да бара нишкање и држење во раце...ама ете не е случај со моево бебе...или само треба уште малку трпение да имам да поминат скоковите. Како и да е, ние со бебиња неспијачи треба да ја користиме секоја прилика да поспиваме, да складираме енергија, иако е многу тешко!
Даа цело време се ептен слични. Ти на 13ти Април се породи така? Многу се блиску па веројатно затоа. Трет скок ни пишува од 29ти, ама некако симптомите како веќе да ги имаме. Буквално секој ден си има нешто ново, ќе се учиме along the way. За спиењето мене логички ми е да не сврзуваат цела вечер толку мали бебиња зошто капацитетот на желудничето им е мал и очекувано е да се почесто гладни. Јанка Будимир не знам ја знаете ли баш некни ја слушав. Има бебе од 3 месеци и зборуваше дека и давала 180мл молзено навечер за да ја преспие вечерта. Според мене ова е погрешно, може не сум во право не знам. Бебињата не секогаш јадат колку што им се јаде. Знаат и да се прејадат и да не се дојадат. Да го најадам толку само за да ја преспие ноќта ми е некако себично.
На 14ти, ама да скокот и кај моето почнува скоро, мада предходниот беше супер, два дена имавме така маки околу громчето, после беше ок. Ама си учат, секој ден новости како што велиш, јас искрено не сакам да го раснам детето по книга, тоа не ми било привлечно никогаш, сакам да се водам по инстинкти и по тоа како бебето ми реагира, па ако не му се јаде ноќта не му давам, особено ако се нацицал убаво пред спиење, за сега ноќта што ја преспива ми е супер, има ноќи кога се буди и се мушка во мене за цице, ама има ноќи кога јас пробам да го разбудам да цица ама он не реагира или дури се лути, па го оставам. Среќа лесно го читам, го научив па добро тераме за сега, сигурно ќе се смени, ќе има и различни периоди, ама додека трае овој мирниов ќе си викам фала му на Бога Него вие што чувате миленици, како ги чувате заедно со бебињата? Бубиш ми кажа само има мало кутре ама што не пушта влакна, овие нашиве ниту се мали, а богами не се ни невлакнести, не сакам да го ограничам во контакт со нив, сите се дома и тешко ќе е тоа да се изведе и да сакам, ама што да превземам за да го заштитам колку толку од бактерии и влакна. Искуства?
Се откажав од контролирани дремки. Се преслушав убаво и си викам ај не си го комплициран животот, нека ужива дете. Најмногу ме предомисли искрено @Ano и после коа си размислив, не може да има исти деца и исто да се однесуваат, крај, сите се различни, различно се однесуваат, така и ќе се однесувам. Спиеше утрово еве сега пак, размак од 2 дремки нема но 2 саата, а што да правам, да го држам буден да се нервира, како да не. Дете е, не е робот. Овој е скроз на татко му табиет, ако не е наспан уједа, наспан е бајче.
Исто. Јес да горе доле развојните процеси се тие и со слично темпо се одвиваат кај сите деца, ама секое бебе различно реагира на сопствениот развој. Затоа не се сите исти како по книга, па и не гледам зошто да бидат така одгледувани. Некои практики што ми се чинат корисни применувам, ама во најголем дел слушам инстинкт и јас. Го следам него и после толку време со нив секако знаеме да ги прочитаме во поголем дел од ситуациите. Ние имаме две кучиња, голема раса, ама од секогаш се во дворот и нема контакт бебето со нив. Освен кога ќе го однесеме да ги види од далеку. Сестра ми има малтезер и кога одиме кај моите скоро секогаш и она е таму. Влакна не пушта, може минимално, ама и сеуште е мал за да дојде во контакт со нив. Послушна е, сака да го подуши и лижне кога ќе стигнеме таму, превозбудена е. И даваме на ноџе и после се смирува и не оди накај него многу.
Искрено кај големава спонтано си напраивме денска рутина ма спиење како ни одговара на двете, не гледав на саат, само почна некако секој ден во исто врмее да заспива и си теравме така, само шо денски морав и ја да лежам со неа за да спие и така отепував 2 саати на кревет легната Нашите се недела дена разлика, како ли ви успеа толку мало да гп научите само да заспива? Браво, оваа нашава ја корне зградава по мене, пак овие два дена денски чим спуштам во креветче станува, а ја упорна ја спуштам не и попуштам за во раце, детето ненаспано ми е зарад мене, 20 мин ќе дренне и ете ја прета, маваа по корпата, вришти, a ja зеам кома е.
Јанка ја следам многу многу оддамна поради таа содржина за која и е наменет профилот и работата. Сега нормално приоритетите и се други и според тоа што го гледам и слушам искрено се двоумам дека Јанка воопшто ја дои малата Али како и да е, мислам дека не е во ред на бебе што добро напредува да му се крши сонот и да јаде колку да јаде за да поспијат и они.. Јас сум на комбинирано со моето и гледам на саат само поради ад, да не му дадам пребрзо. Инаку другото оставам на него, сега со вруќиниве 24ч е на цице. Туку да прашам дали и вашите штрајкуваат со јадење? Јаде помалку, пелените не толку многу полни како претходно. Ми е страв да не дехидрира, а вака весело си е. Си играме, смееме тук таму по некое плачење ама знам зошто. Он и вака е склетџија, а сега не сакам да сум му во кожа. Да се загрижувам и реагирам или поради топлово и на нив не им е по таман?
Ич не ми текна мајка во таа паника ама да, се потсмири бебе, фала ти @1209 јас имам две персиски дома и кане корсо они љубат да го лижнат и толку, си заминуваат, мачката постара едино ако плаче а е на кревет му се става до него да си лежи, го пазам од влакна ама колку можам толку, гледам рачиња цуцли да не му се во допир со влакна оти в уста одма ќе идат бидејќи е уште мал и мојот, 4 месеци е, сега за сега вака, ко ќе пролази оди па допази го инаку се сите редовно вакцинирани прочистувани, бањати нека го душнат најнормално, ќе сакаат сигурно, после исто нема да го перцепираат ко моиве сигурно
Јас не сакам да го заштитам скроз оти сакам да створи имунитет, сепак таму ќе биде со нив цел нивен живот, не постојано ама кога ќе сме таму немам намера да то кријам, внуката веќе е 3 год и нормално дека ги гњави, гушка, сакам и моево така, ама сеа уште е мал секако за тоа. И они се со сите вакцини и прочистени, ампули и бањати, секако тоа ама сепак кучиња се. Имаме лабрадор кој верувам ќе не игнорира, оти ни внуката не ја ферма многу, пудлица, мешанка пит бул која многу сака деца и верувам дека скорз ќе биде околу него и едно мешанче кое не е баш социјално, ќе им давам секако да го душнат и лижнат ама влакната мене ми ствараат страв некако…нејсе ќе се снајдеме, вајда нема ништо да му биде, ќе усисувам често и ќе го мијам често и така, ќе биде проблем дека јас немав навика да мијам раце откако ги фаќам, мислам цел ден се дома ми нема поента на секое раце да мијам, освен пред јадење, ама сеа ќе мора да се навикнеме, ќе се прилагодиме. Инаку одвај чекам да видам како ќе реагираат на него. А внуката инаку на игуаната најмногу мерак има, ако не ја пазиме мислам дека е способна да ја грабне и да ја гушка, а она е 2м долга.
Добро како што велиш не јадеме сред ноќ, така ни за бебињата не е потребно. Иако, тоа јадење не е гоштевање но нормално е да сакаат да цицаат. Од било која причина се будат. Било жед, било нелагодност или моторни вештини, очекувано е да не преспиваат многу часа, бидејќи се мали. И затоа не е дефинитивна работа ко што реков, и бебе кое спие може во било кој момент да смени, и она кое не спие многу да почне повеќе. Затоа нема универзално правило како треба. Две вечери ќе направиш иста рутина и двете ноќи различно ќе спие.
Ве читам околу јадењето. И јас да сум би дала повеќе млеко ако го пие пред легнување, а со тоа и ја преспива ноќта. Моето бебе 7+ и веќе му е навика меѓу 3 и 4 часот да стане за млеко. Значи не дека го пие цело, туку третина или половина и си презаспива ама ете, мора да стане. И сметам дека не е од глад, туку е останата навика од претходно затоа што да е од глад ќе го испие млекото ко од шала како и што прави кога е гладен. Затоа, ако можете навикнувајте ги без млеко во текот на ноќта и не ги будете вие.
За рутина пак и немаме некоја. Секој ден различно станува, во различно време заспива, различен број на дремки има. Во нашиов случај дека со ад ставаше повеќе од доволно месечно, некако од педијатарот беше искоментирано дека тоа екстра млеко што јас по навика го давав ноќе е причината што става повеќе на тежина, кога таа не се буди за јадење. Дење е навикната да јаде на 3 часа и се случува да се разбуди од дремка за јадење, да пие млеко и за 10-15 минути пак да си презаспие уште пола час/час да спие. Така да верувам ако е гладна/жедна ќе станува и ноќе, секоја вечер, а во моментов тоа не го прави. За доење е можеби друга ситуацијата.
Не беше преку ноќ, имавме добри 10 дена кај што успивањето траеше по еден саат. Имам bedside crib, па ќе го ставев таму, јас ќе легнев на кревет, практично до него, да ме гледа, па тука разни работи пробував, пеење песни, држење за раце, му ја ставав дланката на лицето, нишкање на креветчето, и ред други. Со тек на време се пократко и пократко траеше. Сношти го легнав во креветчето, јас тргнав во вц да се измијам и средам за спиење, кога се вратив после 10 мин тој веќе беше заспан. На почеток воопшто не сакаше во креветчето, пишав и тука. Ми се деси неколку пати, во очај да го земам да заспие до мене, ама тој сака да спие залепен лице до лице, а јас како што бев отепана за спиење и јас заспивав со него во таа положба, и искрено ми беше многу страв дека ќе направам некоја беља и затоа бев одлучна дека ќе го научам да спие во креветче. Првата тура спиење од 4-5 часа секогаш ја спиеше без проблем, секако заспивањето беше попроблематично, арно ама откако ќе се разбудеше за цицање, немаше шанси да го вратам во креветче, се грчеше цел, напнуваше, можда и периодот му беше таков, со поизразени грчеви. Па втората тура беше секогаш кај нас во кревет. Со тек на време се одвикна и од тоа. Не секоја вечер е совршена, има вечери се буди на 2-3 саати, ама најголем дел од времето е вака и јас сум скроз задоволна. Не очекувам да ја преспива цела вечер, мислам и дека е мал за тоа, нема ни два месеци. Може и ќе се повампири во иднина, ќе менува и тоа е во ред. Денски дремките се кога како, во количка заспива секогаш, а активни сме скоро секој ден, па две дремки ги преспива во количката. Кога сме дома, некогаш го ставам да спие на стомаче и тогаш заспива сам, некогаш бара да спие на мене и не се противам, не го форсирам по секоја цена да заспива сам, некогаш му треба близина и комфор и тоа му го пружам, ако нема ручек поради тоа да сме живи здрави, има ресторани со достава. Некогаш е хаос дома, некои денови сум по пиџами и неизмиена до 3 попладне, но не ми смета.