И кај нас истото. Почесто цица, по помалку. Ама мислам дека помалку ми полни пелени. Не знам дали на 5ов скок да го препишам или на топлово. Пробувам и дохрана да дадам, не ја пие, не сака. Само ја фрлам.
Пробај да ја смениш градата, мојот понекогаш прави така фаќа пушта, мрда и се бутка. Кога ќе ја смена м градата не прави така. Значи не е секогаш истата и не е секогаш . Читав дека вкусот на млекото може да се разликува од града на града и од подој.
Моево ја преспива ноќта ,после бањање, цица па заспива брзо и од 9-9:30 до 5:30-6 спие ама после цицање да ја спуштам само.. не знам, браво, а и некако мала ми е џа тоа. Дење сега овие два дена нешо се буни ама мислам дека и дада и ја буди пошо би продолжил да спие иако е галама дома ама на одсечен звук се буди, а Нина баш тогаш прави кула од коцки и се дере земјотерес и ги фрла коцките на паркет. Едино ете во марама да ја стам, излезам на балкон 2 минути и заспана е цврсто сма неќам така, ваљда ќе се врати на старо и ќе спие и преки ден подобро. За преспивање мало е и мислам до бебето е на почеток, шо знам.. еве никакви техники, исти навики како со Нина, иста рутина, ова спие, Нина стануваше до 2г, среќа па никогаш не ја думкав, презаспиваше одма ама обавезно стануваше.
Ние сме главно на ад и секогаш кога ја зголемувам дозата, надежно го правам тоа навечер со цел да поспие повеќе. Но станува пак исто како и преку ден кога му се јаде некогаш на 3,4 а и на 5 саати
Мене совет од матичната ми беше, кога зголемувам доза тоа да биде првата сабајле и пред спиење навечер. Ноќните да не ги зголемувам, така да бебето потребната храна ќе ја внесува преку ден, а ноќните полесно ќе се исфрлат.
Мене никој не ми кажал, фала за информација јас ја зголемувам онаа пред спење на почеток па после од сабајле али чисто инстиктивно
Па дека не ја дои се немам посомневано, ама некако и тоа кревање за да ја нахрани а она спиела и јадела ми е нелогично, како и потенцирањето дека дава повеќе за да спие до сабајле. Како и да е, сите сме си и будали и паметни за себе. Инаку пишав погоре и јас дека осеќам промена во цицањето. Има денови кога нон стоп бара, а и такви кога цица ептен малку. Во пелените не сум приметила разлика. Секоја е полна, кога само мочкана, кога комбинирано. @Pipismel да го правам тоа со промена на градата, некогаш делува некогаш не. Паузирањето за смешки и гукање ги разбирам, радознал е веќе и сака да се закачува и да разгледува наоколу. Ама ова буткањето со нозе, фати-пушти, трескањето по лице и града не го разбирам.
Туку шетате бебиња во кенгур на жешково? Утрово морав да пазарам и ајде за побрзо плус блиску со кенгур, дали од скокот дали од жешко се изнаплачи бебе. А облечено само во ромпер плус рано бевме пред 10 наутро. Во количка немаме мака.
Јас кога беше мал знаев да му дадам шише молзено додека спие за да не ми се разбуди со плачење кога ќе биде гладен и тој без да се разбуди го пиеше шишето и продолжуваше да спие. Така што ако кажувала дека јаде и спие бебето, можно е
Даа така кажа. Не знам јас сум релативно неискусна на темава. Се што знам е теорија, праксата тек ја искусувам. Молземо не сум давала сеуште, цело време само цица. Ама не плаче навечер кога се буди, само си мрмка нешто и така го осеќам. Не дека ми е претешко што станува на 3-4 саати, зошто секогаш само цица, го враќам во креветче и одма презаспива. Ама се надевам во иднина кога ќе биде поголем ќе успева да сврзе бар 7-8 саати.
Мојот или плачеше рикаше па паника нè фаќаше сите или ќе се успиеше па никако не се будеше за цице и лекот беше молзено, па кога ќе наближеше времето за јадење му во давав шишето, ќе си го испиеше па сите мирно спиевме
Не ја имат до сега каснато комарец на малава ама луѓе не знам шо комарци имаме, преку долги трењерки праат касапана, уште на глава дека ќе искасаат комарци кај шо има коса не верував, па и премногу се потекува и подсинува од нив, кој знае која мутација се. Ајде ние се прскаме, мачкаме после убоди ама бебево? Со шо смеам да го прскам? А ако го касне?
И тоа пробав да му дадам додека спие пред да си легнам накај 12 зошто заспива во 9, јадеше 45 мин рака ми падна и да не стана во 3 стана во 4 никогаш не пробав пак
Па тоа викам јас, секој да си најде што најдобро функционира за него и сите среќни и задоволни. Исто. Само што јас не сум дала дур спие, ама и кога цица подолго пред спиење максимум 1 саат плус спие од вообичаеното.
Дојдов да се збогувам со темава да се префрлам у другата, мада по однесувањето на бебе и моите гради за у њуборн сум. Цица нон стоп, од градиве тече млеко сеуште нон стоп, абе мислиш пред 2 недели породена. Дали заби, дали скокот, дали жешкото ( мада залади ете) не знам што е ама не изремети. Само ноќното спиење да не ни се расипе, дење ќе гураме некако.
Утрински шопинг на страната на Зегин, демек за следен месец да се обезбедиме со млеко и памперс и surprise, млекото повторно оскапено и тоа баш оскапено. Дали само тоа што ние го користиме или сите не видов ама веројатно сите. Не ми требаше баш ова да го видам по сабајле плус и пмс и се со ред ама ајде здравје. Уште малку во оваа тема и ние. Туку да се навратам на млекото. Од 1ца на 2ка се преминува одеднаш или постепено?
Јас преминав одеднаш. Никаков проблем немавме. Кое млеко е поскапено? Ние на Аптамил сме. Реално, веќе не ги ни гледам цените кога знам дека морам да го купам
Кое ад млеко го користите и кои пелени? Јас знам дека преминот се прави постепено. Еден ден вториот оброк од 2ка. Нареден ден третиот оброк од 2ка. Па четвртиот оброк, па петтиот и се додека ги замените сите оброци со новото млеко.
@Lavender13 @Secret-Angel7 колку месеци имаа бебињата кога ги учевте на самостојно заспивање во креветче?
Мојот беше 4.5м, пробај една вечер ако си психички спремна и ако не ве дрма јако некој скок. Ништо не можеш да изгубиш, само можеш да добиеш. Спушти го, баци го, изгаси светла и излези од соба и чекај. Не на првото кенкање...на плачење влези, крени го 10 сек и спушти го пак. Ако бива бива. Ако не почекај после скокови