Ме уплаши за млеково отворив да проверам ама нашево е иста цена-изгор-. Инаку ние кога менувавме млеко не бројче туку прематур во комфорт ми рекоа да го мешам додека не го потрошам зошто веќе го имам и после чисто.
Ова е засирено ништо страшно мислам дека не е кај нас некогаш вака знае да бљуцне некогаш течно а некогаш и само чиста водичка.
После 3.5месеци. Се убив од давање и порачување нон стоп по луѓе, дури не си поминат сами од себе си урлаше 24ч. Издржи, после е полесно!
Дај Боже да ви помогнат вас. Јас ради плацебо (за мене) ги давав. Знаев дека не помагаат, ама си викав денес посмирен е (а тој истиот) тој што немал мака со грчеви, не знае како е. Страв ми е второ да имам од што уште го слушам врескањето. Е, да, фен пуштај...тоа малце смирува
Мила, мене првото ми беше така, по 3 саати плачеше без престан навечер. Ова ќе заплаче и ќе се смири ама деф и е подобро кога и давам, до 4 пати на ден смееш. Јас и редам и на мешено овавезно од оние бебешки е кесички внатре со семки од цреша, па се смирува брзо. Магично да поминат нема преку ноќ.
Пуштам цееел ден, малце ја смирува... 2 дена заоѓа од плачење, после јас се опоравувам кога ќе прекине и ќе заспие. Ништо друго не прави освен што плаче. Одвај чекам да пројдат.
Со лесно. Најтежок период ми беше тоа, ама мора да издржиме сè. Не помага ништо, може евентуално да ублажи.. кратко.
Како сте задоволни од кан бебе и слипи? Јас ги користам на бејби лав од дм. Ама некогаш, ептен ретко се случува да нема залиха па барам по останатите дм продавници. Ми ги кажаа тие на кан бебе, па за да не лутам друг пат да знам дали вредат
Кај моево траеа ептен кратко, ние му дававме инфакол само, тие денови не давав ни вит Д ниту пробиотик, уствсри случајно еден ден во целиот хаос заборавив да дадам и му беше добро, и следниот не дадов и така 3-4 дена и му минаа грчевите. Фала богу се нема повторено, веќе 3ти месец е. Не знам дали беше до тоа ама стварно немавме многу мака со грчеви. Пробајте еден ден така може ќе има фајда. А во тие моменти чучеви со него гушнато цврсто на гради, на голо, со бел звук во позадина помага исто и дување на млако со фен преку тетра.
Мене кан бебе ми мирисаа многу и се случуваше мали да плаче само што ќе му ја ставам. Слипи се подобри. Ама ако не пробаш нема да знаеш
Мајки, сигурно е глупост за некои од вас, ама ќе се водам според тоа дека не постојат глупи прашања. Планирам со мали деновиве да се прошетам во некој од трговскиве. Читав по нет да се избегнуваат гласни места, наведени беа и трговски центри . До сега сме шетале само на отворено и кога сме седнувале некаде е било надвор. Сте пазарувале со бебенце од три месеци така во трговски низ продавници, цело време на затворено, врева? Што мислите за тоа? Не сум сигурна зошто сум скептик, можеби оти така ми заглави во глава тоа што читнав.
Jас пазарам цело време, во Лидл или на шопинг во голем трговски, плус 2-3 пати и во паб седевме, он спиеше нема гајле. Е сеа не дека ечело музика како за ноќна журка ама вчера пример во спортски паб бевме и беше доста гласно, не даваше знаци дека му е нелагодно, што знам.
Bebeto mi e 5 meseci i spie samo na leva strana i glavickata mu e spleskana , bas se primetuva. Go vrtam na drugata strana no uste od 2 meseci sam se vrti pak na leva strana. Do koga se oformuva glavata na bebeto i dali ke se sredi? Primetuvam vo posledno vreme pocna da spie i na drugata strana . Imala li nekoja mamicka slicmo iskustvo i dali problemot se sredil pozz
Ок ми се вака гледано, освен појаката миризба. Во поглед на цена се тука некаде до Слипи. Ако земаш Слипи во калап се малку помали спрема Памперс на пример. Слипи 3ка, се физички иста големина со Памперс 2ка. Кај моево засега од ниедни не се јавило црвенило. Првпат однесовме бебе во игротека на роденден кога имаше 2 месеци. Искрено јас понепријатно се чувствував од неа и за кратко заминавме. Немаме трговски во мојот град за конкретно за трговски да пишам ама и за надвор на гласни звуци посебно од мотор се штрека.
Не сме имале проблем до сега за шетање, само кога е гладен ќе почне да се буни. Пред извесно време бевме на отворено во игротека, на три месеци. Музика не му пречи, но детски писок и врисок и те како. А инаку вака си е мирен, си лежи си гледа дрва, излози, светлечки реклами и заспива Исто и јас се чувствувам понепријатно, мислам дека му ја нарушувам комоцијата и комфорната зона. И моето на мотор реагира и последно на тапан се штрецна
Исто е и кај нас. Од страните се излупи ама остана горе как мекиот дел кај фонтанелата, и баш е како желче, го мијам со пената од Мустела, ставам од маслото на Фризидерм за теменица ама никако да созреат за да ги чешлам за да паднат, си стојат такс распукани и залепени лушпи. Ми го кажаа и еден крем на Uriage за теменица ама не сум го земала сеуште..
Му се случува ли на некој да му крцкаат/пукаат раменцата на бебето? Одамна имам приметено кога го кревам како крцкаат, а сега како што почна да мрда ептен со рачињата уште повеќе се осеќа. На два месеци бевме на ортопед и прашав за ова. Вика ништо страшно, уште е р’скавец, поголем дел од коските уште се формираат. Супер помина прегледот и сѐ останато си беше како што треба ама мене пак ми е шубе.
Нормално е да крцка. На Антоније кога му го спомнав ова, ми рече вие возрасни крцкате, а не па бебе во развој.