Ај овде ќе прашам прво. Рота и трета доза поливалентна, пентаграм, хекса како се вика не знам, до кога може да се стави најдоцна, дали сте запознати? Требаше на 6ти, отиде маж му рекле дека најрано на 1ви може да ја прими, денес бевме дека утре први е нели сабота и ми вика аааа рано е многу, дојдете подоцна а колку подоцна не ми кажа. Ќе идеме кај мајка ми, таму вика може да ја прими слободно. Е добро ама па таму изгледа не сакаат да му ја дадат. И сега проблем. Безвезе сеа ми е ептен. Знам дека ротата е со рок кога најдоцна може да се прими ама колку најдоцна дали има некоја што одложила. Ова искача секоја амбуланта како си сака си праи.
Ние сме 7м и една недела и требаше вчера да ја прими (претходно одлагавме втора доза заради тт и малку покачено црп и затоа и трета ја задоцнивме) ама бебе од вчера е со атб и нема да ја прими изгледа пошто ептен ќе ја задоцниме. Инаку без проблем ќе му ја ставеа и вчера.
Да, се случува и кај моето и ми беше страв мислејќи сум го исчашила јас од кревање.. Кога бевме на преглед на ортопед прашавме, рече дека е нормално. Тоа е воздух, башка растат и се развиваат сеуште.
Нас ни рече до пубертет се оформувала, @Telenovela00 нормално е да е сплескана лежат цело време, кога ќе почне да седи ќе се среди
Да, првото јануар се роди, па честп бевме по трговски од старт. туку, леле луѓе или јас раѓам плачки деца или нешо со мене не е во ред. Абее се корни од плачење и оваа, ма будна нема шанса во моличка, да заспие уш помалу, живци губам, сакам да си спие, да си прошетаме, да седниме на сладолед, јок бе тоа вришти, тоа подсинува од плачење. Таман заспие, на одсечно звуци се буди, пример вратана од ментро кога ќе се разбуди она се штрека и ококорила очи, дома тв пуштено на гласно, аспиратор, ќе падне една коцка или ќе се затрча малава и станува. Ми се јаде, ми се пие кафе, ми се оди вц, маа не ме остава на мира воопшто, а да ја остам со големава легната не би да ризиковам
Ние кога бевме минатиот пат на вакцина прашав кога најкасно може да се прими третата доза ми рекоа до кај 8 месеци
Ме утешивте малку. И на бебе му е сплескана на едната страна. Сега форсирам да спие на другата страна повеќе. Фала богу и он сам забележувам дека смени преференции па повеќе лежи на другата. Многу ми е криво ако бар малку не му се потсреди . Брат му колку убаво главче има. Секако планирам да консултирам и ортопед.
Татко ми вика: не се секирај затоа господ ни дал коса реално од кај знам дека на мене ми е округла од позади главата!?!
Нина спиеше само на десна страна, ма како свети ја, таа пак ќе се наместеше на десна, ова пак цело време на право спие и него му е главчето одпозати сплескано, напред има уште неколку дупки ама па и ја иам, и мм има, и тоа интересно Нина и мм имаат на исти места дупка не им се познава ни на двајцата ама ако пипнеш ќе осетиш. Иначе тогаш Марина ми рече дека е асиметрична као спие само на десна страна ама кога почна да се врти сама како сака да спие, ваљда и се упрај, сега и е супер, освен тие наследните дупки а бебево е уште преемало тек му се формира
Во почетоков и мојов немаше шснси да го свртиш на друга страна. А богами и сплет на околности, грчеви и чуда и не се ни осмелува кога ќе зацврстеше да ризикувам да го разбудам . Сега веќе гледам сам се врти, па јас само му помагам ноќе да е повеќе на таа страна. И јас имам сплескана глава и тоа горе на темето, среќа женско па не се забележува
Ова со формата на главчето трауми ми прави веќе.. Го ставам да спие на страна, ама од топлово само се врти на грб и спие како паша Раат бев зимата, ќе го повијам и нема мрдање Се надевам дека ќе му се оформи убаво понатаму..
@Ano На првиот преглед кај ортопедот, ми рече секој ден да ја вртам обратно со лежење поради тоа што бебињата имаат омилена страна и за да не и' се сплеска од едната страна. Така и правам, па ќе видиме. Истото го правев и со поголемото и не му е сплескана. Ама самата ми кажа дека нема гајле и дека ќе се оформува до 2 години. Да прашам, кога почнавте омега да давате? Педијатарот ми запиша да давам и д3 со омега, ама заборавив да прашам од кога да почнам.
Ете колку ништо нема дефинитивно кај бебињата. Пред 3 дена мојов ноќно спиеше до 2 без будење, по цицањето на секој час се расплакуваше. Секако, не добиваше циц на секој плач, туку во раце го презаспивав. Си реков, крај, вака ќе фати ритам секоја ноќ, бидејќи и другпат му се случувало почесто да се буди. Вчера стана во 12 со презаспивање без цицање, па наредно во 2..ако бил гладен ќе се разбудел набрзо, а не по 2 часа. Цицна и убаво си продолжи. После нешто после 3 прикемна Не дадов цицање туку само тапкање и наредно во 6 . За дремкиве, има 3 , до пред некој ден тераше по 2 часа, сега првава се буди по 40 мин и го презаспивам во раце,па го држам. Тој спие јас со телефон штракам или книга читам. Нема, тоа е. Уште стопати ќе менат.