Женски..... мали вчера спиеше од 9:30 до 7:30 без будење, уште неможам да си поверувам се надевам дека вечер ќе ја направи мама пак среќна и наспана
И мој мали спиеше една вечер цела, по прв пат, шо во 6 се уплашив и пробав да го разбудам. Уште го немав наместено да цица, заспа одма, кома. Во 8 уште спиеше и го разбудивме. После си реков, ништо страшно, ќе почне да ја преспива вечерта, не е мал. Епа еве, уште се нема повторено. Од срце се надевам дека ќе продолжи да ви ја преспива ноќта. Јас мислев дека не ми смета ноќното станување иако сум спанка, ама не било така. Те чекам утре да споделиш.
Луѓе моето бебе не накачило ич од вторникот, тогаш го мерев последен пат, се надевам вагата не ми е добра ама ептен се загрижив. А цело време цица, формула може 2 пати имам дадено цела недела. Не изгледа нервозно како гладен, кака на два дена, моча нормално…стварно не знам што да правам загржена сум.
Да ја скриеш вагата и да ја користиш еднаш месечно Ако е гладен ќе си покаже сам. Следи ги своите инстикти и пелените
И јас имам вага и првите месеци го мерев цело време и излезе дека некои недели стои во место со килажа па наеднаш качува 200, 300 гр. Сега го мерам само пред да одиме на контрола (никогаш не излегла иста килажа како на контрола иако сум го мерела пола саат пред тоа). Ако полни пелени и си е среќен после јадење, ич да не му се секираш
И мене различно ми покажува на домашна вага и на контрола. Кога го мерев дома во раце ми покажуваше различно, зависи него како го држев. Најточно ми покажуваше во транспортер кога го мерев ама пак различно од на контрола. И еднаш се преплашив мислев дека две недели нема качено килажа и секако не беше точно. Така што убав совет ти дале @1209, скриј ја вагата. Ако е гладен, ќе е нервозен, плачлив по јадење. И мокрите пелени ќе се намалат.
Мене ми имаа напишано на отпусната D3+K1, DHA+Omega од 8ми ден до 3 месеци а потоа D3+Omega Јас почнав со D3+K1 а сега ѓи купив DHA+Omega, зошто мајка не прочитала убаво и така сега ќе му ѓи уведам. Само не знам DHA+Omega дали исто сабајле како D3+K1 да му ѓи давам
Давам и јас Д3+К1, ама ми кажаа покрај нив, да давам и една Д3+омега. Има 4 kg, а ортопедот ми кажа да давам Д3 уште 400 кога ќе направи 5 kg.
Бебуш е денес 6 месеци. Ја напуштам оваа група и се заблагодарувам на секој споделен совет, информација, искуство, на секоја дадена поддршка. Сепак како мајка на прво бебе ми значеше тоа. Се читаме кај "големите".
Мене не ми спомна ништо ортопедот, јас незнам што ја искомплицираа толку, порано Вигантол само и толку, сега вакви, онакви
Во Англија кај што сум моментално не ни даваат препорака за витамини, ти велат твој избор што ќе даваш. Освен за вит К што дадоа после пораѓај и толку беше. Јас давам Вит Д само за сеа, може ќе почнам и друго ама убави ќе се распрашам прво што вистина е потребно.
Од никогаш Мислам од 3 месеци почнавме со големите, а со бебево почнав, па прекинав зашто многу ме нервираат тие на бејбитол. Сега од септември ќе почнам со Молерс тогаш ќе има 11 месеци, како да ми спомна некој дека преку лето не се дава или грешам?
И нас на испис ни рекоа омега веднаш да воведеме. Ама искрено јас дадов една доза, зошто веќе ја купив и престанав. Давам само д3 и пробиотик во моментов заради баткото да не донесе некој стомачен. Планирам да почнам молерс, ама моето за некој ден е 6месеци. Секако ќе ја консултирам и матичната пред било што да давам. За првото знам дури после година или така сама почнав молерс да давам, тогаш воопшто немаше препорака за омега
Гледам за витамини се развила дискусија, а баш мислев да ве прашам околу тоа. Јас давам Д3+К1 и Омега+ДХА на Бејбитол, наутро пред прво доење, заедно со пробиотик Ваја од 8ми ден од раѓање. За 10 дена полниме 3 месеци, а ќе ни останат 20 ампули Д3+К1. Дали да му ги дадам дур да ги потрошам или да се префрлам одма на витамини без К1. Исто се мислам што да земам. Дали пак Бејбитол, само Д3+Омега, пошто нема веќе грчеви или да се префрлиме на нешто друго. Матичната спомна Пливит. Какви искуства имате, што е поквалитетно? Какви се тие Молерс?