Авокадо како да дадам за проба на вкусови? Само да го испасирам/изблендирам? И дали да го воведам 5++сме
Мене матичната ми рече да и давам омега+дха и д3 пливит по 3 капки од 3м и така давам и плус пробиотик
Бебево од мирно спиење како ќе ја оставам така ќе ја најдам, почна салта да прави низ кревет. Со мене спие и почна да ме клоца, да ја наоѓам обратно, кај што и биле нозете таму да и е главата. Сето тоа преку ноќ се смени, многу ми е чудно. Почна од лежечка позиција сама да се крева до пола, а сеуште не се враќа од стомак на грб, обратно да. Дали се грчеви или почнува да е поише мобилна? Подуени и се доле непцата, боја непроменета, ушите ги чеша и непцата нервозно. Да очекувам запче или не мора да значи? Морковче и батат до сега на листа за алергија ги чекиравме, со сируп се лечиме, ми се скрати меракот на пробување зошто бебе ужива во храна а јас со страв сум. Прочитав постоел Pollen Food Allergy Syndrome (PFAS) и се надевам нема да биде дел она од ова, туку е наследно и привремено Наредна недела 5 месеци
Здраво, Бебе цица ама сакам да му купам формулче дека сум на свадба и ќе го оставам на чување за да му дадат, немам моментално молзено за оставање. Дали негде можам да купам една порција млекце? Или мора да купувам 500/600г? 5 месеци сме
Во Мкд не сум сретнала поединечни порции. Евентуално да имаш некој близок со бебе на Ад, па да позајмиш за проба, дали воопшто ќе го прифати млекото. Инаку во зависност од млеката и да купиш цела кутија Ад, може да се користи од 2-4 недели после отворање. Секое различен рок има наведено на кутијата.
2 м сме и на доење, дење постојано цица на саат скоро, а ноќе спие некогаш без будење. Постојано плаче преку ден , или се нишкаме или цица или спие . Чај одбива да пие. Капки за грчеви пробано но иста е. Совет некој ? Или такво ми е детето? Да е гладна ноќе не би спиела јас мислам.
А зошто чај? Напредува ли во килажа? Полни ли пелени? Треба да пробаш да ја откриеш причината зошто плаче. Ако е од грчеви ќе се вцрвенува и витка. Ноќта може да ја преспива од што се уморува преку денот.
Чај бекутан за грчеви , уште тоа не пробав. Стомачето и е постојано тврдо, кога плаче. Ако ја масирам или правам вежби со нозе е мирна, од како ќе се изкака и поминува, но на следниот подој весела е кратко и пак плачки. Инаку напредува во килажа.
Грчеви се мајка, кај некои деца што и да правиш нема да помогне, има совети на темава, пролистај ја може нешто ќе помогне, кај моето траеја само неколку дена за среќа, знам дека е жално ама ќе поминат за скоро.Чај не давај, мало е бебето не му треба. @Bella_Stella како скокот?
Бебево 2 дена спие само со цице во уста. Ако ја извадам одма се буди. А не влече, така му стои. Дали да препишам на 4 ти скок или нова навика?
А мене ми имаат речено и кога се гладни немаат енергија и сила за да плачат и затоа спијат Кога прашував зошто моето спиеше многу преку ден кога беше помала
Пробај додека спие подметни цуцла и моето така заспива ама почнав цуцла да подметнувам и продолжува да спие.
Пробано е со многу цуцли од бибс до бејбилав, ништо не прифати, повраќа од нив. Не ми текнало во сон, ќе пробам баш да видам дали ќе фати. Фала ти. Еве лежам до него со цице во уста за да поспие бар малку зошто неподнослив е, од сабјле 2 пати по 10 мин спиеше.
Да и моево не сака на будно, додека беше помал сакаше ама не знам што му стана, вајда сфати дека цице има достапно цело време и дека е подобро од цуцлаАма ме нервира така да заспива цело време и спие како зајак ако се тргнам, ококорува очи, ама во сон додека е внесен во цицање успевам да го зафркнам
Блазеси ти, се надевам нема да се освести и за во сон. Скоро 4 месеци ниту еднаш не памтам да заспал без цице. Искрено не ни знам како да го успијам без цице, плаче не се смирува никако. Да помине 4-5 скок,регресија па ако не фатиме некој ред ќе уплатам на Др.Гуднајт. Сакам да го оставам на мм, имам потреба некогаш, таман ќе имаме некој оброк воведено до тогаш и ако заспива со друг ќе се преродам. Нормално ова се мои планови и желби а што ќе постигнам ќе видиме
Исто е и моево, откако почна да цица само така заспива, предходно не се ни сеќавам како заспивал, баш пред некое време пишав дека ова и спиењето се мене ми се грешки кои ги направив и кои сакам да ги поправам. Сега во МК иам свадби и момински и искрено не знам како ќе го оставам, а најдобро пријатели ми се венчаат, не планирам да испуштам. Исто и јас си велам , од следен месец здравје да почнам со тренинг за спиење, не бива вака.