Од грчевите плаче. Биди упорна со вежбите и масажите, пробај да видиш која храна што ти ја јадеш и пречи и трпение дур не поминат. Син ми е скоро три месеци и од пред некое време нема, многу ретко да се помачи кога кака, ама тоа стврднување на стомачето го нема веќе. Нема што не пробавме, на крај сфатив дека треба да издржам и дека едноставно е период што мора да помине. Среќа кај нас немаше плачки. @1209 супер е да не го подречам. Со цицањето има некои егзебиции, сака да јаде а сам се трга, па квичи малку, па се смее. Има mood swings ама ништо алармантно. Весел си е, си спие, полни пелени и ужива у животу своме. Вие како сте?
И ние исто, аптамил без лактоза давам , и јас не внесувам лактоза ама читав дека мајчиното млеко има лактоза. Тие капки ви ги дадоа поради лактозата? Мене педијатар ми вика биогаја да давам
Добра вечер мајки, На форумов ич не сум активна, време 0 за ништо. Децата ги заспав и конечно седнав да одморам, па да спастирам низ дома, туш, чај и нано. Бебе на вечер е пу пу милина, си тера до сабајле 5-6 зависи ама денски овие неколку дена ни е хаос, не спие воопшто повеќе од пола саат, а будноооо со сааати. Не знам стварно. Во количка не заспива, ако ја стаам заспана пак се буди, во кревтче исто, мада за количка многу ми е криво, нигде не можам да мрднам, ако се наканам, ќе фати да ми вришти на сред пат и се кааам што сум излегла. Абе луѓе имам и друго дете кое ме чека, па нема смисла со неспиењево, на секој одсечен звук се буди ама затоа на вечер е кома. Она е кома и тоа е супер ама да беше и Нина кома. Имам пишувано дека има некоја траума од кога се породив доживеано, и фалам премногу, преку ден не покажува, не покажува ни љубомора, супер сме сега, нема испади, бебе гушка, чува ама на вечер секоја вечер станува и ме бара да ја презаспијам, ми беше ептееен напорно пошо и бебе стануваше за цицање и таман една презаспи, другата идаше на ред и јас сон ич. Арно ама пу пу бебе Клара си преспива веќе недела дена, а Нина последниве 2 вечери се врти по креветот, не спие цврсто, станува, ме бара одма мене, одма ја презаспивам со гушкање и си одам кај бебе, она да ти зела да го погали на маж, видела брада, не сум јас, пискотници од 5 до 8 бев будна со неа, она плачеше, се чигавеше, бебе не можеше да презаспие од неа, двете во еден глас почнаа мааа хааоос, ајде рековме една вечер било тоа амаа нееее сношти иста песна во 3 стана до 6 саат ме малтретираше со плачки, со лигавење, па да ја чешам, па као ја боли нешо, нема врска глуми, кооонечно заспа во 6 саат, мене жичките ми се споија, ете бебе стана. Јас не знам шо и стана на големава, абе топ не ја будеше неа на вечер, бројам заби ги има 5ки, зар под стрес е оти не сум до неа? После 2 месеци вака со саати да е будна? Еве не знам. Денес ќе пробаме да спијам јас до неа цело врмее, па кога ќе провери кој е до неа, ваљда ќе продолжи со спиење. А со бебево преки ден чаре? Цееел ден цица. Куќава не е 3 дена смукана, како куќата на стравот е внатре. Ми фали Нина, ми фали да пиеме заедно кафе, да играме, да се гушкаме, паа не бива вака бе бебе бе. Се надевам период е. Ајде сега едно кафе на раат и да средам хаосов. Добра ви ноќ
Грчеви.. Јас мака мачам, секој ден сме со плачки, ништо не помага.. Само чекам да пројдат месециве. Цицањето им е утеха.
Мајки кои сте патувале со авион, нешто не ми е јасно. Читав дека на полетување/слетување треба да му дадам да цица за да не го болат ушињата. Ама како ќе му дадам да цица, нели стјуардесите даваат таков каиш за врзување при полетување/слетување?
Иста ми е големава, цела ноќ се маваме, заспие некако во нејзин кревет, во пола ноќ е кај нас на спална и бебето ако не презаспие по доење сите сме на спална, кревет и креветче празни. Инаку и мене ми плачеше првите денови кога излегов од болница ама излезе дека има расипано запче , заспиваше со сируп. Провери да не ја боли нешто или топло да не и е.
Да да, капките се поради недостаток на ензимот лактаза. Во капките тој ензим е присутен и помага за полесно варење на млекото. А биогаја колку што знам капки со ензим лактаза нема. Тоа е пробиотик. Јас на почетокот комбинирав пробиотик + капките, но веќе оддамна не давам пробиотик. Му правеше многу запек, а сега користам хип органик комбиотик, многу му олесни.
Охх, коментаров требеше во Мајчински ама нема врска хаха Епа она еве 2 месеци кај што станува и гледа дека не сум до неа и плаче, ќе појдам, ќе призаспие и си тера ама овие два дена е хаос со саати плачење, вртење во сон по креветот, маж ми а примети дека е до неа тој, а не јас, тоа е драма не видена. Завчера викаше дека има афта во устата и ја боли, проверив немаше ништо, вчера ушето ја болело, а цел ден ништо не ја боли, баш кога ќе стане на вечер тогаш се жали, бевме на доктор, нема со ушињата ништо. Ништо ќе пробам да спијам со неа, па чим стане бебе да се рашетувам пак наваму натаму.
@Bubish26 уф само што читам се препотив јака ти душа, ама период е и ќе помине. Клара е премногу мала за да има ред, Нина си ги процесира нејзините чувства и треба да помине време за да се прилагоди на фактот дека одеднаш мора да ја дели мама со друг. Од мое искуство и нас што ни помогна, многу сум задоволна од антифоните слушалки што ги земавме. Тука се продаваат од брендот Банз. Можеби ги има и кај вас, а ако ги нема тие сигурно има други. За дома не ми требаат ама ако е галама надвор а сакам да спие ептен ни вршат работа особено од такви остри звуци, гласна музика и слично. Во однос на количката, ќерка ми не сакаше да ја види корпата до пред некоја недела. Исклучиво во транспортер ја шетавме. Ама како потпорасна ја засака и сега е да ти е мерак да ја шеташ. По цел ден царува дури шетаме. Спие, се тегне, буквално ужива. Пробај можеби ќе ти успее така. И знам дека не сака шише и цуцли, ама мене само тоа ме спасуваше да ја залажам кога ќе и текнеше да кенка од нигде никаде. Гладна сигурно не беше, ама ете така бараше некое внимание. Веќе и тоа го надминавме како пркна малку, одамна нема пиено од шише ни за залажување, а камоли па оброк цел. Не знам колку ти помогнав ама сакам да ти дадам надеж дека е фаза и ќе помине. И дај си малку простор да пробаш повеќе работи, со упорност нешто ќе мора да прифати, па ќе фатите некој ред и за сите ќе е полесно. И три дена несмукано не е никаква трагедија, гледај си ја душата малку и одмори кога можеш. Има време за чистење, со две деца секако не може да е совршено.
Зошто не ги земеш двете со тебе, ти во средина јас со моите така правев, со тоа што двајцата ми цицаа тандем 7 месеци, тие месеци мислам дека цело време спиев со цицките надвор, ќе заврши малиот, ќе побара големиот, и се така во круг, период е ќе помине, после ќе ти биде многу полесно, сега се големи е многу се приврзани, еден без друг не ги бива