Дали освен внесување лактоза кај мајката ако го дои или ад млеко без лактоза ако е на формула нешто друго ви препорачале?
Ауу висок ни е ептен креветов, Нина се врти премногу, ризик ми е на спие незаградена.. а пошо ни е залепен до ѕид, таа спие на таа страна, бебе на средина не иде во предвид, ќе мора да шетам освен да продолжи бебе со преспивање ноќ па да си спие во креветчето во спална. @Giovanna Нина не сакаше никако во корпа, почна без кенкање да се вози реално на 2г хахах предходно заспиваше во количка и првата дремка од 5 месеци ни беше во количка, јас пешачев, седнував на кафе еден саат сама на мир го пиев додека она спиеше и кога ќе станеше се враќавме пополека дома ама чим ќе станеше место не ја фаќаше, па оди оди застани бевме ова ни корпа ни транспортер сега за сега.. ајде можеби кога ќе се заинтересира повеќе за шо има околу неа, ќе почне да ужива. Само да не е како сестра и проблематична, Нина прај проблем од старт за се милина како некои гледам уживаат, абе глас не им се слуша, а ние кај и да одиме сме приметени, дал едната дал другата.
Значи правевте испитување и интолерантно е на лактоза? По правило треба да даваш капки пред секој подој. Незнам сега како ги комбинирате.. Има некоја промена? Досега даваше некои капки?
И моето корпа веќе не сака да смисли, ама у транспортерот ужива, сака да гледа, особено во паркот по листовите ако има сонце и ветерче, ама па веќе не сака да заспива така од што го интересира се. живо. Тато е на прослава од работа, бебево не сака да спие, јас го успивам он ми се смее, а јас уште не јадена нерва ме фаќа, сакам да заспие имам еден тон работа.
Јас не ги нарекувам грешки. Бебе многу вриштеше на почеток, немав начин како да го смирам, заспијам. Ретко кое бебе заспива само од старт. Ни на крај памет не ми одеше да нишкам, шеткам за заспивање, тоа е каде каде потешко. Иначе и јас сум на свадба во август и ептен сакам да одам и во план ми е да одам. Имам млеко замрзнато. Ќе видиме до тогаш.. вие сте помали од нас, со тренинг ако добро читав се почнува после 4-5 месец. Да помине 4-5 скон, регресија па после ми е во план мене. И да, цела вечер бебе на цице спиеше до мене. Имав 3 обида да го ставам во креветче кога мислев дека е комиран, аха како да не. Само што го кревав одма претеше, па си стварав беља пак на града бараше. Мислам ме боли секое ковче. Не помага ми цуцла ни гушкање ни шшкање ни ништо, цице си бара бебе
Еве сум и јас со моите слатки маки... 2 саати думкам за 10мин спиење, па пак од почеток и пак и паккк... Ни саб симплекс ни нешто друго помага, неможам веќе да издржам, времево ко да не проаѓа, не сакам да го брзам ама неможам да уживам кога бебе се корне од плачење секој ден. Денес од 9 ја заспивам, викам сега ќе давам да цица на 3 часа не на помалку да има време да свари млеко, абе нема шанси пак вришти и пак ќе и дадам на помалце.. Не знам веќе што да правам,сегде пробувам да спие и пак нема ефект.. спиеше на шетање по 3,4 часа сега и таму се буди.. на 8ми правиме 2 месеци. Не знам до кога ќе трае ова.. Ете така само да се пожалам.
Мораш да прифатиш дека е период. Мене првото ми имаше грчеви, буквално од ништо не се смируваше. Тоа е тоа. За спиење исто, мало е, има мака. Гушкај го да те осети и биди смирена. Ако си нервозна осеќа и ќе биде тоа нервозно. Ќе менува во спиење, ќе спие па нема да спие. Ред после 5-6 месеци. Но секако ти прдржувај се по некои навики за заспивање. И прати прозори на будност, стварно помагаат. Да се дополнам, ако доиш пиј 2 пати на ден чај од мелен ким. Во загреана вода стави 1 кафена лажица мелен ким. Може ќе делува па ќе го смири малку. Пробај.
Мајки денес бебче цело црвено под врат, ситни испакнати црвенки, ја расоблеков, истуширав и како малку да се смири црвенилото, претпоставувам од жешко, ама како изгледаа, страшно. Некоја од вас со слично искуство, незнам дали да мачкам креми или бетер ќе биде.
Мајчиното млеко се вари за пола саат, така да нема потреба да се секираш дека не е доварено млекото пред следниот подој. Мислам дека ако и го одовлекуваш времето за јадење, ќе ја правиш само понервозна. Остави ја таа да ти диктира кога ќе и се јаде, и ние сме два месеци скоро па јаде на 2 и пол саати. Ние бевме супер со грчеви се додека не ја прими ротата минатата недела, се некако се измести после вакцината. Се витка цел, се грчи, посебно рано насабајле околу 5. Се надевам ќе помине за брзо.
Дво месечно бебе како облекувате по дома ? Дома без клима ми е 25-6 , со боди на прерамки к бенкица со пантолонки е и ми се прави вруќаници на вратче и гради. Соблечена на боди на кратки и само пантолонки без чарапи кива цело време. Не сум паметна како да постапам, ваше искуство?
Не кива од ладно, тоа е премногу облечено според мене. Моето е по шприкозни на кратки ракави и ногавици без боди под нив на 25 степени надвор, внатре ни е поладно, чорапи не ставам, така и спие. Предходните дена врнеше и беше падната темп на 18 степени, за надвор беше по тенко блузе и хеланки без чорапи во количка, а во марама по боди само.
По ова гледам дека нашите шо се близу со датуми исто се понашаат, и мојава почна да спие многу кратко ама пак дада ја буди цело време, веќе пишав. За грчеви ако има јаки џабе ти е се, не знам како си со исхрана ти? Пиеш ли ким? Мада тие бебиња шо имаат ептен јаки, само трпение, нешо ќе ублажат капките ама нема да ги снема скроз. Гледај не јади храна што му ствара грчеви, не е кај секој исто, на некои не им смета толку храна, кај некои ептенн треба пазење. Со Нина до 5 месеци немав каснато салата и овошје, ова полесно прифаќа. Јас за думкање не сум.. не знам ептен имам страв дан ги думкам до големи ( знам пријателка 14кг имаше детето го думкаше цела вечер) и после цицање само го тапкам по газе , така беше и со големата, после почнавме да цица легнати, гушнати и заспиваше.
Многу е тоа облека за таа температура. И кај нас е толку без клима. Моето е 1 месец и само по боди на куси ракави е или ромпер со куси ракави и куси ногавици. Кога спие, ја покривам само со тетра без стапала да покријам.
Хелоу абе жени прва менструација по породување обилна ли ви беше? Ова моево е ненормална работа... На саат време фул сум. Буци направи скоро 5ипол месеци а јас завчера добив. Има ли врска дека повеќе време сум немала добиено? Со првите две добив одма после 40дена и не ми беше толку обилно ова изгледа ептен убаво да се исчистам сака
Со првото дете добив после 9м, сега уште немам 2 м е беба. А исто ми беше како и пред да останам бремена.