Овој пат и јас исто, добив после 5 месеци и првиот ден ако можев во туш да седев најарно ќе беше. Толку обилно крварење сум немала во живот
До колку време после рота може да се очекува течна столица? Ова е кошмар, секоја пелена претекува, веќе една недела е вака.
Моево преку ден само надвор во корпа спие мирно и цврсто, дома ко на жар, се буди на 15 мин… не знам што ќе праиме такс, цело време сме преку ден во количка
Мене ми рекоа околу една недела дека траат симптомите и во тоа време да се пази многу со пелените и хигиена да не се заразиме. Даваш некаков пробиотик? Не знам какви се насоките кај вас, ама ако не даваш пробај воведи.
Никаква препорака, после трета година имало некои капсули лактоза ако сакаме може да прима . Повеќе е на АД али и јас одбегнувам лактоза да внесувам. За кафе користам Алпско млеко без лактоза, исто има и јогурт без лактоза и еден намаз имам најдено во Вива фреш.
Давам пробиотик цело време. Откако ја прими, и грчеви се вратија и глава не можам да кренам од перење, еве трета преслека денес кај што е претечена.
Дали додека се во скок помалце ви јадат бебињата? Според апликацијата сме во трет скок. До душа јас со два различни термини бев, еден по менструација, друг по мерки ради покасна овулација. Во апликацијата ми е внесен терминот по мерки. Ептен е сменет последниве денови. Многу немирно цица. Ќе почне смирено и после нецели 5 мин почнува да беснее. Се тегне, се бутка со нозе, гука, се смее, плаче(кенка), тешки mood swings. Гледам дека е гладен по тоа што отвара уста и држи раце во бокс, а нејќе да фати града. Го ставам на друга страна, ќе цицне кратко и пак иста песна. Страв ми е да не не јаде доволно. Вака си е расположен, си се смешка, си спие. Пелени полни, 3 пати какаше денеска ама некако последното имаше сменето боја, како жолто зеленкаста, а патронажната ми имаше кажано дека наводно ако не е најаден е таква.
Исто прави, морам да го носам у раце и да шетам за да цица, ова е последните денови песна, ама ај твоето барем кака, моево едвај малце на 3 дена.
Јас наедаш сменив кога сакав, веќе не пие ад ама немаше проблем кога сменив, освен ако не се работи за 1/2ка, тогаш постепено.
Не бевме на хип меѓутоа мн малку ми кака цела недела а и тоа малку со мн маки Мислам да сменам со аптамил Не е запек да се нема ич искакано, но е мн помалце, поретко и помачно откако и давам повеќе вештачко Иначе комбинирано сме, вкусови и воведувам но нема почнато да јсфе повеќе или да има оброк кашичка Се надевам не грешам ако го сменам
Јас само да ве поздравам, одам во другата тема. Бебе денес наполни 6 месеци. Се читаме кај поголемите
Се менува постепено. Еден ден, вториот оброк со новото млеко. Другиот ден, третиот оброк и тн.. Додека не ги замените сите оброци со новото млеко. Јас вака давав на два дена.
Пример утре првиот хип, вториот аптамил и останстите оброци хип? Зборувам за смена на друго ад, уште сме за единица
Да, првиот оброк од старото млеко. Вториот оброк од новото млеко, останатите оброци од старото млеко. Наредниот ден иста шема. Другиот ден, првиот оброк од старото млеко, вториот и третиот оброк од новото млеко, останатите од старото млеко. Наредниот ден иста шема. Се додека не ги замените комплетно сите оброци со новото млеко. Мене вака ми имаат кажано, можеби некој друг има друго искуство. А кое хип го користите? И моето е на хип, па ме интересира зошто го менувате?
Иста е и мојата. Денес на 1 саат мислам дека цицаше и се така, цица 2 минути и почнува, да гледа од страна се, да прета, да се удира самата, мене да ме удира, па кенка, па се смее, па гука. Се во рок од 5 минути. Ќе ја тргнам да подригне или ќе сменам града, добра е 2,3 минути и пак исто. А исто полни пелени кака 2,3 пати на ден и си мочка убаво. Препишувам на скокот, не знам што да кажам.