Комбиотик На комбинирано бевме и сеуште сме и си какаше без проблем, сега пошто е топло и она поголема зголемив повеќе оброци од ад Можам да кажам дека сега е повеќе на ад, да речам 60:40 И од тогаш почна еднаш дневно или преку два дена да кака, многу погусто(нормално од ад), но и многу помалце количински И по цел ден прдка, со секое пиење млекце напиња но без успех, некогаш и плаче напињајки од што не може да се искака А и почна да не ми допива секогаш 120мл се си мислам од што и е полно мешето
Иста ситуација. И моето е на комбинирано. Имавме, но сега фала богу немаме проблем со столицата. Сега на топлово малку штрајкуваат со јадење. Колкаво е бебче? Моето е 5 месеци, пие 120-135мл на 3, 3ипол или 4 часа. Добронамерен совет: - Ако убаво напредува, не е пожелно да се менува ад млекото. Потребно е минимум 2 недели за да се навикне на новото.
Скоковите ги рачунаат од предвидениот термин за породување, а не од датум на раѓање. Незнам зошто е тоа така..
Бидејќи развивањето на мозокот започнува додека се во утробата и продолжува откако ќе се родат. Не може пример две бебиња родени на ист датум, едно во 37ма, друго во 40та недела да имаат ист степен на развиеност на мозокот.
Мислам дека би требало да сте во четврти скок. Тука сме со термини негде јас и ти, бебе ми е во 4-ти скок. Какви промени во однесување имате?
На почетокот имаше многу мака, најмногу 8 дена се немаше олеснето. Но, постепено само си се изрегулира. Сега секој ден или преку еден ден се олеснува.
Регресија на сон, потешко заспивање-полесно будење, плачење додека спие, плачки и кенкања, штрајкување со јадење или пак повеќе бара.. Во раце ми е, цело време. Многу напорен скок.
@Cence И ние имаме мака со спиењето, посебно со ноќното успивање. Таман си викам се комира, а бре уште врата немам затворено од спална еве го. Навечер од 20:00 до 9:30 така се вртиме во круг. Мада на прсти се брои откако е роден, навечер да заспие одма после подој. Ама ова сега е уште полошо. За цицање немаме проблем фала богу, пишував баш и во спиење сака да му е цицето во уста. Затоа па повраќа почесто, се прејадува. А за денски таман почна да спие повеќе, почна четврти скок и еве го 2-3 дена спие само додека цица после одма се буди. Да се надеваме дека после скокот ќе имаат поцврст сон и дека полесно ќе заспиваат
Ќе ме пукне ова со доењево. Во 3 месеци дали 20 пати било цицање со сласт, сѐ друго е борба. Па сега од кога е распретан уште по неефективни подои имаме. Ме мава со раце по града, ем кенка, прета, ем не пушта брадавица. Како на сила да го држам на мене се осеќам. Нит ред нит бутур. Еве го сега до мене среќен, пресреќен, мрда, писка, а да земам да го оставам на града дете се менува. Ајде демек поза да смениме легнати и јас и тој, така се прецицува и после повраќа премногу. Легнати цица ли цица како жеден дури, а после повраќа, како мерката да не си ја знае. Де луѓе, совет? Нервозно ми е по не знам кој пат сум на раб да се откажам. 13 недели сме, 3 месеци полни инаку.
Па моето после 2риот месец негде не цицало повеќе од 10тина мин (и е најаден)… не треба да виси на града цел ден според мене, си знае колку е гладен и после си се трга, штом ти е весел бебуш, си играте значи дека си се нацицал
Јас па ќе прашував дали е можно запек од рота... дента кога ја прими се искака, и од тогаш веќе 6 дена ништо. Само се мачи после секое јадење, гасови на најјако и мирисаат страшно многу На скоковиве ред не можам да им фатам, првиот скок само ко да ми се поклопи според термин. Сега таман ќе речам -леле неподнослив е денес сигурно е во скок, сите математики ќе ги направам, и ете ти го следниот ден срце од дете. За спиењето, дневните дремки му се океј, следам прозорци на будност, а и сам си покажува дека му се спие после саат и 20 мин, па заспива одма. Деновиве почна и да спие по саат, саат ипол. Ама затоа навечер е кратка хорор приказна. Почнуваме ритуали накај 8, заспива во 9ипол- 10 и тоа само во раце, вертикално поставен ако шетаме низ дома. Сакав да ве прашам, тие што почнавте со јадење, какви хранилки купивте?
Оваа од бебе хоум, ама уште се храниме во релаксатор бидејќи нема спуштање. Само под 90 степени е, и паѓа на една страна кога ќе го седнам. Ако ти е важно од одма да седи барај со механизам за спуштање