Женски бебево три месеца ми е и некој ден,три дена не кака,цица и Аптамил давам плус веке месец дена супер си беше незнам што му стана. Како да му помогнам? Користиме Диастоп пробиотик.
И моево не кака по 3 дена, исто 3м за некој ден. Прашав и ми рекоа ако не изгледа како да му е мака, нема проблем, наводно можеле и до недела дена да не какаат, посебно на доење ако се, мене не ми изгледа нормално ама штом вика докторот ок е…
Дали некоја се соочила со алергија на АД и како се манифестира? Дали е можно кашлица да е единствен симптом? Користиме хипп комбиотик.
До 3 дена така ни рече нас педијатарот и ние истиот проблем го имаме 1 месец сме на 4 ти ден знае да се покака
Уф ние не сме какани од вчера сабајле, а плус денес и дадов друго ад пошо повеќе дена со маки какаше на два дена и по многу малку
И ние сме на доење и прихрана до 3 дена можело да не се искака било нормално така ни рече педијатар и ние сме на иста мака на 4ти ден се кака некогаш5 му ставам топломер со витаминска во газето врвот од топломер така ми има кажано педијатар уште за првото дете и некогаш помага некогаш не пробајте
Ние сме на бебелан не менувај му ја храната на брзо може да му биде потешко јас и со првото имав мака
Тука кај мене викаат дека на мајчино нормално е и до 14 дена да нема какано, во првите 3 месеци. И ставање објекти за да се испровоцира олеснување никако, поголем е ризикот да направиме штета него добро.
Мојата е на доење само и она не какаше по 3-4 дена, земав пробиотик нормиа еве ја секој ден по 2 пати, дали е до тоа незнам, 2.5 месеца е
Моето и на мајчино млеко и на адаптирано какаше на 5-7дена. Матичната викаше дека не е проблем се додека мешето е меко и столицата нормална. Никогаш не сум провоцирала со чепчиња и топломери. Дури кога почна со цврста исхрана какањето стана секојдневно.
Да не случајно успеа да ги видиш ваквите модели од safety 1st и kinderkraft? Се мислам меѓу овие три кој да го порачам. До душа во tripp trapp сум заљубена ама шо е многу, многу е.
Бебе појаси ич не трпи, мрда цел, се буни и ги тегне појасите во транспортер и релаксатор па затоа се мислам да биде на спуштање, за да можеме еден месец да го седнуваме по малку, да се поднавикне на појасите. Дрвениве ми се преубави инаку. Ги гледав Maxi Cosi Minla од Бебе Хоум и Kinderkraft Lastree од Либерта, ама некако соленки ми се со цени
@АнаМаријаД @1209 @Angi266 @Belabelinakinder Моето е на комбинирано и имаше проблем на почетокот со олеснување. Значи чепчиња и топломер јас не ставив, од причина што не ми беше безбедно на толку мало бебе да правам егзибиции (пробав чепче да ставам, но искрено ми беше премногу ризично и се откажав). Башка не се препорачуваат вакви методи, бидејќи ќе се навикнат на овој "лесен" начин и понатака ќе имаат поголем проблем со мрзливи црева. Мора сами да се изборат со тоа, вие може да им помогнете со стимулација. Вежби правите? Јас на моето му го масирав аналчето со кружни движења со малото прсте намачкано со крема павловичева и благо притискав колку да му ставите крема во аналчето. Најдолго не беше какано 8 дена, почна веќе паника да ме фаќа. Пробајте вака, ќе го стимулирате за да се искака, верувајте ми. На секое менување пелена правете масажа 5-10 минути и оставете го голо малку да претка. На своја рака паузирав со пробиотик и тоа имаше резултат. Некогаш и пробиотикот допринесува до запек.
Дали излегувате со бебките надвор преку ден? Јас до сега ептен на кратко, ако треба да испазарам. Денес сакавме да прошетаме повеќе, односно има потреба да се задржиме повеќе надвор. Па во дилема сум дали да одам. Секако ќе биде во количка или ако сака во раце со шеширче.
Ако сте од Скопје, преку ден ако е претопло не излегувам на прошетка освен на контроли. Обично излегувам после 17-18ч. и шетаме минимум 2ч. Сега сум во Охрид. Тука климата и времето се поразлични од Скопје, па излегуваме и преку ден на прошетка покрај плажа, во чаршија со заштитна тенда на количката.