Зависи кога ќе стане наутро и како и се дремките. Ако има можност накратко излегуваме ама пред 10:30-11:00 да сме дома. На попладне шетаме повеќе.
Мој бебко е склетџија невиден, воопшто не трпи жешко па затоа излегуваме накај 6ипол, 7 попладне. Сум се обидела неколку пати и преку ден ама цел ден после е кенкав. Ако на бебето не му смета, под сенка, со капче или ако е климатизирано јас би го однела.
Фала ти мила, ја пратам и јас неа, баш го прочитав. Правиме со маж муабет и вистина, не и е усктатено ништо.. јас сум слободна во однос на бебе и Нина, не и забранувам ништо алии малото мозоче е чудо, сепак не е само и е голема промена, нас ни е, а не пак неа.. од кога почнав да спијам јас со неа, еве две вечери спиеме до 9 сите мирна и е душата ама бебе е мирно на вечер, па затоа, иначе кој знае како ќе теравме.. колку и да им удоволиш, пак не е се најјсјајно оти наеднаш не се сами. Ќе издржимеее Пиеш ли ким ти? Вежби му правиш? Знам дека ако има грчеви се е џабе ама пробај ако не си пробала
Деновите ко да сме подобри.. Не знам дали од капките (2 дена веќе не и давам, не ми се труе дете) или веќе проаѓа ќе видиме... Вчера беше бебе за пример, можда беше и во пик на скокот претходниве денови па беше сс поизразено. Јас толку многу пазам што јадам што мислам дека остана само на вода да сум Мислам дека се зависи од бебе.
Пред некој ден му ја снимаа со ЦТ главата на син ми , бидејки од едната страна му е сплескана. Целта на снимањето беше да се исклучи можноста за краниосиностоза(прерано сраснување на шевовите).Фала му на Бога не е тоа. Ни дијагностицира позициона плагиоцефалија т.е. синдром на сплескана глава , а причината за тоа е спиење во една положба. Уште од 1 ипол сам си ја враќа главата на лева страна го вртам , сум ставала тетра пелени но џабе. Приметувам дека и правецот на увото му е закосен. Докторот вели дека главата се оформува до 2 години и дека со тек на време ќе се среди(кога ќе почне да седи ќе се намали притисокот врз главата). Навистина незнам што да правам дали да правам .Овде кај што живем има опција за шлем за да се среди формата на главата но сеуште доктор не ми го препорачал. Вие мајки , родители дали сте имале ваков проблем со доста забелржлива сплесканост и дали имаме шанси да се среди?5 месеци и 1 недела сме
Кога почнаа да ви се вртат од стомак на грб? Овој мојов од вчера почна, два месеци е точно. Не сака да седи на стомак и шефчето се научи кога ќе се изнервира да даде сила и да се заврти. Ми е страв да не е сеуште рано, да не оптоварам некои мускули беспотребно па да направиме беља. Ама мора да се вежба и на стомак, не знам што да правам.
Мојава се врти од уште помала... Вратот не го крева многу ама рацете и се силни и со нив се превртува
Моето е 3 а уште не се врти, ама си ја држи главата, може јас не го стимулирам доволно, треба да го вежбам почесто или да чекам само да ми дојде?
И моето не се врти. Главата ептен си ја држи од многу мал и сака на стомаче. Прво ја крева главата, следи играчка, а кога ќе се измори си легнува или почнува да кенка да го свртам, сам не знае. Мислам дека уште се мали за тоа.
Се зависи од детето. Првото повеќе од 5-10минути не поседуваше. Затоа со второво максимално го користиме. Знае дури и да си преспива бо него. Најубаво ако имаш да позајмиш да видиш дали ќе прифати пред да инвестираш.
Јас знам дека е премногу мал за да се врти ама што да му правам? Нит сум почнала со некој вежби за вртење, само на стомак што го ставам неколку пати дневно и тоа е тоа. Плус ко што знам прво треба од грб на стомак да се научат?
И мене ми е страв чепче да ставам и топломер,вежби правам редовно ама уште не се покакал. Еве 4 ден денес само прди нонстоп овие денови. Ке пробам и на анусот масажа со крема па да видам..
Од стомак на грб полесно им е, прво така се вртат. Нас ортопедот кога имаше два месеци ни рече се што прави сам да го оставиме и да не го спречуваме, така што не би требало да има штета ако се врти. Веројатно прво ќе почне од зорт па после и наменски. Мојот за некој ден прави 4 мес, абер нема од вртење. Пробувам да го вежбам ама некако не е многу заинтересиран, одма со плачките почнува.
По книга прво учат од меше на грб да се вртат ама нели секое дете за себе. Нема што да се плашиш. Се што бебе само прави и не е форсирано треба да се остави. Секое си е со свое темпо, без грижи.
Од тоа што сум читала прво се вртат од меше на грб. Немаш простор за грижи бидејќи секое дете си е своја приказна и има свое темпо на развој. Ако се врти самото значи може и не му е тешко. П.С. Какви вежбички и развојни активности имате со бебиња од три месеци?
Седење на меше на сите можни начини (на перница за доење, перничиња со играчки наменети за тоа, водена подлога, само на подлога со играчка што оди лево десно за да ја следи); бејби џим со црно бела книга од едната страна, играче од другата; тропкање со тропалче од едната па од другата страна за да се обидува да го фаќа; свиткан пешкир под газе и играчиња како чорапчиња со фигура на ноџињата за да ги вежба мускулите на мешето; додека е врз пешкирот со собрани ноџиња го вртам лево па десно демек осет за вртење да добие, го вртам и од меше на грб и обратно. Има добри клипови со идеи на тик ток. Не правам се одеднаш, се зависи какво му е расположението ама кога е буден гледам да имаме занимација бар 15, 20 мин.