Дали може од кашичка (морков јаболко микс) изеде скоро пола денес прв пат толку какитр да ни се кафени темно? Иначе таман и беа кафено жолти окер сега не какаше два дена па вчера се искака таман боја, денес ова со тоа што изеде повеќе кашичка прв пат Аман со какиве
И ја сум на мисла, на подлогата долу седи и се занимава 20 мин сигурно, Нина во релаксатор 2 мин ако седеше, црвец беше ептен, сакам нов да купам ако купуваме ама на мисла ми е..
ЈАс искрено се уплашив пред некој ден, на кревет ја имав оставено и ги крена нозетњ на страна да се врти, нема уште сила ама чекај реков кај одиш.. за вртење со првото не се сеќаваѓ како беше точно кој месец али знам дека на 6 лазеше војнички и беше пресмешна ама пошо на 5 почна сама во сон да се врти, мислам дека од грб на стомак почна на 4, не се сеќавам баш и затоа ме уплаши малово
Не стигам да одговорам. Толку ме вознемири синко денес тоа е чудо. Веќе не знам дали се грчеви, или некоја фаза грозна. Почнуваме да цицаме, цица 15 мин на една града без проблем. Се префрламе на друга цица 5 мин и почнува хоророт. Ја плука брадавицата плачи, па пак ја бара ама не ја фака тику вришти. Му ставам цуцла лажовка се смирува. Пробувам пак цице исто сценарио. Ајде велам може многу млеко му течи ја одмолзав троо, не пак иста песна. Нишајки заспа. Затоа си помислив ќе сака релаксатор. Инаку за оваа проблематика погоре што ја објаснив некоја чаре, совет нешто да ми даде. Полудев, мислам ќе се мрднам со умот така кога се дешава. Па и згора свекрва ми иди и меша прсти кога најмалку треба. Јас го смирувам таа иди и го фаќа за нога да го масира. Велам пушти го. Ми скисна да ми влегува в соба така ко да влегува во нејзината без да биде викната и без да чукни да праша дали може. Ми фали приватноста, што си ја имав за време на бременоста. Ми помага многу ама почна да си допушта, повеќе од што треба. Чекам маж да се врати да зборни со неа, оти јас ако зборнам ќе бидам јас лошата.
Majki dajte predlog za edukativni igracki za 5+++ Nisto ne ja interesira podolgo od 5-10min . Mozebi e faza neznam, ama bi sakala da igrame nesto korisno. Da I citam ne e zaintresirana ama ke bidam uporna,drugo vaka ne mi teknuva. Dajte nekoi predlozi vas
Со свекрвите и мајките веч виџено. Туку, мислам дека сте во скок? Пошо твоето е после моево, па мислам скокот ви е на најјако пуштен, тој е околу 40 дена, моево исто умот ни го поремети на сите тогаш. Ќе приметиш која разлика ќе е кога ќе помини скокот. Исто правеше, фати пушти вришти а бара уште, па до ептен липање идавме. За релаксатор ствсрно не знам.. не де ефтини реално, ете секое бебе различно, ја знам некои уживаат, некои нема шанса. Ако немате подлогс за играње, после скокот набавете, ќе се загледува многу, ќе се радува на шаренилото
Ох читање мајка е многу убаво ама ќе е заинтересирана покасно хаха Играчки со разни бои, разни матеијали, звуци, реално мало е за нешто повеќе, мало е и за коцата
За тоа со цицањето кај сите се случува, фаза е. Јас го кревам, менувам града, или го спуштам и прекинувам со доење и нудам малку покасно. Чаре нема, период си е. За свекрва ти без лутиш сама си крива што си допушта. Не си 20 годишна мајка во време пред 30 години без извори на информации па да ти треба нејзина помош. На почеток многу ја инволвираше со масажи на гради со не знам што и затоа сега си е слободна. И ние уште живееме со старите и мојата така во ниедно време ќе и текнеше да тропне на врата, без да гледа колку е саат. Не се меша за бебето ама да го видела. Јас ја седнав и ѝ кажав дека сакам да си ставиме ред и дека не сакам на секое да ми се тропа на врата па ако дојам да викам момент итн, реков си сакам приватност. Знам дека не и дојде убаво, ама ич не ми е гајле, поважен ми е мирот. За бебето од прв ден со маж ми си се грижиме, го бањаме двајцата и слично па ете не живи, здрави и ништо не ни фали без помош.
Не збориме за таква помош, за по дома помош и во моментот кога неможев да станувам од реброто,мораше некој да ме подигне и да не кажувам колку ми беше тешко и колку само плачев зошто не можев. Ама и премина во навика и мора да и се каже. А јас да и кажам не сакам оти ќе бидам лошата . Ај уште малку и ќе си одат. Ке покутам за атр на маж ми. А за градите ми помогна и толку му беше и реков после не ми треба помош веќе. И можеби сум крива ама јас така никогаш немаше да се масирам од што боли. Маж ми не знаел тој. И морав сакала нејќела барав чаре да не завршам со мастит. А ова ќе пробам така со цицањево. Се надевам ќе помогне. Фала ти на советот. Ќе пишам дали функционира кај нас
Значи имало и други такви Мислев само мојата е Тропа и влегува да видела што кенкала па да ја носела нагости кај неа па да ја шетала во двор Приватност никаква се нема што страшно ми оди на нерви, еднаш и имав речено ја немаше некој период и сега па почна Во иста куќа на различен спрат сме ама она мисли дека може секаде во секое време Не знам ни со арно ни со лошо ја бива ќе полудам јас кај да е
Моето е три недели и го прави истото. Бара цице а кога ќе му дадам вришти се тегне целиот. Не е секогаш вака најчесто е приквечер, тој период и тешко го смируваме. Не знам дали се грчеви. Имам приметено дека пробиотикот рекол бимбо многу го смирува.
Да си се наддоврзам, прашање до поискусните мами по колку време ви трае подој? Кај мене бебе на почеток слабо напредуваше(имаше и жолтица првата недела). Совет на докторката беше подојот да трае 40 минути само од една града. Сега напредува добро ама не сака 40 минути да цица. Ми е страв дека пак нема да придава убаво.
Сега е попораснато вајда и има повеќе сила да влече, па за кратко време доволно се најадува Мислам нормално е
Кај мене на почеток подоите беа ехееее, по еден час. Никој не ни сугерира така, едноставно бебе си сакаше да цица подолго. Сега е два месеци и подоите ни се во просек 25 минути. Исто цица од една града на подој. Супер напредува и покрај скратеното време, сега е поефикасен. Кај што ве читам за жалбите од свекрвите, ми се враќа филмот од мојата кога беше на посета и ме фаќа нервоза. Па кога ќе ми текне дека за некое време ќе одиме за Мк и ќе треба да делиме куќа, ми се крева коса. Уште од сега со маж ми се спремаме за сите нервози кои не чекаат.
Само што наполни 3 месеци бевме на море. Искрено многу полесно е одколку со поголемо бебе. По пат глад не му се слушна, а заглавивме на граница со саати, имаше гужва. Во море не го ставив, беше ладна водата.
За сонце не го мачкав со ништо, беше под сенка цело време а и не беше многу топло. Против комарци носев од чико, но и тоа не ставив, вечер беше свежо и носеше долги доле.