Мамасити дефинитивно е фаза. Не се грчеви. Не сака да цица. Цица 5-10 мин и почнува хоророт. Секако пробав, легната,седната, навалена напред, навалена назад, не и не. Пробав и со силиконски брадавици и без и пак ништо не постигнав. Се уморува и заспива. Ако продолжи вака не знам што ќе правам, ми е страв да не се одбие од цицање, а млеко има колку сака. Душа немам , многу стресно го доживувам ова, а пробувам да не биде така ама не оди.
Немој да се нервираш, вакви фази ќе имаш и кога ќе пркне повеќе, посебно кога ќе се врти и мува кога ќе прелета за да ја види. Не го форсирај, мене ниедно не ми цицало 15 мин без престан, секогаш даваѓ да цица, трга повеќе него предходно, па шетаме низ дома, ставам да си игра, пресоблекувам, па пак давам, пак така во круг, кај ќе седи пола саат на цице жити се, ако е темпераментно посебно ич. Не се стресирај, ако не даваш шише нема да се одбие пошо не знае за друго хранење, само е фаза и знај дека подоите ќе се се пократки и пократки.
Очекувам дека ке бидат пократки. Но ова не сака да фати. Цицаше 5 мин и не го форсирав го оставив заспа, стана по кратко и велам ај ке пробаме пак. Само што го навалив одма почна да вришти а не града да фати. Гладен е многу со устето на празно цица, а цице не сака. Не сакам да ми се одбие ама точно не знам што да направам за да цицне малку
Види, нас болница ни кажаа дека бебињата кои се во таа категорија која можат лесно да се одбијат, не смее да им се дава ни цуцла лажливка, мене со Нина лом ме направија на болницс, со ова сакав да пробам да и дадам ради шо кога ќе излезиме малу од малу да се смири ама од друга страна, не сака она, за разлика од сестра и која си цуцаше цуцла без проблем и ја фрлив од кога ми кажаа така. Не џнам како си со шише давање, тоа ти пишав ама ако даваш, тргај го одма, ако не знае за шише, не може да се одбие доколку имаш млеко. Ќе биде во ред за некој ден.
Е цуцла сака ама ја плука по некое време. Шише имам давано само два три пати во овие месец и пол. Нон стоп е на цице. Ама повеќе го дојам со силиконски оти од сам старт десната града тешко ми ја фаќаше и со силиконска му е ок. И си цицаше супер до некни 15 мин на една 15 мин на друга ко ништо. За пола саат завршени си бевме. И цицаше лакомо можам да кажам. И од вчера оп ова се дешава. Ми омркнаа градите не се веќе така тврди како шо беа, па помислив да не е до тоа. Одмолзав да видам дали имам млеко, си имам. Имам читно дека омекнуват градите дека не се нон стоп така тврди. Вие како сте во тој поглед?
Нормално е да ти омекнат градите околу 6тата недела, се воспоставува лактација, нивото на млеко не зависи од хормоните туку од побарувачката на бебе. Јас ги чувствувам тврди само при ноќните подои, кога не цицал 6-7 часа. Преку ден се меки, а млеко има.
Мајка, во три месеци 3-4 пати минуваме низ таа фаза. И моментално сме пак. Мислеш му се гади од градава. Знам каков склет е, па и дополнително жешко е и тоа ствара нервоза ама до сега минувало, се надевам и овој пат да мине. Препишувам на скокови. Нашол кој да зборува ама биди трпелива.
Фала ви на сите. Ми значи оваа подршка. Сега успеав да го нацицам, 25 мин цицаше, душа мамина. Малку го лажев демек цуцла давам и подметнувам града. За прв пат успеа до кога ќе пали тоа ќе видиме.
Доста брзо ти враќам, ама 5ти скок-време за себе 0. Инаку да, доста размислував која копија на трип трапот да ја земам (уште не знам како се разубедив дека е прескапа, готова бев да ја земам, дури и на маж ми му го направив филмот). Киндеркрафт ја имаат пријатели, ја видов искуствено (седнав бебуш во неа), иако е нова како да не е стабилна баш баш, нема да има голем рок на траење пред да почне да се клацка цела. А нема некоја голема разлика меѓу Safety 1st и нашата...скоро идентични се, може и иста фабрика ги правела само различен нарачател...се одлучив за Timba заради изборот на бои. Ама уште не сме ја пробале, па немам баш соодветно искуство за споделување
Се си мислам дека сите ќе се клацкаат по брзо користење. Мене маж ми ми вика ако се две поевтини од трипп трапп ќе купиме две копии. Инаку јас повеќе бев за киндеркрафт, ама сега отпаѓа. Едит: Да го искористам постов, ние ве напуштаме, пораснавме, ќе се селиме кај батковците и дадичките. Ви благодарам за секоја помош, поддршка и совет.
Мамасити си имало причина што одбиваше да цица, златно дете мое. Ушињата воспалени и добивме 7 дена инекции. Од каде, на толку пазење и од промаја и се. Душа ке му го избоцкат газето Инаку убаво напредува 470грама имаме додадено за две недели и 4цм плус
Мајки природно породени со епизотомија, депилација после колку време правевте? Неможам да се поднессм а брич ич нејќам да ставсм на мене… можда не е прашањево за тука ама ако има мекој да сподели со мене…
Зависи како ти зараснува раната, со ова дека испукав и само внатрешно бев шиена, на месец дена отидов, со другите после два дека бев надворешно сечена
Мамасити како најбезболно да го одвикнам од цуцла лажливка, и од тоа малку што фаќа проблем ќе имам. Ама ми кажа докторката убо нос и грло да го одвикнам и од тоа малку што му се дава. А добива цуцла само кога најмногу вреска. Кога ќе се смири ја плука.
Му давам кога го преслекувам оти тоа е вриштење ко да го коли некој, пелена неможам да му наместам колку прета. Ич не сака да е гол. И му давав кога имавме многу грчеви ама чим заспиеше ја плукаше. И сега и од тоа малку имам проблем. Пак ја бара кога е вознемирен. Па и од денес со инекции и тоа е плачање растурање. Не му давам ама се препотувам да го смирам и не ми спие убаво од што толку многу е вознемирен што во сонот штрепнува и почнува да плаче. Како да издржам а да не дадам. Седам и плачам до него. А свесна сум дека јас сум крива што воопшто дадов на почетокот.
Лесно ќе се одвикне мал е, тешко е кога ќе разбира.. моево плачи пак на облекување, зајдува ама ја терам, се праам како да не слушам, ваљда профи пореметување на мајки со поќе деца туку како примети дека се воспалени? Стави рацете твој на ушињата или? Освен одбивање да цица некој знаци? Пишав во другата група ама немам одговор. Јас не сум имала до сега искуство со настинато бебе.. од сабајле само ќива и вадам мрсулчиња како пластелин лепливи, ајде до преска толерирав ама од 8 е станато нема ни 45мин сврзано, за 10 мин се буди и веќе е пренервозна и вришти со саати. Сега као заспа, ќе видам до кога.. јас пак оти нешо прстит го цуцаше и и го трнав и дадов цуцла ама оти нели ја одбива а јас не сум упорна зш неќам да се навлече, и поврати.. ептен количински многу, сега не знам дали и се надлрена од цуцлата или е нешо настинато и има мака.
И јас не се трудам да ја смирувам кога плаче додека ја пресоблекувам. Ништо страшно не е да поплаче малку Додуша и ова дете не ми е нешто заинтересирано да фаќа цуцла, а и што е за право, не ни настојувам.