А ако даваш и пробиотик пробај не му давај некој ден Кај нас засега тоа било проблемот што не ми какаше
Фала ти, ќе правам сѐ што ми посочивте па се надевам ќе се среди за скоро. Иако знам дека не е сериозно ме фрустрира.
И кај моето наеднаш престана какањево, па сега има периоди кога кака на 2-3 дена, некогаш кака по неколку пати на ден како вчера и денес. Ако не изгледа како да му е тешко, немс проблем, и јас се исплашив на почетокот ама другарка ми ме смири дека нејзината до 7м какала еднаш неделно па еве ја здрава права година ќе прави. Не се сеќирај.
Денес бебево многу малку млеко ми пие,можно е да е од жештиниве? Се си е најнормално ама пример ако пиеше до вчера 150мл на оброк сега по 90-100 пие и несака повеќе.
И мојов не беше какан 4 дена па му ставив глицеринско чепче,си се олесни па два дена не какаше и се искака сам,сега еве пак два дена не е какан ке видиме утре дали ке заврши работа. Се мислам и јас да прекинам неколку дена со пробиотикот да видам дали ке има ефект стварно. Пробав железото го прекинав два три дена пак не какаше,еве млеко му сменив пак не кака уште со пробиотикот да пробам. Незнам што му бидна се си е исто само одеднаш прекина да кака,и коа се покака последните два пати зелено искака..
Со некакање немам искуство, ете не давав пробиотик си какаше неколку пати на ден, почнав да давам 2 недели некаде, какаше еднаш на ден ама течно, еве прекинато имам со пробиотик 5 дена, си се врати на старо. Исхраната мене ми е иста, шо значи сигурно е од пробиотикот. За бебиња знам и јас дека до 7 дена се толерира некакање иако мене ми е чудно ама така и мене ми кажале Др тука. Пробај тргни го, ја не знам ни зашо го почнав реално, никој не ми спомнал тука да и давам.
Мене не ми е јасна сеуште оваа мода со пробиотик кај бебе Колку што ве следам повеќе штета прави кај повеќето, отколку корист А јас па и ад сменив мислејќи дека е до млекото Еден ден не дадов пробиотик си се искака убаво и без напор Другата ден дадов пробиотик и ни к од какање Третата ден па не дадов и пак супер се искака Има да го фрлам низ прозорец
Леле и јас млеко сменив,не утре ке пробам стварно пробиотикот да го сменам па да видам што како и ке пишам. Ако е до него стварно има да лета кроз прозор
Ние кога пиеме пробиотик кога имаме дијареа или со антибиотици Тогаш која е логикава на бебе да давам секој ден пробиотик освен запек друго "корисно" од "корисните" бактерии не гледам Како можеше да не ми текне на него, туку одма млеко се затрчав да сменам
Ние сега идаме од на контрола, бебе ради надтинка одложи рота за во петок. 5кг е рамно, 900г качила за месец, ми рече супер е, јас искрено од тоа не се разбирам. Кажав дека спие цела вечер, станува во 6 да танкира и продолжува до 8-9, ма одлично рече терајте. За белите наслаги, кај нас не се кандида. Ии јухуу беба во транспортер почна да седи еве и прв пат заспа ако не ја сака корпата тоаа ее, нема ни ова дете да ја искористи. За трето не купувам количка со корпа ова е смешко маааал, дада намчор беше и си остана
Каква "рутина" имате за спиење и од прилика во кое време ги легнувате бебушите? Нас последниве две недели многу ни се изместија работите, од проблеми со стомакот до касно легнување. Заспива кај 12 некаде. Не знам како да почнам да го легнувам порано, некогаш се дешава да заспие во 12 и да спие до 12 следниот ден ( секако со будења за јадење измеѓу ), некогаш ќе легне во 12 и станува во 9. И следната вечер не е уморен па да заспие порано, пак некако заспива околу истото време. Мислам дека ова е многу касно, сакам да почнам да го туркам времето за заспивање порано. Некој совет?
Мамасити ова воспалени ушички било многу многу тешко. Дете само вришти и одбива да цица. Едвај успеваме да цицаме. Згора на тоа грчевите појаки станаа, препишувам на инекциите што ги прима. Јас сум преморена не спиена цели два дена. Морам да се одмолзувам зошто не цица убаво. И таман ке завршам и легнам да дремнам еве го се буди и плаче од што го боли. 4 дена инекции прима ама јас не гледам некое подобрување. Се надевам нема да запамти дека со цицањето го болат ушите и да се одбие. Од тоа најмногу се плашам. Се трудам максимално да не се случи тоа. Шише не давам. Нека цица кога помалку кога повеќе. Нека не качи на килажа овој период ама да си се задржи со цицање. Некоја да ми даде совет што има поминато низ вакво нешто. Бидете ми добри мамасити и бебушковци и поздрав
Го бањам од 8:45 до 9:15 зависи како ќе стигнам. После тоа во кревет млеко и одма заспива ако уште мрда може цице и веќе во 10 е кома.
Според тоа што сум читала треба да легнуваат накај 7-8 ама ние попладне шетаме и има кратка последна дремка тоа време, па легнува накај 9, 10. Во последно време гледам измеѓу последната дремка и вечерното легнување да има поминато 2 ипол саати инаку шанси нема да заспие, ко на струја е уклучен. Имаме 4 дремки од кои првата е 40тина мин, следните две- саат, саат ипол и последната 30тина мин. Обавезно следам прозорци на будност, гледам да не е буден повеќе од саат ипол, макс 2. Да пробаш некако да му ги поместиш дремките, макар и да се помалце на број, за вечерното легнување да е накај 8,9 и отприлика пред да стане за јадење навечер, ти да му дадеш за да не се разбуди и расони и да може да ги спои циклусите. И последната дремка да е пократка и да има повеќе време поминато измеѓу дремката и вечерното легнување. Или пробај да го умориш убаво, играње, ставање на меше и да го легнеш во посакуваното време. Вчера на пример ми се случи да заспие во 6 попладне и да затера до 7, па затоа го разбудив, му дадов да јаде, сменивме пелена и го заспав пак накај 9 и спиеше сабајле до 7 (со две јадења во сон измеѓу). Јас сакав да прашам дали ви се случило бебките да имаат кафеави каки уште пред пробување вкусови? На мајчино сме, прими рота пред недела ипол па не знам дали е од тоа.
Кога се става рота? На 8ми направивме 2 месеци. Многу ми е страв да ја ставам, кај има грчеви сега,па мислам бетер ќе биде. Што мислите?
Кај нас е вака, си играме долу на подлога, цица и кај 7 и пол-8 некаде ја бањаме, па после тоа пак си цица, 8:30-9 е заспана, со Нина оти зимско бебе во 8 беше увелико в сон. Се десило да одложиме 2 пати да не заспива тогаш оти бевме излезени, ете жешко е сега, па само после 8 може да испаѓаме оти тука 9:30 се стемнува ама ќе гледам да не одстапвиме често. Мене тоа време ми одговара највеќе да заспие пошо морам и голема да спремам за спиење. А сакам и да пешачам со неа во кенгур ама искрено побитно ми е сега да си легнуваат на време
Требеше денес, за петок одложивме зарад настинка. Оти страв? Нина немаше реаквија од рота со грчеви туку повраќаше пообилнп ден-2, а беше склона ептен на грчеви. Рота не се одложува на подолг период.