Мамички дали е нормално бебе да подригнува почесто? Подригнува од кога ќе го испие млекото а потоа може и после 1h или пак еве денес подригна пред да му дадам повторно млеко Малку се плашам дан не е нешто во ред Инаку бебето има 2м и е на ад
Во спалната ни е скроз затемнето, ама џабе тоа, кога во 8 часот навечер свети сонце како да е 3 на ручек, си мислиш дека има време до спиење, те лаже и започнуваш со активности и оп, дошло 11. И јас сум крива реално, еве сега пробувам да го изморам уште 10-15 минути, па да му дадам да јаде и да го легнам барем 30 мин порано денес. Малце по малце ќе почнам секој ден.
Мислам дека таман го изморив, заспа пред 10 минути без проблем. Да можам вака постепено да го туркам времето на заспивање за 10-15 минути секој ден, да стигнеме до 10 часот ќе е таман.
Штом така денес да пробам да не давам пробиотик и капки па да видиме… 5 ти ден ќе е денес без какање се нервирам ужасно
Фала ти на поддршката, стварно почнав да се загрижувам, еве членки погоре кажаа дека пробиотикот знае да напраи мака, денес не давам па ќе видиме…
Пробај, твоето бебе имаше корувчиња? Јас најдов маст одма и паднаа со две миења ако можеш да ја набавиш
За пробиотикот и какањето баш сега зборував со педијатар. Ако се на мајчино, нормално било и до 10 дена да не се какани. Пробиотик вика до 3 мес се дава, после цревата самостојно си работеле и немало потреба.
А тука странство не ги ни даваат шо значит не се ни потребни иначе би било секаде задолжително како Д3
Кај мене препорачуваат пробиотик повеќе од капки за грчеви. Наводно за пробиотикот има истражувања дека помага, за капките викаат не штети ама нема ни докази дека помага.
Ама не е морален, тоа сакав да кажам. Моево нема грчеви веќе, сега не давам ништо, така да не мора да се дава до 3 месеци ако немаат грчеви,а Д3 мора до година.
Дааа моето има и уште има. Никако да созреат лушпите на мекиот дел од главчето, таму останаа. Која крема ви помогна?
Има специјално масло за темењача во зегин на frezyderm. Околу 450 ден е Се нанесува 30-40 мин пред бања и после се мие
Ви се случува бебињата да ви се во полусон некако и да плачат? Неколку пати му се случи, во последно време зачести, ама кога спие е мирен, се буди ама не скроз, пак е во некаков полусон, размрдан, а мижи... Како да се нервира од што не може ни да продолжи со спиење, нит скроз да се разбуди. А пред да се "разбуди" прави жална фацичка и почнува да кенка и врти накај силна плачка. Не знам јасна ли сум, ама ако некоја искусила ќе знае за што зборувам. Ме интересира зошто прави така додуша, што им значи тоа?
Го имам истото, џабе, мачкам и пред и после бањање и тие што се на мекиот дел никако не созреваат, другиот дел си се среди… имам и пена на Мустела за теменица ама ете бавно оди кај нас чистењето
Еве го, ако можеш да го купиш пробај. Леплив гел е, се нанесува пола саат пред бањање и потоа 2-3 капки вода се става и кога ќе почнеш да триеш се прај пена, пола излегуваат во капењето, пола кога се чешла.
Ништо посебно не им значи, сите прават така, де се смеат, де тажни фаци, некои и плачат в сон, тогаш се во рем фаза, нели и превртуваат очи, а уствари спијат.