Со првото детенце имавме појава на теменица, и тоа после 6от месец и се појави. Не поминуваше со ништо. Мустела пена ставав, но немаше ефект. На фризидерм маслото ставив еден ден поголема количина од обично, светеше дете И оставив да стое неколку часа. Пред миење исчешлав, веќе се беше распаднато. И со миењето излезе се. Претходно се мачев подолго да и го исчистам, но после третманов-толку, го снема проблемот
Да многу често се случува кај нас. Најчесто пробувам да го презаспивам, ама некогаш плаче додека не се расони, тогаш пуштам струја го расонувам и обраќам на игра, да се смири, свесна дека ќе заспие по 2 часа
Nekoj da koristi kozmetika Gamarde? I opsto kakva kozmetika koristite? Od Weleda ne sum zadovolna. So prvoto koristev Stelaropia Mustela i i odgovarase ama neso mi zabusavet tuka ne sekogas ja ima dostapna
Мајки породени природно,дали давате пробиотик на бебе? Според педијатарот,засега не треба ништо освен Д3+К1. Бебе е 1 недела.
Додека сум овде да прашам 1 прашање, како да навикнам дете да пие млеко од шише? Ќе се случи да се вратам на работа, сега од понеделник. Таа сака да цица, имам млеко да се одмолзам. Сакав вчера да и дадам мое измолзено од шише, после подој. Не сакаше да фати. Незнам како би било ова, или со шприц да дадат. Скратено би работела, имам услови и да си идам дома. Јас доколку не прифати ќе си идам цело време за цицање дома, во иста зграда ми е работата, но страв ми е доколку баш во секундата неможам да одам, а таа дома зајдува од плачење. Несака ни цуцла да прифати И второ прашање, за кај Антоније ортопедот каде требаше да се закажи и колку пари е првото ехо на колкови? Околу 2 месеци беше?
Мајки од кога почнуваат да посегаат по ствари со рачињата? Мојов не држи, нити пак посегнува. Единствено во устата ги става и косата си ја чепка т.е. корни.
Околу 3 ли беше кога почна да посегнува. Почнав јас странично да ставам работи од неа. И во baby gym тие на горе не ги фаќаше, па врзавме играчки на ниво на телото/видот. И тоа жолти, црвени, дречливи бои. И црно бели како карти за почеток. Тоа кај нас беше успешно.
Антоније многу ретко е веќе во државава и да ти кажам право, немам нерви да следам на секое кога дошол или со месеци однапред да закажувам. Кај него работи Александра Димова и ја однесов кај неа на ехо и на преглед, задоволна сум. Истите препораки и муабети ги прави како него, супер е докторката. Читни и во темата Ортопедски прегледи, досега само пофални зборови сум прочитала за неа.
Да, од 6 до 8 недели е прва контрола. И ние бевме кај Александра што работи кај Антоније, 3000 плативме со ехо на колкови. Супер е докторката, малку строго делува ама ептен ми се виде стручна и темелна, баш како што вика Оли, истото што сум го слушала кај Антоније по емисии, го кажува и она. Накај 3 мес почна да посегнува, прво по животните на оградиците, баш му се шаренки со контрасти, ептен му се погодени и за муабет со едното раче фаќа и носи предмет до уста, со другото уште не ни посегнува убаво. Сега е 4 мес. Ова со посегањево и фаќањето се случи некако преку ноќ. Секое дете си е различно, не се грижи ќе си почне сам кога нешто ќе го заинтересира. Остави му доволно време само да гледа во играчка или нешто што му е привлечно.
@Alishan30 Сум заборавила да допишам. Јас ја однесов кога имаше 3 недели и 2 дена. @DaisyD Како ти се виде строга, во препораките? Јас научена сум кај Антоније, па сосема нормална ми се виде
Имаат, тука. Смее на 1 месец, моето немаше ни 1 месец. Всушност тие препорачуваат: што порано тоа подобро.
Моето во последно време така прави ако не му е време за станување пробувам со цуце( со витамини инаку не фаќа) или цице за да продолжи или го будам. Педијатарот ни кажа дека е нормално бидејќи веќе почнува денот и случувањата да ги обработува
Јас користам авент натурал. Некогаш си игра како со дојка па по некое време ќе лапне. Пробај држи го шишето во уста и капни млекце да го осети.
Како да го научам бебе што е ден а што е ноќ? Дење си спие мирно,во галама,во осветлена просторија, со братче што нон стоп го закача-нема гајле, 3 саати си ги отспива а да не го разбудам може и повеќе. Денес едвај го освестив во 20:30,придремуваше неколку пати после тоа,го бањавме,цицаше и накај 23:30 заспа. Беше заспан мислиш кома,го спуштам во креветче се расони. Се зафркававме спијам/не спијам до кај 2ч. Заспал,се разбуди по 40мин за млеко. Испи измолзено и пак ококорен не спие. Сега фати и да цица. Не знам што да му правам за да се научи ноќе да спие. Неколку дена овој период од 22 до кај 2 саат ни е измачување. Многу тешко презаспива ноќе.