Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Homme

    Homme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    494
    Ох мајка да проверам дали го има тука… или да видам која е активна супстанца па да пробам да најдам замена тука…
     
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.019
    Допаѓања:
    8.503
    Пол:
    Женски
    Тешко поднесуваме, кај нас во соба е пекол, се топам буквално. А не смеам да пуштам клима ради синко, ради воспалението на ушињата што има. Пуштам на кратко дур не сме в соба ама кога ке ја исклучам пола саат е убаво и толку пак пекол.
     
    На Angi266 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  3. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    На чико што се чешле и четче во комплет. Со четката мека е, неможе да направиш проблем, со кружни движења полека, измасирав.
    Потоа до чешлето, со запци е, ја чешлав, како "четка фриз" и ја подигнав нагоре и така се одлепуваа.
     
    На Homme му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    10.472
    Пробај пушти ја на 26-27 степени.
    Кај нас дома така е наместена, буквално заборавам некогаш и дека е пуштена. Ни ладно ни топло е, баш таман.
     
    На Снегулк@23 и Alishan30 им се допаѓа ова.
  5. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Исто за степените, плус ставивме и штитник како се вика на климата, како пластичен дел е, и дува воздухот нанагоре не директно во глави. И таа опција е добра.
    Е на долги ми е по дома шпикозни, памучни, страв ми е на дете од 2 недели во климатизиран простор да ја пуштам без чорапки и на кратки:)
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    Додека те читав како сликовито си ги замислив работите:D :inlove:
    Колку се само интересни од сега, нели? Раце од уста не вади и он, и многу се лигави. Ако го држам подисправен има лигавче кое го мокри за пет минути и бодито му се мокри после тоа.
    Фаќа и он се што е пред него и носи право во уста:^). Градава исто ми ја фаќа како партал, цела сум со отисоци од нокти. Многу многуу се смее со мене, како што викаш писка од радост, пее вика, се топам цела :inlove: со мм и ќере се смее но не реагира како со мене.
    Денес искочивме со друштво и баш ме изненади, плачеше од сите што му прозбореа:D Он си седи на стомак неколку пати на ден, добро ја држи главата.
    Најголем дел од денот кога не спие, јаде е на бејби џим и он. Му менувам играчки често. Но како што пишав, веќе почна и да реагира кога се одалечувам па неколку дена само седам до него. Кога ќе размислам иако спие преку ден сега деновиве пак ништо посебно не правам освен еден ручек:^)
    Навечер заспива најкасно до 21:15, упорно се трудам тоа да биде порано но за сега неуспешно. Прво будење му е накај 1:00, после тоа почнува журката. Се буди на 2 саати како за денско цицање и во 6 наутро почнува да мрда, па ќе со цице спие до 7 едвај. Сега е во скок, громчето ќе го стигнеме за 1-2 дена, па ќе видам после тоа дали можда ќе почне да врзува повеќе часа сон:).
     
    На DaisyD, medena147 и DaftyCrafty им се допаѓа ова.
  7. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Женски
    Во дневна пуштена е климата на 27 степени, ние скоро цел ден сме во таа просторија. Некогаш е во ромперче, најчесто само во боди со кратки. Сега за сега супер сме, нема гајле.
     
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.019
    Допаѓања:
    8.503
    Пол:
    Женски
    Мала ни е собата, страв имам да не дува во него иако ја местам на горе да дува. Ке мора да купам штитник што спомува @Alishan30
    Едвај го заспав што од жешко што од ова чудо што не задеси на ушињата. Утре на контрола сме дај боже да не ни продолжат инекции. Му го изрешетаа газето ;(
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Прашајте за штитник. Греота е да се седи во "пекол" жешко, терморегулацијата не им е добра, јас повеќе се плашам од прегрејување.
    Заради увото ако треба настрана ќе седиш не веднаш под климата. Но со штитник и повисоки степени пуштено и за вас и за бебето ќе биде подобро, верувај.
     
    На 0ли, Giovanna, Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Како ги дотерувате нљ топлово со фустани, ромпери? Само тоа без боди одоздола или мора боди за пелената да ја држи?
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Прв пат слушам нешто вака. Како би држело бодито подобро од ромпер?
     
    На Снегулк@23 и Lavica2602 им се допаѓа ова.
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    7.690
    Пол:
    Женски
    Досега во мојов град не беа превисоки температурите дури и дома повеќе од 23/24 степени не достигна без клима ова. Носеше боди на прерамки и ромпер. Или маичка и куси панталони.

    Сега деновиве кога е жешко за дома си седи само по боди. За надвор зависи кое време од денот сме излезени или само ромпер или ако е подоцна кога е посвежо со плус боди. За фустанче т.е за под фустанче, дали има некаде гаќички за над памперсот?

    Имаме куп фустанчиња и не сум и ставила баш од таа причина што не знам дали со памперсот би имало проблем.
     
    На Ouravanture и Tess36 им се допаѓа ова.
  13. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    10.472
    Боди под облека друга немам ставено два месеци веќе. Ако носи боди само по тоа седи. Инаку цело време е во ромпер или фустан со гаќички комплет што одат. Нема проблем со пелената, како ќе ја ставам така си седи, нема разлика од тоа кога носи боди.


    @Ceneva исто мислење делам со Алишан. Додека бараш штитник ако можеш најди место во собата каде што нема да ве дува директно, а и да не е е возможно тоа мислам дека можеш да тестираш која температура ќе ви прави пријатно колку да не се потите и да ја оставиш така. Не верувам дека ќе биде поголем проблем со ушињата, буквално ти викам заборавам дека има клима пуштено дома, не чувствувам дека дува ладно а сепак воздухот е пријатен.
    Деновиве како што е портокалова фаза со температури над 40 не се живее од жештини, верувам и кај вас е така (facepalm)
     
    На Ceneva, Tess36, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Кај нас 24 часа работи климата, само температурата ја менуваме по потреба, гледам во спална да е 26-27 степени. Бебето е во спална и не престојува во дневна. Ако ја однесеме во дневна, далеку од климата.
    Не се седи без разладување, брзо се прегреваат ако е многу топло.
    И јас како @Alishan30 мислам да ја будиш ноќе за цицање на 2-2,5 часа.
    Малку ќе ја чепнеш колку да почне да влече, пробај не ја расонувај скроз. Потоа ќе си продолжи да спие.
     
    Последна измена: 13 јули 2023
    На Angi266, Giovanna и Alishan30 им се допаѓа ова.
  15. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Повеќето фустанчиња и ромпери што ги имаме се без гаќички/широки во долниот дел,ако има ластици ја сечат на бутчињата. Еднаш пробав ја оставив госпоѓицава само по фустанче, од што шизи како уклучена на струја пелената ја избуткала само на една страна и лом се имаше направено. Ај по дома цело време сме на боди на прерамки, ама сега имаме неколку родендени и свадба и стварно не знам неа како да ја облекувам, машково поприбрано е, за него ќе се снајдам. Ама девојчево... Ќе одиме само со фустани и ќе менуваме пелени на саат.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feminka1234

    Feminka1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2022
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Незнам колку ти е старо бебето, јас ќе ти го кажам нашето искуство. Уште првите недели дома на бебе почна по малку да и се слева некој секрет од носето и подолго време и беше така и со редовно чистење и се средуваше. Поголемото почна често да ми настинува и да има зелен секрет од носот. На двете им земаа брис (малото беше некаде 2 месеци) и испадна дека имаат стрептокока во нос. Ја лечевме со антибиотик, секретот го снема ама бактеријата си остана и ни рекоа додека не прави проблем не се третира, само може чистење на носето
     
  17. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    10.472
    Не знам каде се купуваат посебно тие гаќички за со фустан, јас обично вакви купувам од Зара или ромпери носи.
    IMG_20230713_093608.jpg

    Ако купиш ваква понеутрална боја комплетче може ќе го искористиш долниот дел за повеќе комбинации, па ќе си го решиш проблемот. Старата колекција што е на попуст скоро е распродадена, види во новата има неколку модели.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.449
    Допаѓања:
    18.699
    Мајки,нели 26 степени е температура за бањање?
    Не ли им е претопло на таа температура, па и 27?
     
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    10.472
    Кога е пуштена на ладење друга е свежината во воздухот. Јас и без бебе секое лето вака седев дома, пријатно е како пролет кога е надвор, така си го асоцирам :D
    Воопшто не сакам климатизирани простори ко да си влегол во фрижидер па кога излегувам надвор дамла да ме мавне, а ако ми дува директно обавезно глава ме фрка после тоа.
     
    На Sofi.ja, 0ли, DaftyCrafty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Надвор е 38-41 , затоа 26-27.
    Кога лади им е пријатно, 24 пример кај нас е студено затоа е 27 дење и навечер
     
    На Skyler, Sofi.ja, Giovanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.