Ние климата ја пуштаме на 24 со една цртка само да одржава. Од 10 до 5 може со некој прекин измеѓу, навечер не пуштам, отварам прозор. А мали го држам на маичка горе и пелена, али обавезно е со гол стомак зошто ја влече маицата и ја јаде, поинтересна му е од секоја играчка. А за надвор за да не шетаме со "гаќи" му ставам бермуди.
Не ставам ја боди, директ облака куси пантолони или целокупни ромперчиња. Ма кај боди да зоврие... леле ние немаме клима луѓе едвај спие дење, фала Богу сношти врнеше па добро ни е сега дома. читам заради памперсот ти е, колку месеци се? Јас на 5ммесеци и ставив од гаќичките памперс, и се мрдаа исто како на твоето и посел ги одкопчуваше, со гаќичките раат видов.
Тамам е 26-27 ако дува клима, свежо е, пријатно. Тоа му доаѓа 26, но не е реално 26, нешто како риал фил е поладно. Студи ако е пониска температурата, тоа како да кружи студениот воздух и баш го осеќаш дувањето на климата. Без клима 26 друга е топлината, како загушливо.
Бевме на контрола, ни продолжија уште два дена инекции и во среда да одиме за брисеви од нос и грло. Мамасити да видите чудо, нос кркља како затнат а секрет нема, и таму пробаа да вадат нема ништо. Се надевам ќе се среди па да може вакцините да си ги прима, ниту една не ни е примена. Само се одложуваат. Се уште ми одбива десна дојка ради тоа увце што има процес уште малку. Ставив клима на 27 степени, на најслабо да дува. Па ке видиме како ќе биде
5++ имаат. Убаво викаш, може да пробам со памперс гаќички како ќе биде, јас мислев за поголеми се. А на госпожа ако не и е покриен памперсот, ги одлепува лепенките. И кога и менувам е борба, таман го тргнам рацете одма доле да провери што има, морам да и ги држам сите екстремитети за да не се ушлапа цела.
Не знам од што е, ама бебево не ми кака, од петокот до сега само еднаш. Еве трет ден од како пак не е искакан а не давам пробиотик три дена веќе, Не знам до што е, дали му е жешко… не делува дека се мачи, си прди ама какање јок, не знам дали да го носам на доктор. Во понеделник ќе одиме за рота вирус да ја ставаме вакцината па да прашам таму..
Не се секирај мајка, нема потреба од доктор, ти реков ми кажаа дека е нормално, ако е повеќе од 7 дена тогаш може да превземеш нешто. Ако не изгледа дека му е мака ништо не му е, му впива телото се од храната. Ова важи ако е на доење само. И моето еднаш на 3 дена кака.
Бевме на контрола вчера, го пофалија бебе дека супер си напредува. За јазичето докторката убаво го виде со стапче и светло, малку имал и на едното обравче и ни даде Нистатин. Рече дека не се само наслаги од млеко туку мешавина. Прво му го чистам механички со газа, па ставам капки. Е сега не знам колку ќе имаат ефект. Како ги ставате жити се? Пробав да ги капнувам само, пробав и со прст да ги мачкам, он ги голта мисли храна е. Сабајлево скоро и да немаше бели точки, ептен незначително, ама ќе ставам неколку дена. За облекувањето јас сум Бог да чува. Синоќа прв пат спиеше на ромпер и боди на рамки одоздола, покриен со тетра. Претходно спиеше во ептен тенки шпикозни, непокриен. Дома е моментално на боди на рамки само, клима уште не сме пуштиле зошто сме во сенка докај 3-4 попладне, после тоа пуштаме на 26-7 степени, вчера прв пат пуштивме зошто претходно ни беше ок.
И јас околу климата вчера прашував ,моево е 7++ извинете што упаднав овде . И јас никако не пуштав до вчера бидејки сме во една соба која е мала. Ама добив совет да пуштам 10 степени помалку од надвор и со прозор на кипање за да се меша воздухот.
Нормално дека ќе пуптиш клима, и на нив им е топло, дури и повеќе. Само нелка не дува директно во вас, иначе пуштај.
Луѓе денес како друго дете да имам дома... Цел ден не сум слушнала плачки, изгледа стварно беше гладна. Денес мирна, си спие, си седи, си ужива.. И дадов 2 пати по 60мл и изгледа ќе морам да давам.
Нустатин капнувам на ушалка и со неа поминувам внатре букално и на непца, јазиче и муце. За 2 дена се исчисти.
И ние почнавме клима да пуштаме на 28 степени. Препородено е детево. Дремките и се средија и се гледа дека и годи оваа температура инаку не се издржуваше. Дома е по ромпер само облечена а за спиење само по боди непокриена. Склетџика е. А и докторката ни рече вака да си тераме и за кожата дека има атопичен е подобро вака.
Е гледаш така не ми текна. Ќе почнам на тој начин, фала ти. Градите докторката ми кажа само да ги мијам со обична вода пред доење. Ти правеше нешто посебно со нив?
За градите ништо посебно нормален туш, бидејќи дома сум и можам неколку пати да се туширам. Кај мене со силиконска цица, па затоа на неа и обрнувам повеќе внимание, ја попарувам со жешка вода и ја складирам во кутивче нејзино да не се извалка до следно цицање. Дома не ми фати мене кандида туку во болница така не пуштија, последните 24ч беше само на дохрана, заради сончање, рекоа било од млекце тогаш, но излезе веднаш со нистатин, значи било кандида сепак
Мене ми рекоа рацете пред доење мајка да ги мие со ладна вода, ете ми нагласија ладна.. не знам оти. за облекување мое е само по памучни ромперчиња низ фома, така и спие со една тетра покриено само. Денес дувааа ли дува, изгледа од ветар едното окце и солзи, значи крај нема. Утре сме секако на вакцина ама се надевам ќе се смири