Ај сега де, зошто па со ладна вода. Јас раце секако мијам зошто 90% менувам пелена па дојам. Мислев градиве дали некако да ги третирам, рацете не знам како се инволвирани во случајот.
Неам појма хахах пак со ладна а ја како шо не припрашувам не знам окото со шо можам да и го бришам.. ептен и се праи секрет, ќе и се залепи во спиење окцето
Мене ми рекоа со физиолошки раствор и газа може да ја поминам ако имам потреба да чистам секрет од око.
Епа добро пошо обично старите велат со камилица нели, а доктор за мене еднаш ми рече никако камилица.. ќе чистам така до утре па ќе видиме
Убаво ти рекол докторот од камилицата може бетер беља и иритација да се направи од микро честичките во чајот. Само физиолошки и ќе помине. Ако добро те разбрав прееска од ветрот и е.
Ние сме сега 11 недела и два дена. Пред 3 недели излеговме од болница потоа пиевме антибиотик цела недела. Во врска со вакцините што треба да ги примиме сите различно ни кажуваат. Едни велат да чекаме други не.. на два памета сме, не знам што би било најдобро
Ако сте уште под терапија, мое мислење да почекате. Што вели вашиот педијатар? И ние немаме ништо од вакцини примено освен бсж, прво одложени ради жолтица а сега одложено ради воспаление на ушињата.
Веќе две недели ништо не примаме бевме кај двајца педијатри едниот рече да чекаме уште а другиот не... за рота ми е највеќе бидекќи после 12 недела нема да може да ја прими
@Alishan30 дали користите нешто за комарци? Знам дека мапез беше 0+ ама дали да се става на бебе од 10 дена?
Не користиме, а ја јадат и и поминуваат за кратко. Видов на инстаграм, подготовка на домашен спреј, безбеден за бсбиња. Тој ќе го направам. Babypharm е профилот таму што го сподели спрејот. Се става ладно цедено бадемово уље и капки од етерично масло од лаванда, лимон или друго цитрусно растение. Мапез незнам дали може од 0 возраст но јако ми е некако а нашите се мн мали
Ако не ви е примена за рота вакцината бидејќи е до 11+6 веројатно понатаму нема да ви ја стават ако го надмините овој рок. За другите мислам не се со рок.
Пробај масирај го тоа како топченце што е на почетокот на окото, така ќе излегува секрет од каналите. Додека цица, тогаш ќе ти седи мирно. Јас трипати на ден така на големиот му чистев и само така му помина. Ма Тобрекс, брисеви правевме, маст на капакот на окото, чистење со физиолошки. Со месеци се вртевме во круг. Масажите најмногу му помогнаа.