Ние не ја ставивме рота, бидејќи немаше 45 дена од бсж а мали имаше повеќе од 12 недели. Другите ги ставивме кога ни кажа педијатарот.
Незнаеш од каде е камилицата така ми рекоа на мене, мојот имаше инфекција на едното окце само со туферче со топла вода ќе го бришеш.
Никаков проблем нема ако се избегне ротата таа е нова вакцина барем кај нас. Децата што се 5 години и поголеми во нивно време ја немало пример
Сабајле кога станавме устето и обравчињата цели со бели точки, а на јазичето нема ништо. Ги исчистив со газа ептен лесно се тргнаа и намачкав Нистатин. И на газето има по некое ситно брунче, не знам дали е поврзано. Вака си е весел, никаква реакција дека го боли дур го чистев. Се нервирам, кај не најде ова.
Мајки, од 2 сабајлината до сега синко наполна 8 пелени. Нели е ова многу за 2 месечно бебе? Некои беа течни, некои мукозни. Како можам да распознаам дали е пролив? Вака е супер, нема температура, расположен.
точно така но внуками пример баш од инф од тој виеус лежеше во болница цела неделс со тжјака клиничка слика .....се супер надмина но не е дека е вирусот за занемарување
Знам дека нема, затоа и не присилувавме да ставиме иако една докторка ни рече нема никаков проблем да се стават две живи вакцини во краток рок?!?!
Мајки ме полуде времево, не знам како да погодам температура како да го облечам.. бебе е месец дена и сега преку ден го облакам само во боди на рамки и кога е многу жешко пуштам клима одам во спална, после некое време пак одиме во дневна ама тоа за многу брзо се стоплува а и он се поти. Мислев да ја пуштам климата на ауто на 26-27 степени ама и така се осеќа понекогаш ладен воздух и страв ми е да не ми настине. Како да направам, да го облечам малку повеќе и да пуштам клима постојано? Како правите вие?
Мамасити како успевате да ги потрошите био гаја до крај? Значи нерви искинав и со првото пакување и сега со ова. Сигурно има уште за два дена капки никако не успевам да ги извадам. По глупа амбалажа немам видено. Или сум јас глупа не знам
Не си глупава, такви се. Јас го отворам капачето и ги претурам во новото тие 3-4 капки што останале. И така со секое шишенце, со мисла дека не одат фира
Јас се мислам на waya да земам сега ем повеќе милилитри има ем поефтини. Овие некако им е ногу надувана цената.
Испадна дека беба има инфекција на очето, па сега капки редиме. Денес ја прими рота, за сега немаме реакција никаква. Со Н колку што се сеќавам повраќаше пообилно и течна столица. Ама на мисла ми е.. бебе пола доза ја исплука, кој знае колку се напило.
И Ваја користам за големото, добри се. Што знам, овие БиоГаја ги користев за него кога беше бебе и затоа ги земам и за второво. @Bubish26 Масажи прави обавезно. Ќе помине.
Од Био Гаја се откажавме после второто шишенце и тоа недотрошено, што ради амбалажа, а и грчевите мислам му ги интензивираше. Веќе второ шишенце Ваја користам и супер е.
Моето од прва доза рота немаше никаква реакција, а си ја испи убаво, намерно го однесов полунајаден за да не ја плукне. На 11ти Август имаме втора доза, се надевам нема да има реакција. Окцето чисти го пред капките со физиолошки и ќе помине.
Што се случува не ми е јасно. Од мирно бебе, заспивање накај 9, станување еднаш во ноќта од 3-4 саатот само са да јаде и пак спиење до 10 наутро, наеднаш се смени на. будење на два саати, вриштење, викање, притресување по 4-5 пати во текот на ноќта. Едвај да заспие и после тоа хаос и станува накај 8 сабајлето. Да сака врз мене да спие или до мене припиена гушната. Вриштење и драматизирање. Пие два пати млеко зошто не се смирува поинаку и не заспива. Скок, заби, регресија? Јас не знам ова е ѓавол, ни грчеви кога имаше не беше вакасе утепав од плачење, сама сум без помош од никој(сопруг по 16ч работи). Дали има крај овој хорор? 5 месеци и една недела има, влезена во 23 недела.
Дали бебињата ви мрдаат многу ноќно време додека спијат? Моево како бркнато во струја е на периоди, се витка мава со раце нозе, прета, се врти на страна, се грчи како фетус, има ноќи многу мирно спие ама некогаш, почесто ептен е активен. И се буди и се презаспиваме цела ноќ. Не можам да разберам што му е, спие на боди само, не му е жеко, вратот дури ладен му е , ама кога го покривам бутка се и не се смирува додека не го тргне ќебето или пелената, гладен исто не е оти цица и цел ден и цела ноќ, не знам што е проблемот ама со мрдањево без спиење не остава.
Од што и кога се потат дланките и стапалата? Има моменти кога му се буквално како бркнати во вода. Еве сега стана да цица, утоп мокри..