Мајка да не не му студи? Не знам како е температурата кај вас, ама јас се водам по тоа ако му е ладно грбчето, вратот позади сметам дека му треба уште еден слој. Додуша и јас не можам да погодам околу спиењето, последниве вечери во Мк е пекол и спие на боди кимоно и одозгора ромпер. Колку сум точна не знам ама пробај со уште еден слој следна вечер па види има ли разлика.
@1209 Моето така спие кога и' е ладно. Штом е ладно вратчето, му студи. Секако таму и на градите се проверува дали му е ладно или топло на бебето.
Мојата така спие. Многу немирно. Кај мене се испостави дека не и е ладно него и е топло. Ја соблеков по памперс и ја покрив со тетра само и еве ја уште спие. На мојата нозете знаат да и се испотат од жешково. На рацете не сум забележала до сега.
Ние користевме био гаја, неонате ама не бев задоволна му правеа проблем. Сега сме на линекс за бебе и сум многу задоволна. Цената им е околу 200 денари
Или гени маж ми има проблем му се потат само стопалата и мали исто. Ладни му се на мене а испотени на татко му
Мајки бебче денеска е една недела, изгледа грчеви ја фаќаат, срце на мама се витка и плаче. Кои капки за грчеви да ги земам и дали смеам волку рано да давам?
Во Ремедика ми кажаа дека првиот месец не се даваат капки за грчеви, но еднаш дадов Еспумисан и полошо и' беше, па не дадов уште еднаш.
Како ги шетате бебињава периодов на топлово? Навечер е топло до 8, ако излеземе после ќе го изгубиме редот за легнување во 9, а цел ден дома па не се седи.. Сакам и да прошетаме и да имаме ред за цел ден и малце сум во конфликт со тие две работи
Да си земеш ваја, ние биогајата ја фрливме уште на пола пакување, страшно им правеше грчеви. Оттогаш сме на ваја, само им менувам на 3 недели со провен, прашок во кесички е,и тој супер им одговара.
незз колкаво е твоето ,и мојот е тсков дур му зацврсти сонот мислиш не спие како да вози точак ама е мал уште 2 ипол месеца со сите тие примитивни рефлекси и се намслува веќе а од керкичката знам дека истите работи се јавуваат и понатака кога поминуваат низ посилен развој и се што им се случува во денот ноќта фо процесираат пр кога пролазуваат проодуваат итн ....
јас се помирив дека летово нема легнување рано со тодлер и бебе сум цел ден дома пошто девојчето станува во 8 и 30 кај нас веке 30 степени има а бебо до 9 и 30 нана ......и цел ден дома до 19 и 30 тогаш упте е топло ама излегуваме до 21 и брзо дома двајцата бањање и кревет па до кај 22 најдоцна се заспани ....нек залади ке се враќа саатот
@0ли @Thinkerbell. до темературата е сигурно може му е ладно сега, а во Лондон му беше топло дефинитивно кога правеше така. Сега сме во Мк со клима на 25-27 е, оти таму се навикна на ладно ама изгледа не му прија климата. Амн со тоа облекување никако да погодам. А саклетчија е не трпи кебе, ќе го облекувам повеќе па ќе видам. Инаку и мене не ми се успивс бебе рано, најрано 10 ако заспие, ама ми одговара да поспива сабајле повеќе, а и толпо сеа секако шетаме вечерно време.
@Bella_Stella и јас исто ќе кажам, може да се недостиг на Д3. Јас имам недостиг на д3 и ми се потни нон стоп, големава исто.
И на бебе стапалата му се мокри цело време, чекав да одам на контрола и да прашам. Ако ти кажат нешто сподели те молам.
Еве и јас тоа го мислам деновиве.. И ми го зема куцањето од рака Обично легнува да спие во 21, ама сега до 19ч нема шанси да се излезе. Излегуваме накај 19:30-20, некогаш и покасно не фаќа. Ама па и дома по цел ден сафра не фаќа сите. Аххх ова летово не се издржува, дека прво лето со бебче дома сите сме црвени во образите како црвено јаболче
И на моето исто, ми кажа педијатар дека е нормално од топлово да се потат и на тој начин исфрлаат вишок. Не ми спомна нешто дека не е нормално или дека му фали витамин Д (моето пие дупла доза). Хмм, сега ме замисливте..