Ти благодарам за споделеното искуство. И бебе пие две твистчиња од бебитол, едно чисто витамин Д, другото со омега па затоа не мислам дека има недостаток. Секако сме и на ортопед за 2 недели па ќе видам што ќе каже и тој.
Јас помислив да не е од жешко, пошто не му се нон стоп испотени. Д3 обавезно му давам секој ден, не знам дали да појачам доза па да видам дали ќе продолжат да се потат или да испитуваме преку крв? Вечерта спие со ромпер без боди и кратки чорапчиња, покриен со тетра на половината. Кога му ги соблеков чорапите му беа мокри нозете, сега не му се толку.
Кога ве читам вака дека 10 ви е касно да ги легнувате бебињата, ме фаќа срам пошо ние најрано во 11 сме успеале да легнеме. Пробувам да фатам ред ама некако не оди. И на мојот му се потни и рачињата и стапалата, сеа ме замисливте? Имам прашање за спиењето, детево последниве денови спие на страна, со главата скроз зафрлена наназад. Главата му е во 90 степени со грбот. Воопшто не изгледа пријатно, јас го враќам во нормална позиција, тој пак си се мести така. Дали може ова да е знак на рефлукс?
same here мајка. Него сакав да прашам кога почнува да не важи правилото за надавање тежина од 25-50г дневно (700-1000г месечно)? Поточно од кој месец почнуваат да надаваат помалку?
Или 4ти или 5ти скок. Ако ја имаш апликацијата пресметај. По ова што опишуваш најмногу на скок личи. Спас нема, освен да се издржува. Ние сме во громчето на 5ти скок, вади прв заб...не знаеш 24часа кенкање и плачење. Ни глодалки ни креми ни надвор ни во кола ни нигде не се смирува.
Да се пријавиме и ние со мокри нозе. Синоќа пред да заспие забележав, ама и во главата се испоти, што значи жешко и беше. Мислам дека е од жешково, не би требало сите да сме со недостаток на витамин Д.
Кооку често на ортопед го водите бебињата? Моево во Лондон ни еднаш не беше на ортопед, и само еднаш на контрола кај доктор и толку. Значи колку не ги марат децава страшна работа. Јас тука да си го однесам на се нема да е лошо.
И тука не сме биле. Нема редовни посети за онака или консултација. Се оди по препорака од педијатар доколку има причина.
@Bella_Stella Може и да не е тоа. Би го однесла прво кај ортопед да му види ребра и би проверила преку крв пред да сменам доза, на своја рака не би менувала. И вишок Д не е океј. Не е нешто невозможно или невообичаено да се има недостаток, секој организам е различен. Бебињата и децата забрзано растат, не ги изложуваме на сонце и сл. и кај некои може да се јави недостаток. @1209 Јас ја однесов на 3 недели на прв преглед со ехо на колкови и следна контрола е меѓу 4 и 5 месеци пред да ја ставам да седи на 45 степени.
Ние сме општо нација со недостиг на д3 само по ретко кој испитува. Жешко им е секако тоа стои, е сега кај некои знае да е прочината и тоа, посебно на не толку жешки денови. @1209 прв и втор месец и правеа ехо на колкови кај матична, задолжителен преглед кај нас и се става печат во книшката
@Nala37 мајка зошто не си ја земеш комбинацијата Д3+Омега, така поевтино ти доаѓа @Bella_Stella моето пие х2 Д3+Омега, по препорака на ортопед и педијатар. Така да, за тоа видете консултирајте се @1209 Јас го однесов на ортопедски преглед на 2 месеци и сега на 5 месеци. Следно за 3 месеци пак
Мајка и мојава е иста. Утоп раце и нозе. Два три пати го прашав Паскалов,рече не е ништо. И сега ја приметувам и се прават така кога ја фаќа нервоза и е кенкава .
Бевме на ортопед кога наполни 2 месеци. Кажа дека сѐ е како што треба, да си продолжиме со истата доза Д3 (капсула Бејбитол) плус три капки Пливит после третиот месец. Јас не сум почнала со Пливит, некни на контрола матичната ми кажа само капсулата Д3+Омега да ја давам. Не знам што да правам сега..
Ние спиеме така од скоро сама почна да си се мести Ко шо читав нема ништо страшно, иако изгледа многу неудобно А и што прашав и на други вака им спиеле Луѓе навистина шетате ли периодов? Ние се бањаме 20.30 млекото и од 21-22 веќе сме заспани Зар цело лето дома ке окапеме? А пред осум е умирачка да испаднеш дури и тогаш е жешко