Мајки ме интересира што значи неразвиени јадра? Бебче е прематурче. Ортопед ми кажа од 6ти месец да го седнувам. Моето е 5ипол и досега само повремено го седнувам под 45°. @Pipismel знам нашите се врсници, па какво е вашето искуство со преглед на ортопед?
Оф топик малку, ама кога Паскалов рекол за нешто дека е НЕШТО? За сите мои секирации со бебе, се ми одговара дека ништо не е...
Мене еднаш ми се падна Гого. И да, не објаснува многу у глобала ,повеќе ќути ,ама велат дека е стварно стручен.
Ау по незаинтересирани доктори немам сретнато, препишан антивиотик на чист брис со пола минута преглед, излегов од кај нив како изгубена. А доктор шо препишува антибиотик без брис за мене не е др.
Незнам зашто. Ние сме многу задоволни . Конкретно од Виктор. А и на телефон за недај боже секогаш ми враќа. Некако ми влеа доверба а тоа е многу битно За се што ми рекол така излегло на крај.
Мислам дека може, нека пише некоја што пиела. Или прашај во темата Доење. За Д3 ортопед слушам, сепак тие се за тоа.
Ја примивме последната инекција денес, се надевам ќе заврши ова патешествие со ушињата овде и нема да се повтори. Се сликавме и за пасош, дасо мој го дотерав имаше и врска/кравата Инаку фала на сите што сте ми пишале и секако ќе купам после на waya пробиотик, со био гаја се скарувам Синко почна да ми се враќа во нормала, да цица нормално, со мало бунење, уште изгледа се сеќава како го болеше. Само нека поминува се лошо и фази кај сите. Поздрав мамасити и се читаме
@Viveki може да се пие и препорачливо е да се пие, така бебето ќе си го прима преку тебе и полесно ќе кака и ќе намали болка од грчеви. Еден чај пијам на ден обавезно
Здраво на сите мајки јас имам една недоумица околу бејбитол неонате кога не испишаа од болница на картонче од него пишеше дека како дете родено со царски да се користи бејбитол неонате до навршување на 12 недели кога појдов да го земам од аптека ми рекоа дека тие биле за грчеви но јас кога читав на нет не ми стоеше така Вие имате искуство со овие капки што всушност се и дали треба да си купам нешто за грчеви доколку овие капки не се за тоа ? Ви благодари однапред една неискусна мајка
Пробиотик е и да, баш соодветен за деца родени со царски затоа што има 4 различни соеви на млечно киселински бактерии што го регулираат дигестивниот тракт. Децата родени вагинално при раѓањето доаѓаат во контакт со тие соеви во родилниот канал. Ама сепак може да го користат и едните и другите. Може индиректно да ги регулираат грчевите со подобрена работа на цревата, ама за грчеви други капки има. Инаку јас со ќерка ми прво давав Биогаја две шишенца потрошив, па бејбитол неонате, па сега купив Ваја. Со сите поминала супер, јас ги менувам онака да ги пробаме од љубопитност. Инаку со царски породена.
Да не си од Пп? И кај малата беше истото, ортопедот препорача капсула Бејбитол плус три капки Пливит Д3. Матичната рече дека доволно е само капсулата.
Mojata lepotica mnogu ika....skoro posle sekoe doenje,pedijaterot rece da i dadam grada togas da se napie malku mleko ama ona ne saka usta da otvori dodeka ne prestane so ikanje....resenie? Inaku imame 10 dena samo
Дааа, имам снимка кај шо и давам каша да јаде, па ја реди ногата во уста хаха нон стоп и беше во уста