Немаме ние нешто такво се е во ред дури ни рече да го седнуваме и во џампер, а педијатарката ни рече да почекаме дека она го води како прематурче и по нејзе има скоро 4 а он сега ќе прави 6 месеци.
Ама прима бебе Д3 + Д со Омега(две твистчиња). Така ни кажа ортопед, педијатар ми потврди. Вие не ли пиете иста количина? Иначе Д3 ми заврши сега и имам Вигантол, сакам со нив да продолжам ама не знам колку капки треба. А за поевтино, не знам баш, едните ако добро памтам ги земав накај 600 денари.
Нас ни дадоа 2хд и 1х омега со д. Ако најдеме вигантол, најдовме и да даваме по 2 капки во уста или 3 ако се на лажиче. Јас по грешка купив само омега и сега давам 3 во уста.
Кога почнавте со седнување или кога би почнале? Значи да ги седнете на вас, при игра, при хранење , а не конкретно да се остава да се учи да седи?? Од сите добив различен совет: кога ќе посака сама, после 5 месец,6, па дури и 7-7ипол. На нет се популарно е да се слуша самото бебе и да се чека тоа кога ќе јави интерес. А после неколку пати држење на бебуш добив коментари дека уште е рано зошто така ја држам ќе направам беља и сл. Инаку 5+ сме да повторам хаха. Неделава идеме кај матичната и на вакцина па и таму ќе видам нивно мислење (матичната рече само кога ќе се подига да ја оставаме да не ја прекинуваме а за седнување не спомна). Ќе побараме и упат за ортопед, ама до тогаш ми е на мисла.. Зошто веќе е и 7кг и не можам да ја држам исправена посебно не пошто е лепенка и е цело време во раце, а само со мене е.
Нас ортопедот ни рече слободно може да го седнуваме на 45 степени за рачиња ниско поставени за да вежба рамнотежа без потпирање со перници. Мали сам се подига кога ќе го фатиме за раце , многу сака да седи. Така правам по неколку пати на ден, исто го седнувам на мене за јадење. Инаку вака е од 5 месеци.
и јас сум за ортопед да се слуша за д 3 ние уште од прв преглед даваме плус вит Д пошто мали на 2 месеца има 6 кг ни препорачаа плус на д3 што го пие од бебитол и секој втор ден да давам по една капка вигантол
Јас му давам х2 Д3+Омега. А инаку да, откако пишав сфатив дека различни пие. Јас мислев посебно Д3 и посебно Омега даваш. Затоа пишав за поевтина варијанта на Д3+Омега заедно
Ништо страшно, ако го доиш бебето можеби си му дала од истата града на две последоватолно доења, не се секирај за џабе.
Ако не си забележала и не е сменет скоро памперсот оксидираат каките и можеби се променила бојата. Следи ги другите каки дали ќе бидат зелени. Зеленкасти се при настинка, глад или грчеви, или ти што си јадела од твоја некоја храна
Може да се зеленкасти од пребрзо дигестирање. Кај нас редовно има зеленкасти. За шлајмот и јас не знам, вчера имаше две три такви пелени, како желе некое, ама не знам од што.
Го сменив само што се искака. Грчеви нема, а и настинат не ми изгледа, весел е и нема секрет во носето. Јаде на барање секогаш, не верувам и да е гладен. Јас јадев мусака од тиквички, не знам дали може од тоа да е…
Да во принцип таа жолто зеленкаста боја знам дека не е аларм, ама прв пат е со такво лигаво како шлајм и затоа испаничив.