Слушај патилец со зелени каки, со првото 6 месеци имаше зелени каки, дете напредува нормално, јас храната не ја менував многу. Секоја кака и беше зелена. Излезе од грчевите дека и е, штом тие поминаа, и каките се нормализираа, а и поминаа на 6 месеци
Јас вчера прашував за ова, и јас паничев пошо имаше тура пелени со шлајм, па тура течни пелени. Гугл вика дека така со шлајм може да се знак на некој стомачен вирус, а течните ме асоцираа на дијареа. Денес е добар, ама шлајмот ми остана на ум.
Прашалници и цела галерија какани пелени во телефон….на колективен одмор е педијатрискиот центар, иначе редовно им праќав слики од пелени и ги замарав дали е нормално.
Неразвиени на второ ехо? Кај поголемиот беа така и закажавме и трето ехо мислам дека на 8 месеци. Исто и нас ни кажаа од 6 месец седнување. После третото ехо веќе имаше оформени јадра. Значи не е ништо за паника ама добро е на 8 месеци да го видат уште еднаш
Ви благодарам многу мами. Ке почнам со вигантол. @Tiny Love те молам кажи ми дали треба да стојат во фрижидер по отварање? Дома ми е 28 степени. @Bella* мама не се грижи за шлајмот, нормално е кај толку мали бебиња да го има. Може не кај сите но еве кај некои го има. И моево бебе има често, кога прашував за првото дете ми рекоа се чисти дека е мало. Не е настинато.
Да, на второто ехо ми кажаа. А што е причина за неразвивање? Треба да му правам некои други вежби освен овие што од раѓање му ги правам? За мускулатурата ми рече дека е одличен. На меше со кренато главче лежи и рацете ги одбива од доле, скоро па цврсто му е главчето, се исправа со мои раце за во полуседечка.. да не грешам нешто јас ?! Он ми кажа не е ништо страшно, ама не ми се седнува сеа во брзо штом му се неразвиени, ме стави во мисла сеа. Инаку да, за 3 месеци сме пак на контрола Мајка раат не е од мисли
Мака мачиме со дневни дремки и не знам веќе што да направам, се пробав и нејќе и нејќе да врзе сон повеќе од 20мин... Навечер нема гајле, спие, врзува и не станува ама преку ден е хорор.. Почитувам прозори на будност, затемнета просторија, бели звуци, спие на исто место постојано.. Сега и давам и дохрана во случај да беше гладна и пак ништо нема ефект. Никаде неможеме да отидеме плаче вришти и се враќаме дома.. Вчера плачеше 2 часа а отидовме на чист воздух да видиме дали ќе спие. Што и прави толку разлика во спиењето дење и ноќе? Што друго можам да пробам за да спие барем 40мин? Се заспиваме по саат ипол и тоа е мака.. Веќе ми е страв од нејзиното вриштење да не добие кила, не знам веќе што да правам, се осеќам толку беспомошно и веќе на раб... Мора да има причина и некое чаре ама не знам зошто не ја наоѓам..
Колкаво е бебето и дали има грчеви? Навечер сврзува веројатно зошто се исцрпува преку денот. Во принцип правиш сѐ што може да се направи. Пробај кога ќе покаже први знаци на умор да ја успиваш. Моето само се успива, ама битно е да не го утнеме времето зошто после мака мачи. Кога ќе го видам дека се прозева стишувам атмосфера, давам цуцла и заспива.
Зошто затемнуваш просторија преку ден? Треба да разликува ден и ноќ. Мало е уште, на таа возраст и бебе немаше некој ред за спиење. Но биди упорна, продолжи да следиш прозори на будност. И пробај да лежиш со бебе, моево кога не спиеше го оставав со цице во уста за да одмори бар малку а и јас со него. Сега на 4м, почна да врзува повеќе сон преку ден. Ама ние па навечер се будиме на 2-3 часа. Нема совршено.
Мајка и моето не спие, ама вечерно време спие и по 12 саата со будење за јадење само, така да не ни очекувам дента да спие, едино ако на доење заспие по пола саат така, ама сега веќе весел е буден, си се смее, игра, сма на 2м плачеше често денски. Може е период, барем кај нас беше, напорно е да буден денески, сма па од друга страна сите спиеме ноќе што е многу добро.
Читав дека така доаѓа до квалитетен сон.. На друг начин ќе му покажеш да распознава ден и ноќ. (Немам проблем со ноќта)
Колкав е мајка? Мојава и плаче... Да не плаче нека седи, нека гледа, ќе играме ама има некоја мака.. Често и повраќа после јадење па не знам дали можеби и тоа плус допринесува..
@Sun&Moon исто е и моето иско пратам и знаци и будност и се, дење не сврзува саат никако. Нели нашиве се баш близу со датуми. Првата рем фаза одма е будно, никако да ја сврзе. Кај нас не може да е тивко, тоа е веќе јасно. Се додека не дојде 9ч на вечер, оно или се буди одма, па презаспива по 3 пати додека уцврсти или ако имам среќа ќе заспие без преспивање ама ете 30-40мин највеќе. Дојде 9ч, заспано е до 6 сабајле, станува цица додека и јас спијам и презаспиваме до 8-9, стануваме, еден саат будно и тукс е првата подолга дрема од саат-2, после тоа веќе напишано е. Оно саатите за спиење во рок од 24ч ги исполнува де ама таман нешто ќе завршиш ете го станато. Јас да не се жалам многу пти од ситуацијата дома сум задоволна ептен пу пи уште големава да убедам градинка да оди ии охоооо не и давај дохрана ако не а потреба,рефлукс има или ја прејадуваш? види да не голта многу воздух при јадење
Причина е кај некои деца треба повеќе време и вит д. Не си прави стрес непотребен. Се си правиш како што треба. Мене секакви филмови ми се вртеа, па ми имаа спомнато дека ако нема и на 3то ехо јадра ќе требало протези. Нема врска значи. Јас во најжешкото го виткав со широк повој од страв да не има некаков проблем. Ете за второто ни широк повој ни ништо на прво ехо немаше јадра, на второ веќе имаше. Ако ти рекле дека се е во ред постепено после 6ти месец почни да го седнуваш без форсирање, природно нека се одвива се и опуштено. Ти го разбирам стравот, сите ги имаме тие "бубачки".