Dali pystate klima preku den i na kolku stepeni? Malku nastinat e bebush so noseto pa mi e strav da pustam a pekol e. Za 5 dena 2 meseci pravi.
Од прв ден кога дојдовме дома. На 25 е ставена. Само пазете на влажноста во просторијата и нека дува најгоре, да не е директ во бебо. Лесно да минува настинката.
Ne e blisku do bebo za da duva direkno vo nego ama strav mi bese. Na 25 na avto pretpostavuvam?Fala ti najmnogu.
Тоа може проблем да ти направи, не секогаш ќе бидеш во можност да затемниш. Јас воопшто не внимавам на тоа преку ден е бучно и светло, исто и кога сме излезени си спие мирно во количка нема проблем. Не водам евиденција на должината некогаш дремнува 15 мин некогаш 45 секој пат е индивидуално а временски е приближно нема точно време кога освен ноќното спиење.
А ние без клима шо сме? Бебе е жива вода нон стоп, ми иде под чешма да го држам цел ден, се нервира ептен, го држам скроз голо без памперс тогаш е весела, кога цицааа абе утооп, жалосно. Мразам лето, нит да прошеташ нит да живејш нормално.
Јас во тие денови се пикав по трговски каде колку толку беше климатизирано. Кај нас обратно е па сеа, заврна и температурите се околу 18-20 степени. Кога низ цела Европа имаше поплави, тука беше суша со високи температури. Сеа насекаде топлотен бран, кај нас свежо. Ама не се бунам, таман е оваа температура за бебиш.
Бубиш вентилатор е спасот, ние во Лондон тоа користевме, ем како бел звук служи, само да не дува директ. @Sun&Moon 3м наполни, ама до пред 3-4 недели исто беше, и јас се жалев тука. Исто ми повраќаше цело време оти го прејадував со дохрана, решив да престанам со АД и само на града нон-стоп и така почна да фаќа ред и не повраќа веќе и спонтано некако со цицање заспиваше и почна цела ноќ да спие, ама пред спиење обавезно саат време и повеќе е на града. Е сега тешко ми е дека дента не спие, оти се ми беше во раце дека сами таму, а мм на работа и јас скренував, плус со плачки кога беше и грчеви, ретко беше мирен, ама откако мина тој вториот скок друго дете имам. Пак не спие ама сврзува ноќ и е мирен денски, само да го занимаваш нешто и глас не пушта. Сега сме во МК, во сите оди, се смее, гуга, дремнува додека цица само, ретко на друг начин заспива, а сакам да го научам не дека не, ама си велам рано е. Ќе помине, мислам не дека нема деца што се плачливи, јас ем не сум спиела ем многу сум плачела, мајка ми од умор на инфузии била постојано, ама веројатно од скокот е.
Како се издржува доенечка криза во 4ти скок Или се ја интересира и абер нема од цицање или вришти на града. Помага привремено ако ги оладам градиве со мокра тетра па да фати да поцица ама и тоа не е подолго од 5 минути. Не знам дали е најадена воопшто зошто цело време сум со цицките на мегдан а она цицнува едвај тие 5 минути во саат и пол, два. Дури и тешки ги осеќам градиве овие 2,3 дена. А почна да ми кака преку еден ден и каките поради тоа и се мнпгу чудна боја, темни некако. Плус и течни. Друга работа е што научи да се врти од грб на меше а од меше на грб не знае. Па ноќеска станувам по 5,6 пати да ја свртам назад на грб зошто ќе се сврти на стомак и вришти. Исто приметив дека се врти само на десно, на лево не сака. И очигледно сака да спие на страна, само така се мести. Читам и дремки дневни сте спомнале. И таму сме катастрофа. Само шшкам по дома за едвај пола саат дремка. Такви 4 ги има. Стварно не знам до скокот ли е зошто сме на сам почеток или до мешто друго ама ко друго дете дома да имам.
Вчера чекавме да залади и излеговме накај 20ч.. надвор нормално беше претопло Незнам кое е идеално време да се излезе и да се легне Додека се вративме дома фати 21ч.и додека го заспијам од толку што беше топло едвај заспа, а богами и ние. Се разбуди сварен накај 3, а од нас вода течеше. Ова прво лето ќе го памтам Не е хумано.
Луѓе а оти не ги шетате заспани во количка? Јас така шетам, потоа само го преместуваме дома, ем со татко му ќе де разладиме, по едно пивце, безалкохолно за мене и раат сме. Па и само дома не бива, жешко не жешко воздух му треба, а и мене богами.
Мајка, со лесно со 4тиот скок. Потребно е мнооогу живци, да го истуркате Моево веројатно излезе 2 недели порано, се опорави малку. Инаку беше страшно. Дремки има 4 во денот нешто 30мин, нешто саат-саат ипол. Се на се, прати прозори на будност, да не се премори или пак преспие. После скокот решив бебче да слушам што, кога и како сака, но да се водам по некој ред. Претходно ептен го држев под конец, ама па и не може секогаш и секој ден да е најидеално колку и да сакаш. Ќе ти одбива и да јаде, ќе сака некогаш и повеќе.. Ќе одбива да спие, па ќе се умори и ќе биде плачливо.. Ама во овој скок најмногу учат нови работи, па повеќе вежбање и играње за да совлада тоа што треба.
И ние така правиме и срам ми беше да пишам, како изрод се осетив. Пред 9 ипол цица, во количка и 9 ипол сме излезени, а он е заспан. Спие дур сме надвор, знае и 12 ипол да не фати, се враќаме дома он уште спие, пресоблекувам, давам јадење и продолжува со спиење. Да седам дома цел ден ради жешкото мислам дека официјално ќе се мрднам.
И моето заспива тоа време, ама деновиве малку покасно го заспивам бидејќи сакам да го изнесам малку и на воздух, а и мене ми фали надвор. По цел ден сме дома и тоа па тоа е секој ден, мора да се регенерирам. А преку ден, шанса нема да излезам. Или пак, треба во 6-7ч. да излезам да шетам, а тоа време незнам кај сум @1209 тоа е најинтересно, 5 мин. пред да стигнеме дома обавезно ми заспива во количка.
И нас не чека четврт скок наскоро, тренирам живци уште од сега. Предложете некои развојни активности со 3+ бебе.
И ние денес свртевме едно кругче во населба,излеговме во 21:10. Сигурно ме оговарале комшиите ама баш ми е гајле,ќе побудалев цел ден дома. И на бебе му пријаше,будно беше надвор. Температурата не беше за пофалба,31 степен,ама бар сменивме средина малце. Дојдовме дома,бањање бебе,бањање батко ,јадење двајцата и во кревет. Не знам што ќе се прави цело лето е пред нас Инаку @Bubish26 јака ти душа со двете дома. Ние уште се бориме по саат два ноќе кога ќе се разбуди бебе да презаспие. Ноќеска имавме бурна ноќ и околу 6 го препуштив бебе на мм и легнав кај батко. Во 8 ме буди се наспал,а јас не знам кај се наоѓам. Му дадов тел да гледа цртани јас да спијам,10 пати ме буцна во тие 30мин ,на крај побара јадење па станав. А баш мислев да не го носиме некој период во градинка ,да одмори и он од жешково. Ааа не,додека не фати бебе ред,ќе биде колатерална штета бато. Жал ми е,ама не сум способна да функционирам и да се грижам за двете. Не дека и во градинка му е лошо,ќе си јаде ,пие,спие,ќе поигра со другарите. Од утре и тато се враќа на работа,со бебе 13 дена старо сами дома...измешани емоции
Надвор само сабајле нешто пред 8 до 9 и дома, искачавме и навечер од 7 ама овие денови само пред зграда и назад многу е топло а мали за покасно спие
Мајки дали им ставате капче на бебенцата после бањање за косата да се под исуши и на овие температури?? Бебе е 3 ипол м