Иста мака сме и мојата е во 4-ти скок,едвај ја ставам на града со вриштење некогаш и ја уклучувам смукалката за да ја фати и плус по цел ден плаче утре сме на вакцина како ќе не биде незнам немам сила не сака ни враце ни во количка никаде само плаче и спие по 10 мин најмногу,од бебе шо ми преспиваше скоро цела ноќ само еднаш во 3 за да јаде и одма вкреветче сега станува сто пати и плус не можам никако да ја заспијам оти заспива само на цицка сати ми требаат додека фати и станува во 4.30 до 7-8 се бориме да заспие наново.И мојата научи да се превртува од грб на стомак само на едната ама денес и на другата еднаш успеа и не може да се врати од меше на грб исто плаче да ја вратам,се надевам ќе помине брзо оти не се издржува ова повеќе.
Не излегуваме збеснав по дома, под клима сме цел ден, ако излегуваме тоа е во 6:30/7 пола саат, саат колку воздух да ја фати, околу 6ми станува секој ден, навечер од кај 9 спие, накај 8ја бањам, и не ми оди да ја сецкам
Зошто безалкохолно, слободно едно пивце и дете мирно и тебе убаво и плус за млекото е многу добро хранливо
Јас ставав само првите 2-3 недели, во јануари ова. Од тогаш не сме ставиле воопшто. Сега веќе и додека ја намачкам со лосион, крем на лице и такви чуда веќе е сува косата.
Што знам шубе ми е алкохол да пијам. Прееска имав гости и јадевме кебапи па се напив пола чаша па чекав два саата од шубе и он прегладна. Во Лондон дека сајдер овошен пиев многу ми е убав и не ни мислев на пиво, сма тука потешко сајдер да најдам, а хајникен 0% не ми е убав, што знам.
Алхохолот оди во млекото. Најголем мит е дека е многу хранливо пивото за млекото. Безалхохолното ја врши истата улога, само нели, без алхохол. @1209 правилно си пристапила со паузирање. Прогуглај според твојата тежина и врста на алхохол колку часа апстинирање е за што, има разни табели.
Е колку алкохол има во пиво. Од едно пиво ништо нема да се деси. Јас знам да си дозволам еднаш неделно . Мене ми кажаа дека е хранливо ама нормално не пијам секој ден На сите ни треба малку издишка. Тоа е мое мислење Пивце за живце
Дали некоја од вас го користи Hipp AntiReflux и какво искуство имате. Ни се намали блуцкањето но сега имаме проблем со тврда столица. Се мачи поцрвенува долго време и треба.. не знам дали да продолжиме со него
Мајкаа, те гушкам силно. Претешко ќе ти биде.. од прв ден сум сама, плачев заедно со нив, генерација ни се двете деца, па можам да ти кажам дека кризата на големото може да биде ептен напорна, бебе не е толку напорно колку големото. Само стисни заби и издржи, не викај, не го карај претерано, гушкај двете истовремено, гушкај големо кога спие бебето и ќе биде се во ред. Сега сме 2м, преезадоволна сум од дада како се справува со новата улога и емоциите, потребна и сум посебно на вечер и сме имале кризи деновиве пак ама во споредба како беше, сега се и двете бајчиња. Нина стануваше од кога се роди бебе по 3-4 пати на вечер со пиштење по мене, тешко презаспуваше, бебе уште не спиеше како треба, дење припаѓав од умор ама сегааа спиеме трите до 9 е сега проблем е што Нина одбива градинка, не знам како ќе ја убедам... толку има одбивност и тоа наеднаш, шо мислам ќе дојде до одпишување. Блазе си ви на вас што имате опција да излезете на вечер и да уживате, ај големава шо мора да си легне, туку бебе не спие во количка иако добра е, почна да седи во транспортер, криво ми е за корпата само ама тоа е. Страв ми е да излеземе со мм додека они спијат, мама да ги причува на саат два.
Точно, и мене ми кажа Др дека пивото е корисно за млекото, штета шо не ми праам на маж друштво, а толку завидувам кога ќе видам на овие жештини испотени замрзнати чаши.
Има и тука сајдери, ама и во нив има алкохол. Јас пијам Хајнекен со 0% алкохол и 0% грижа на совест, добро си знаеш.
Нее какво капче на ова време. Сушам со крпа или тетра и тераме. Одамна не ставам капче, исто 3+ е бебе.
Виксш бањање успивање и наместо у креветче у количка и да шетаме Ја мислам се така дека ќе ни се испоремети затоа не сум испаднала така, не дека не ми текнало хаха
Ако е полна, да-ја проверувам. На почеток на 2ч ги полнеше, сега гледам не ги полни брзо па повеќе часови си ја носи, а потоа надокнадува
Нивото на алхохол во мајчиното млеко е скоро идентично како она во крвта. Секоја капка алхохол оди директ во млекото, стварно не гледам што е хранливо тука. Тебе (хакирам со тежинава) на 60-70кг ти е ништо едно пиво, истото тоа пиво на бебче од неколку кг му е баш нешто. Има доста информации на нет, прогуглајте.
Алхохол летово знам да се напијам сидер или бризер, навечер откако бебе ќе заспие накај 10, прв пат на цице е накај 8, 9 сабајле. Мислам дека не е проблем. А за пиво педијатарот ми рече на почетокот да пијам но безалхохолно за млеко да надојде. Али не пробав бидејќи не сум фан на пиво