Точно, состојката која го стимулира надоаѓањето на млекото ја има и во безалхохолно, само за разлика од алхохолното може веднаш, без пауза, да се дои. Научниците и докторите цели табели и формули имаат направено за секоја врста на алхохол колку часа апстиненција од доење треба. Не дека е неизводливо мајката да не се напие, но потребно е да го знае сите научни факти па да калкулира дали со измолзено дали како што направила @1209 со пауза од некој час до наредно доење.
Да бе, што праи бебе разлика кај е, ако му се спие ќе спие Вајда Моево вчера, имавме гости и јас го спремам да одам да го успијам оти гледам дава знаци дека му се спие, на мм еден другар го играше и јас отидов до вц да се замијам и спремам за спиење, се враќам он кома кај него во раце, во рок од 5 мин си заспал И само го преместивме за некое време. Моево кога се работи за вечерно спиење кај и да е ќе заспие и зацврсти, па и во количка знам дека штом излеземе ќе заспие до прва кривина вечерно време. Пробај ќе видиш како ќе рагира, ама ја мислам нема проблем, освен оговарање од маалските баби
Синко мој спие кај стигне ако му се спие, ама препишувам на тоа што е мал. Потаму ќе видеме како ќе биде.
Што убаво звучи ова со спиењево кај стигне. Мали до пред некое време спиеше во количка, можевме на раат да шетаме, а сега нит спие, нит сака да пие млекце кога шетаме, зјае само наоколу. Вчера кога пушти еден глас, со ништо не се смируваше, па трчавме накај дома
Среќа и ќерка ми спие во количка па може да ја шетаме и покасно. Инаку пред 8 не се диши деновиве, ама и цел ден дома не бива. Од збес во мол отидов неколки пати, а ич не сакам да ја пикам во такви места. Ама мислам и двете се мрднавме дома. Па компромисот ми е излегување покасно и прва тура спиење во количка. Гледам по неа убаво и прија воздух и не се буни. Кога е убаво заспана не осеќа ни кога ја префрламе од количка во кревет. Само единствен услов е да не шетаме каде што има бучава, сепак не сакам ноќното спиење да и го реметам со отсечни звуци. Кога сме негде отидени на туристичко место каде што не можеш баш да избегнеш галама и музика знам да и ги ставам антифоните на уши да си одмори раат. Неколку пати се тестирани, спие за мерак. @Bubish26 не и се откажувај на корпата. Ти кажав мојава до два месеци вриштеше кога ќе ја види, сега не можеме да ја извадиме од неа, царува таму се шири. Алкохол пијам или една чаша пиво или една чаша бело вино, само навечер откако ќе ја легнам и знам дека ќе поминат 4 саати додека стане за следно цицање. Иако за овие два алкохоли доволно е два саати да се процесира таа една чаша, некако пак чекам да помине плус некое време. Со жестоко сум скарана додека дојам, не можам да ризикувам толку и да пресметувам колку саати поминале, не е толку зорт.
Лелее јас сакам така, ги гледам како спијат охоо убавини, ни првото не ми ја сакаше.. ама сега кога ќе одиме Мк ќе мора со транспортер само, затоа барем еден месец да се повози додека отидеме
Седам во кола додека бебе цица, и си размислувам каде е проблемот? Само што искочив од педијатар за 40 дена бебе напреднало само 450 грама. Др вика ок е, терајте само цицање до 5 месеци после ќе видиме, но мене ми е премалку. Млеко имам, цица од една од другата си тече. Често и повраќа од што е прејаден валда. Дали е бебето такво, толку му е капацитетот за напреднување или што? Има 4 месеци и за 400 грама ќе му биде дуплирана родилната тежина, но кога ве читам вашите колку качуваат месечно се си мислам дека бебебо слабо ми напредува. Вака не изгледа слабо, си има и обравчиња и бутчиња ама пак нешто ми мати памет..
Па не се сите бебиња исти, може со маж ти и двајцата сте слаби па ако е така не очекувај бебе да качува не знам колку Плус денес дебелината е проблем, а не слабите луѓе Така да додека е весело здраво право не е битно колку грама качува
И во тие со 0% има одреден процент на алкохол,е значително помал но сепак го има,и јас ги пијам и сајдер и пиво.
Јас си пијам аперол со безалкохолно просеко навечер, откако ќе го легнам. Пошо знам дека следно станување ќе му биде за 6-7 часа. Пивата сите ми се исти, си делкам безалкохолни без проблем ама ете, аперол на лето вака ептен ми прави мерак.
Не се нервирај, не може се да е по книга. Ќерка ми првата недела откако не испуштија напредна само 20 гр затоа што многу повраќаше. Оттогаш покрај што сменив моја исхрана, без исклучок после секое доење убаво мора да ждригне и ја држам подисправена барем 20 минути. Драстично се подобри состојбата со повраќањето и почна да напредува поубаво. Сепак се движи во просек помеѓу 750-800 грама месечно ама јас сум задоволна затоа што ми личи дека се си е таман. Мирна е, си спие, се смее, си гуга, полни пелени, има гушичка и фалтички на бутчиња. Пробај вака па види, а во меѓувреме јас не би давала дохрана ако детето личи во ред.
Ако не плаче и си е ок, таман и е.. Мојава исто малку качуваше ама и многу плачеше па даваше знак дека е гладна..
Да знам дека има, 0.02% алкохол, така нешто. Секогаш пијам кога бебето ќе заспие и знам дека нема да цица во минимум следните два часа.
И моето е исто мајка, јас се нервирав и прашав двајца доктори, ми рече штом напредува и си е во граници на нормала за негова возраст нема што да се сеќираш, некогаш ќе надава повеќе, некогаш помалку. Јас и мм сме слаби, а јас како бебе сум била ептен ситна така да не очекувам он да е буцко, вака не личи слаб ама и мене мо е на мисла некогаш.
@Nala37 Ние од старт мака мачевме со качување килажа. Се роди 3 и 400, на 3ипол месеци има скоро 6кг. Јас се измачив за да ја дојам и не се откажував. Кога качуваше и по 15 грама на ден во просек ми викаше докторката детево не ми соодветствува со бројките, ја гледам весела, буцка, со фалтички со се. И затоа си продолживме со доење. Знам да дадам и шише молзено/ад еднаш во денот, ама тоа е зошто јас така сакам не дека и треба нејзе, всушност оброк цицање заменувам со шише. Мене по се што прочитав и не ме изненадува што не става килажа по книга зошто е многу пргава и само мрдка. Не секое дете е исто. Ако се смее, си гука, не е плачливо и нервозно, се си е потаман.
Колку месеци сте? Ако сте 4+ од 350-550 е нормално да качува, се намалуваат гр како што растат. Имаат и период на стагнирање и покрај јадење така да слушај доктор
@Sun&Moon @1209 @Thinkerbell. @Giovanna Си ждригнува он ама обавезно и блуцка заедно со ждригањето. Се смее цел ден, расположен е и гуга. Полни пелени, од сабајле до сега 3 имаше какани и тоа сенф боја. Роден е 3200 не отпуштија со 2950. Сега тежи 5760. Јас не сум некоја крупна, маж е средно. Ама девојчето подобро ми напредуваше, ова машко божем треба да е покрупно. Имав доста обиди да воведам АД, но бебе никако не сакаше, т.е шише не сакаше ни молзено. Блуцка најмалку 2 пати на ден, зарем тоа не е знак дека го блуцка вишокот? Имам млеко често се засркнува од млазот. По мои пресметки 10 гр на ден има качено. Ќе го почекам нашиот педијатар до 1 август па ќе видам он што ќе каже, може ќе добиеме зелено светло за воведување на цврста храна, таман скоро 5м ќе има тогаш. Фала мајки @Bubish26 4+ сме да. Мене ми е мислата за понатака, ако сега качува волку малку, понатака како ќе не биде
Јас мислев ти бљуцка после секој оброк. Инаку секако нормално е вишокот да си го бљуцне. Некои педијатри би паничеле и одма ќе ти тупнат адаптирано, некои би рекле дека е супер. Од се што имам прочитано и слушнато, твоево не е за грижење. Не може сите деца да се +1 кг на крајот на секој месец и тоа е во ред ако го гледаш дека ти е среќно детето и си напредува со други работи. Мене педијатар ми кажа се очекува да дуплира родилна тежина до 6 месеци и да триплира до година. Истото го имам прочитано и на форумов од други мајки. Така што гледам дека вие сте на добар пат до таму.
Не, не блуцка после секој оброк. Чудно ми е ако има вишок, тој што го блуцка зошто малку качува? Знам во право си, не може секое да качи 1+ ама еве пуста желба. И педијатарот(замената) рече дека скоро ќе ја дуплира родилната тежина и дека е ок да не се грижам. Бебе е среќно, весело па ќе пробам да се опуштам и да не се замарам со бројќи. Утре ќе правиме и крвна слика за вакцина па се надевам и тоа ќе биде ок и ќе почекам до следна контрола кај нашиот педијатар. Имам многу доверба во него. Фала мама.
Дланките се откриени, што пие кафана (алкохолно и безалкохолно). Што значи сега е цело време со раката во уста. При спиење мислам не може да се одлучи што му е послатко, дали раката или цуцлата, и се обидува двете да ги напика и се нервира пошо не може.