Ќерка ми почна да накачува малку повеќе кога ги стабилизираше дремките. Инаку претходно често беше будна и како моторче да имаше во раце/нозе. Кога почна да спие повеќе преку ден, а со ист интензитет на цицање почна да накачува нешто плус. Ова е само една работа што може да влијае, сигурно има повеќе вакви фактори што варираат помеѓу различни деца, различни организми. А вака на прва може не ги приметуваме. Битно знам дека кога е гладна или нешто друго не и е нареденод дека цело маало ќе ја дознае. Иначе си е весело бубаче. Одма ќе приметиш дете што е гладно и не напредува. Ете и педијатарот ти кажал исто, баш сподели што ќе рече и твојот кога ќе се врати.
Само ќе ти кажам дека првото ми е родено 3620 на годината имаше 8кг, на 3г има 13кг По книшката гледам дека на 2 месеци имале исто кг со бебево, а бебе родено 3100,исписница 2800
Уште малку и тоа ќе може Еве ги моиве, на почеток одеа со цела тупаница во уста, а деновиве пробуваат по два-три прста од двете раце и плус цуцлата заедно со долниот дел, се истовремено, чешкаат непца. Па и ако има и некоја играчка до нив и таа внатре во уста. И на крај задоволни, ќе извадат прстите и кај мене во уста, да пробам и јас колку е вкусно
Да не ме сватиш погрешно,чисто споделив информација,јас пијам од тие со 0% и за време на бременост а и сега.
Zdravo denes bev na pedijatar doktorkata ni dade vitamin c kapki po 8dnevno na adaptirano mleko sme.. E sega na upatstvoto pisuva za deca od 1do 3god 7kapki dnevno. Dali nekoj ima slicno iskustvo
И моево е со рацете во уста цело време ама нели треба да си ги гледа и да се чуди? Или ова значи откривање кога ги пикаат во уста? Јас па тој момент го чекам
Мило ми е што ви се средиле и дремките и напредокот. Мајка, анализираме до најмала ситница за да сватиме што и како се служува до бебувчињата Ти благодарам што сподели твое искуство, секое е добродојдено. За дремките на бебе не можам ништо да кажам цело време менува, сега фала богу преку ден фативме ред со следење на прозори на будност. Се надевам се подобро ќе биде. Секако, ќе споделам како ќе поминеме кај нашиот педијатар. @Bubish26 ти благодарсм мила за споделеното искуство. Те читав имате мака со крајници(ако добро запамтив). Ќерка ми како бебесупер напредуваше после имаше застој. Откако извадивме трет крајник си дојде на себе детето, сега може има и вишок некое килце
Родилна тежина треба да дуплира до 6ти мец, педијатрите повеќе тоа го гледаат отколку колку качува месечно, мојот бар така вика Мојот бејби вториот месец качи кило, па третиот 700 гр, сега 550 гр, така што нормално е да варираат секој месец. Јас давам молзено и точно знам колку испил дневно, и иако пие слична количина, качува различно. Исто и млекото си се менува зависно од потребите и возраста. Некој месец може и во должина повеќе да качат, во тежина не толку. Не му се замарај, гушкајте се со беба Следен месец и ние почнуваме со јадење, баш сум возбудена за тој дел Кога ги пикаат во уста се откриени
Не знам, јас па мислев ова е. Пошо почнува да се обидува да фати некои од играчките, секако безуспешно, си мислев дека тоа е тоа. Може сум грешка.
И јас сум многу возбудена а не очекував дека второ дете божем. Иначе кога јадеме бебе е до нас и ме гледа во уста и џвака и оно со устата. Фала мама, еве се опуштив, не се оптеретувам. Кога искочив од педијатар така лошо се осетив, знаеш чувството кога очекуваш едно и се соочуваш со друга реалност. Ама ок сум сега, битно ми е бебе да е здраво и живо и весело
Многу ми беше смешен мали кога сфати дека може да ги контролира, прво како што викаш, со затворено раче во насока на играчката само го носеше. Сега полека станува про, па наменски го фаќа пингвинот и го пика во уста
Хаха не знам кој е повозбуден, дали јас или тој. Секој ден учи по нешто ново и јас сум превозбудена за него, интересно ми е како го осознава светот по малце и колку се фасцинира од најобични работи.
Во рок од 11 дена детево мое се искака само еднаш а прди ненормално многу. Го однесов на доктор па ми рече докторката дека нема простор за паника штом мешето е меко и прди немс проблем. Да појачам доза на капки за грчеви и пробиотик за да се исчистат цревата од гасови бидејќи ради нив неможе да се формира структура за какање, а јад го прекинав целосно пробиотикот. Давав Биогаја сеа се мислам да го заменам сма не знам кој да го земам. Денес примавме и вакцина за рота вирус и шесто валентната, пустс мајка шо значело, на 15 мин го чепкам за главче од страв за дека може ќе качи температура од вакцината. Од ротата ми рекојс нуд појава пролив, па си велам во нашив случај и ок е ако има пролив за да се исчистат цревата… Вие ставивте вакцина бебчињата што ви се околу 10та и 11та недела? Ние сме 10ипол недели
Ќе почне полека и да ги истражува, па и твоитее после ќе ги гледа чудно, моето ќе земе пред него ги става и мрда со некои чудни фаци правење, со мм велиме почна со баење Многу се слатки стварно кога се фасцинираат од нови работи, пред некој ден на бањање кое чудење го удри на коленото многу смешно беше Него мали заспа во 12 и уште спие и тоа не во мене, дури ме зачуди, ама сабајле рано стана, не како што спие обично, некако на жешково како повеќе да се успива, можно е да е до тоа?
Мојот е роден 1800 на 5 месеци 8.5 кила. јас мислам тоа се некој стандарди по кои се водат но се е до гените и до самото дете
Зошто витамин Ц? Инаку, јас му давам на поголемото, 3 години има, не сум прочитала за бебиња. Има капки од повеќе фирми и различно е дозирањето, од некои се даваат на пример 7, од други 8.
Жени многу ми спие детето денес, спиеше од 12-2, па пак заспа во 3 ипол и уште спие, многу чудно за него, можно од жешкото да е или нешто неарен да не ми е? Додуша и многу се измори деновиве со гости и сабајле од 8 буден беше ама што знам на мисла ми е. Онака арен ми личи, малце повеќе цица од вообичаено.