Исто и син ми има таков период, прозор на будност од саат и пол, максимум два и сака да спие, а спие цели вечери со едно станување за млеко. Дремките му се долги по 2 саати. Во 4ти скок е и засега супер го поминуваме. Машала, си има апетит и весел е. Точно 4 месеци е.
Невообичаено ти е зошто општо е неспијач, иначе не е многу. На таа возраст треба да има 3-4, па и 5 дремки, времето на будност меѓу дремките 1 ипол до 2 саати, а должина на дремката до 2 ипол саати. И син ми менува, ама во принцип има 4 дремки, некоја трае неполн саат, некоја саат ипол, некоја два-два ипол саати.
Здраво мајкички. Се спремаме за прва рота вакцина и петовалентна за утре па денес направивме крвна анализа. Се е добро освен PCT покачен, од 0.11-0.36 на нас ни е 0.42. Не бев запознаена баш што точно е тоа па прочачкав на гугл и ми се слоши што пишува. Докторката не можам да ја добијам да ми каже дали е опасно. ЦРП добро и леукоцити. Дали некој имал сличен резултат? Ви благодарам на секој одговор
Можеби има малку удел жешкото. Не му се секирај, ќе менуваат. Моето дневните дремки му се од 2 до 2 и пол часа со саат и пол будност измеѓу, што да цица, што да разгледува или да си поплачи. Ноќе си поврзува 4 до 4 и пол саати. Ќе видиме како ке продолжи понатаму. За сега за мене тоа е супер
@1209 и јас мислам дека му е од жешкото. Гледам по моево, секој пат кога ќе ја изнесам негде и времето е такво тешко жешко многу повеќе спие од вообичаено.
Исто смее, деновиве денски беше ужас посебно вчера, дома гости гужви, денес спие цеееел ден и тоа во количка јуухууу се погоди денес цел ден само надвор да сме и го преспа.
Ние уште мака мачиме со зелена столица,прво беше темно зелена па сменив млеко и пробиотик сега е светло зелена.. Мислите до млеката може да е? Има искуство некоја? Пиеше Аптамил доби запек па сменивме на Новалак ИТ се стабилизира запекот ама уште зеленово трае. Се мислам на Бејбилав да се префрлиме.. Не знам што да правам веќе искрено..
И кај нас денес бебето мн спие, од 5 ипол сабајле до 14ч беше будна со многу кратки дремнувања од 10тина минути. Од 14ч до сега 3 пати за цицање одвај ја будам, во сон цица, нема темп, дома е климатизирано, спокојно спие, памперс полне со мочки, стана за бањање, цицаше и пак спие. Ко да и е ноќ целото попладне. Дали измалтретирана од претходните денови со грчеви, па сега хибернира@!? Штом ве прочитав и вас дека сте слични, поспокојна сум
^^искрено после вакви долги дремки, ме плаши тоа што следи. Кај нас може и цела ноќ да е будна, и да ја мачи мешето
Не знам што е ама мојов денес сто пати спиеше, на секое доење спие, сега се вративме, од 8 заспа во количка и уште спие. Не знам што е со денов.
Може од железото во млекото да е зелена каката. Не се секирај, ништо страшно не е. Не му менувај толку млека ако нема потреба, јас така направав од паника што бљуцкаше, Хипп па Аптамил па Бебелан и на крај пак на Аптамил се вративме. Мојот од Аптамил имаше на почеток течна и зелена столица ама постепено си се среди и сега супер му одговара млекцето.
Мојот уште малку 6 месеци ќе прави на рака можам да избројам колку пати имал жолта столица и тоа во почетокот. Цело време му е зелена ама сите можни нијанси на зелено. Ми рекоа дека е нормално
Мајки-крајот не ни се најдува. Јас дојдов да се пожалам пошо денес не спие, гледам тука се жалите пошо ви спиеле. Да се пријавам во клубот со зелени каки. Во денот ги поминуваме сите нијанси на жолта и зелена.
Да ги имам тие 2 саати слободни во денот хахах денес ова нашево ши поспа иначе е денски претежно будно иако задива на саат, дремката трае многу кратко
Исто и кај моево. Прво мислев да не е гладно, па зголемувавме млеко. Па ќе и биди тешко од многу млеко, па враќај количини. Сега веќе и портокалова нијанса има кога јаде батат.