Моево откако наполни три месеци е ново бебе. Толку е размрдан, мирен е само кога спие, ама нека, така си личи. Кога читам какви се повеќето бебиња периодов страв ми е да се пофалам дека он е бубаче зошто не чека четвртиот скок за 3 дена. Единствена ‘мака’ моментално ни е што нон стоп сака да цица. Ако е буден само шљамка со устето. Брадавиците ми се направени партал. Ама жешко е многу, а млекото им е и храна и вода па сигурно затоа е така. Гледав некои вежбички за стимулација на roll over, планирам утре да ги пробам. Ме буни само тоа што сегде читам дека прво од меше на грб се вртат околу 3-4 месеци, а од грпче на меше тек на 5-6, а он повеќе покажува знаци за второво. Ама па од друга страна си викам не се сите деца како по книга. Некои воопшто не се вртат, директно седат и лазат. Други не лазат, директно одат.. Така да како ќе решат они така. Ние сме тука да ги следиме и да им помагаме во развојот. Дефинитивно со полни три месеци се човечиња и секој ден е сѐ поинтересен.
@Bella_Stella , дефинитивно не се исти. Кај мене тек после 4 месец почна од грб на стомак. Ни вежби, ни ништо не правиме. Обратно не знае ни после два месеци. Може да разбарам вежби сега чисто ради безбедност, да знае да го направи тоа. Ама дека нешто многу ми е битно дали на 3 или 7 месеци ќе го направи, па и не ми е.
Колку направивтр мајка? исто и кај мене е буквално, како моево да го опиша.. само во раце нејке на др место едино може на подлога да поседи макс 15-30мин и да се врти грб стомак па да отиде на паркет.. и штом го вратиш почнуваат плачките и кога почнува 5ти скок? До тоа е викате а
Не треба да спие на стомак, освен ако од позиција на грб сама не се врти на стомак. Не е ни важно кога ќе научи. Нема потреба од ништо да се прави и само кога ќе извежба, тогаш ќе се врти. Сега можеби друго си усовршува и кога ќе дојде време за другото, ќе си биде спремно за вртење. Многу се слатки кога учат и совладуваат одредени вештини, затоа уживај си во процесот кога ќе достигнува нешто. Секако дека нема да остане без вртење, кога тоа самото ќе сака ќе научи да се врти, ќе извежба одредени мускули и ќе сконта.
Леле мајки дајте ми надеж дека во скоро време бебево ќе научи што е ден а што ноќ Ова не се издржува, секоја ноќ саат ипол два он е буден Нацицан,пресоблечен и нервозен. Му се спие,го држиш во раце спие,спушти го вреска. Едвај на крај во количка се успиваме или ќе заспие во раце па го префрлам во количка. Бато беше умен си спиеше ноќе,овој лошко си тера две недели вака Мене воопшто не ми смета да се буди на 3ч за цицање,како што се буди. Но обавезно на едно будење не презаспива одма. Ако има некоја финта за да го научам да спие ноќе,споделете.
Различни се мајка, мене првото ми беше како тебе второто. Рано е да бараш да научи што е ден, а што ноќ. Само држи се до рутината и тоа е тоа али реално ретко кое бебе преспива цела ноќ, после 2 месец се способни да почнат да разликуваат, дп тогаш е тешко. Мене Нина прв пат ми преспа цела ноќ на 2години,а првиот месец ме одтаваше цела ноќ будна,никако не презаспиваше одма, плус имаше рефлукс и таман заспи, поврати правеше огромни количини и пак наново, а бебево на 2 месеци спие вела ноќ, ништо посебно не правев, нити се распнуваше кога цицаше.
Жени абе моево бебе деновиве многу се тегле нанапред кога го држам, исто и на нозе кога го ставам да лежи ја крева главата и се витка нанапред, се спрема да почне да седи или нешто мака има? Многу чудно движење, вашите прават вака? 3+ е.
Дали откако ќе научат да се превртуваат, воопшто ќе им текне дека може да се лежи и на грб? 5++ се, спијат 10 мин како што ќе ги успијам и одма се вртат на меше и роварат низ креветче, се вртат за 360 степени, бутаат раце, нозе низ оградата, па слушаш само бум со глава. Од страв да не се повредат, ги земавме со мм овие денови да спијат со нас по едно бебе во соба, додека помине фазава, скок што и да е, и само се менуваме по цели ноќи, земе едно земи друго. Ќе поспијат малку, па им текнува дека им се игра, се вртат на меше и пробуваат да лазат, а не знаат, и ко риби на суво преткаат, па ќе се свртат кон мене на страна да се гушкаат, тогаш и им се збори и им се спие и плачат од што не знаат што да направат побрзо. Претходно, ќе се фатеа за главче и заспиваа со оние ќебенцата за гушкање за 5 минути, па им ги тргав и раат 4 саати, сега ни 4 минути. И многу се нервозни, лом се прават на лице што се тријат со рачиња, нокти...
Пишав погоре дека многу е станато подвижно и моето. Кога го држам или кога цица главата толку многу си ја тегне наназад, се чудам од каде толку сила во една ронка човече. Исто се дига цел нагоре кога лежи, повеќе на лева страна, а главата ја зафрла наназад. Дур да заспие прета ли прета, па ќе се стиши и се комира. Претходно заспиваше многу помирно, сега е како ова емоџи
Јас му правам вежбички меѓу кои и за вртење, за да го подуморам за полесно да заспие, и за да му покажам како за да може после сам, па да си продолжи со лазење, па седење итн. Веќе и му здосадува кога лежи само а нема занимација, прета и вика. Колку што сака толку седи на подлога, некогаш 5 мин, некогаш 30. Некогаш вежбаме, пееме песнички или си лежиме само и си муабетиме, зависи од расположение Секако дека не треба да се форсира било што, кога ќе си биде спремен тогаш ќе си почне. 4ти скок ли е, регресија ли е, ко на струја е уклучен деновиве, живец невиден. Дремките од саат ипол ги скрати на 30 до 45 мин, и многу немирно спие, клоца со нозе и раце па се буди па се нервира што се разбудил. Ем не презаспива, ем кенка од што му се спие Како ве читам за 5тиов скок, едвај чекам да ни дојде, да видиме каква забава ќе ни приреди
Никогаш не сум и давала адаптирано, денес сестра ми ја чува и се задржав повеќе па таа и дала адаптирано. Ноо ја заборавила флашираната вода, го направила со топла вода од чешма. Може ли да има нешто негативно многу ми е страв. 100мл испила
Грешката е веќе направена, внимавајте да не се повтори. Не дека ќе направи не знам каква штета, во наше време не ни имало бебешка вода, ама сега препораките се други.
И без тоа само ќе си може, без гајле. Нема да остане без да се врти обратно. Ќе си сфати кога ќе биде спремно и без да му покажеш, ќе си го намести рачето за да може да се сврти. Пушти го, ќе се изненадиш како само ќе пробува и ќе успее. Не брзајте, ќе си ги направат сите работи со свој ред, не треба да се интервенира ако не каже ортопед дека има потреба од тоа. Вежбаат и со самото претање кога не им се седи веќе во одредена положба, зацврстуваат одредени мускули, па и додека мрдаат со кенкање. Мали машинчиња се, дозволете им сами да успеат. Добронамерни ми се муабетиве, да не ме сфати некоја погрешно.
И јас знам дека не треба на стомак а мојава се врти. Од грб на стомак сама, а назад не знае. И сеа не сум паметна што да правам. Некогаш знае да закенка на стомак кога ќе се сврти за да ја вратам назад, а некогаш си спие така и ако ја свртам на грб плаче и пак се превртува на стомак Инаку ортопед ни кажа, вежбање е ставањето на меше. Толку. Се што прави сама да не се спречува и ништо да не се форсира. Најнормално е. Мојата и во транспортер кога е и во раце пробува да се исправи и се тегне напред.
И јас на почетокот поголемиот го враќав на грб ако се свртеше на стомак за спиење, но тој пак сакаше на стомак. Го прашав Антоније што да правам, тој ми кажа да го оставам и да не го замарам ако сам се врти. Јас си знам како спиев тој период, само го проверував
Таман работа, тука сме за размена на мислења и совети За мене времето поминато на под со активности е начин да поминуваме време заедно. Вежбичките конкретно се едноставни и преку игра, пр. Седење на меше на водена подлога или за да стигне до седењето на меше, не го дигам туку го вртам со ноџињата или тропкам со играчка за да ја следи. Таман работа да правам вежби за корекција за кои ниту сум стручна ниту има развиено мускулна маса за тоа. Раното совладување на развојните фази не е показател за интелигенцијата на детето и тоа воопшто не ми е цел
Го делам мислењето. Ни мене правењето вежби не ми е со цел да го форсирам да совладува работи за коишто не е спремен. Баш како што кажа тоа е време за нас двајца, време во кое си зборуваме, ‘вежбаме’, се дружиме. Со оглед на тоа дека е мал и уште нема друг вид на интеракција со него, така го исполнуваме она малку време кога е буден. Секое дете си е со свое темпо на развој, тоа си стои.
So kakva voda mu pravite mleko? Specijalna od apteka ili moze i rosa? Nekako mnogu skapa mi ide od apteka.
На кој начин го вртиш со ноџиња? Ако добро сфатив, тоа си лежи на грб и ти му ги фаќаш нозете и го подзавртуваш за да се сврти на меше. Мислам дека тој начин не е подобар за да биде во позиција на меше од тоа директно да го поставиш на меше. Сепак сметам дека не треба бебињата да ги врти никој на ниеден начин и во ниеден момент. Најдобро е самото бебе да го одреди темпото за колку време ќе зајакне за само да се сврти од грб на меше и обратно. Едноставно, немаат потреба од наша помош за да ојачаат и да се вртат, да седат, да одат и сл. @Bella_Stella Секако дека не ти е цел да форсираш нешто за коешто не е спремен. Но, форсирање е (грубо звучи зборов) помагање и на нешто што сметаш дека е спремен. Можеби баш тогаш не е спремен да го вежбаш да се врти (на пример) од меше на грб, иако тоа што се врти од грб на меше можеби изгледа дека е соодветно време за вежби. Како што е фаќање за раце и помагање да седне детето кога почнува да се витка во хранилка или количка вежбајќи седнување. Или, друг пример, кога покажува знаци дека сака да стои, а некој зема и го патка за да му помогне да прооди. Можеби не му е потребно баш тоа што му го вежбаш, телото за што и да е само треба да си го спреми без помош. Секое помагање е мешање во самостојното совладување на вештините и во темпото на развој што си го има секое дете. Не ме тепајте Не ми е целта да ви наметнувам како да постапувате, секако вие си правите и ќе си правите како што сакате, само си споделувам искуство и совети, насоки и препораки од ортопед.