Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.736
    Допаѓања:
    21.428
    Пол:
    Женски
    Сѐ што правам се вежби за разгибување и јачање на мускулатурата покажани од ортопед. За други ниту сум стручна, ниту пак би ризикувала да правам било што на своја рака.
     
    На Cence и 0ли им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.025
    Допаѓања:
    45.907
    Пол:
    Женски
    Мене во Лондон ми рекоа никако со флаширана вода, наводно имала многу повеќе минерали од што им е потребно, само од чеша провриена, јас така спремав порано.
     
    На Zumbulche и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    8.494
    Пол:
    Женски
    Јас му давам роса или превриена со шеќер да пие. Ми рекоја да го појам ради жолтицата, но и продолжив да му давам. Така да можеш или со роса или од чешма превриена. Зошто да даваш за оние од аптека.
     
  4. DaisyD

    DaisyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Да, му ги вртам ноџињата на страна за да добие насока и тропкам со играче. Ова конкретно е насока од педијатар, но и да не беше би го правела. Вежбичката е за да го спреми бебето за вртење па преку вртење и седење итн.
    За седењето се согласувам дека не треба да се дига со раце, туку самото преку вртење, да дојде во седечка позиција.
    Според сегашните препораки, многу е битно бебето да не скока фази и да не научи погрешна шема, а тоа би се постигнало со насоки како да направи нешто.

    Сепак секое дете си е различно, и секој родител и пристап си е различен. И секој педијатар, ортопед и физијатар има различен став.
    Се додека му одговара на детето нешто, и има позитивен фидбек, треба да се прави.
     
    На Cence и 1209 им се допаѓа ова.
  5. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Веројатно од ортопед до ортопед има разлика па затоа @0ли ти укажала.
    Мојот ортопед не препорачува никакви вежби ни помагања, исто како што и кажале на членката. Ми рече дека во моментот може да не е спремно за било какви вежби, па со вежбите да правиме поголема штета наместо корист. Ми рекоа да го оставам сам да прави сè, без никаква помош бидејќи тие многу добро знаат што прават. За јачање на мускулатура најдобро е да е на под и да си мрда самото и што помалку да се држи во раце.
     
    На 0ли, 1209 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  6. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.704
    Допаѓања:
    4.531
    Пол:
    Женски
    Од кога почнавте да давате вода,тие бебиња што се на ад? Мојов е 3 и пол месеци и е повеке на ад,само ноќе цица два пати,некогаш ни толку. Незнам кај читав дека ако се само на ад требало и малку вода да се дава.
    Јас пробав ама несака ја плука ни со лажиче ни со шише. Чаре?
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.025
    Допаѓања:
    45.907
    Пол:
    Женски
    Мене никакви насоки не ми дадоа кај што одевме, ама знаете таму дека не се нешто многу замараат со децата, не го ни прегледаа до 8ма недела никако. Јас своеволно не го вежбам со ништо, го оставам на меше или кај мене на гради за вратот, на кревет и под да си мрдка и со играчки го терам да мава раци ама ништо посебно друго не правам. Искрено не знам како треба или не треба, следам вежбички според апликацијата за скокови, ама на крај порано или покасно сите ќе научат.

    @Ceneva кој доктор ти рекол шеќер да му даваш на мало бебче да си фрли дипломата, според мене сосема погрешно, безразлика што има жолтица, му треба млеко или дохрана со тоа ќе прима доволно вода, вода обична ниту чиста ниту со шеќер. @АнаМаријаД мене ми рекоа кога ќе почне со храна, до 6м неѓа потреба од вода.
     
    На Bubish26 и Thinkerbell. им се допаѓа ова.
  8. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.704
    Допаѓања:
    4.531
    Пол:
    Женски
    Ова со шеќерот се согласувам.
    Или она старите бутни цуцлата во мед и дај му ја,нема да плаче (facepalm)
    Ај ова се само старите што појма немаат него тој доктор што рекол шеќер на мало бебе…
     
    На Bubish26 и 1209 им се допаѓа ова.
  9. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    5месеци и 11 дена:D и замисли не знае од меше на грб (обратно да) па не може ни тие 15мин да ги поседи сама.
    Крајот на 22 недела почнува 5скок според табелана на др гуднајт.
     
    На NNK19 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.736
    Допаѓања:
    21.428
    Пол:
    Женски
    Превриена вода со шеќер на бебе?!
     
  11. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Првото кај мене не се вртеше од грб на меше, не сум ни форсирала ниту вежбала.
    Пробав, несакаше на меше и толку. Ја скокна таа фаза па директно седна, исто не лазеше никогаш, директно прооде.
    Сите се различно, вежби не сум и правела.
    Може точек сме возеле со ноџињата, или со рачињата горе-долу, отвори-затвори вежба, и толку.

    Да ве прашам за родените во Ск, колку време се чека да излезе изводот? Маж ми поднесе барање во понеделникот, но не му кажале одприлика кога да го очекуваме
     
  12. DaisyD

    DaisyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    За една недела нас ни го дадоа изводот.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    8.494
    Пол:
    Женски
    @1209 Да педијатарот така ми кажа. Ради жолтицата, да била со шеќер. Сега му давам веќе само роса од кога му помина жолтицата. И нас така ни давале, мајка ми кажуваше. Тоа се става многу малку шеќер во 100 мл вода, на врв на лажиче.
     
  14. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    @Ceneva Знам дека порано и во Македонија ги лечеле бебињата од жолтица со вода и шеќер ама мислам дека не е веќе пракса.
    Мислам дека и @fana ја имав читано еднаш дека го потврдува ова што го кажав, така што може негде ете останало како пракса.
     
  15. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    8.494
    Пол:
    Женски
    Србија е пракса, и во болница ми рекоја, јас не сакав да му давам. После и педијатарот и патронажата исто ми рекоја. И реков ок штом толку сите ми велат. И од кога почнав да давам многу брзо се изгуби жолтилото. Кое кај нас траеше повеќе од 21 ден. А секаде пишува дека за 21 ден треба да се изгуби жолтицата. Не знам колку е правилно ама јас постапив како што добив совети не од едно туку од повеќе медицински особи.
     
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.025
    Допаѓања:
    45.907
    Пол:
    Женски
    Многу лош совет, биднало веќе си му дала ама мислам дека е многу погрешно, нема ништо да помогне на бебето вода со шеќер. А и обична вода јас не ти препорачувам да му даваш, нема капацитет негов бубрег да процесира вишка вода, знам дека нам ни давале ама не можеме да знаеме дали проблеми здравствени што имаме сега се последица од тоа нам ни давале, барем сега е напредна медицината и знаеме што треба што не. Не ме сфаќај погрешно, секако сите слушаме доктори и ти си знаеш најдобро ама, јас на твое место со друг педијатар би се консултирала.
     
    На Giovanna, Lavender13 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    8.494
    Пол:
    Женски
    Тука кој и да прашам ќе ми кажат давај. Таква пракса имаат. И во болница ми кажаа ама јас не давав. Чак после 21 ден дадов зошто и педијатарот така ми кажа и патронажата. Не се губеше жотилото. А и не пие кој знае колку. Две три голтки.
    Па и ад се спрема со вода, што се случува со таа вода?
    Ете не сум читала околу тоа, не ни мислев дека правам некоја штета што давам вода.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.736
    Допаѓања:
    21.428
    Пол:
    Женски
    Епа педијатарот може сѐ да ти каже, ама не се верува слепо. Треба малку и сама да се информираш и да селектираш кои препораки ќе ги прифатиш. Жолтица се вади преку често мокрење, а често се мокри со повеќе примање течности кои за новороденче не смеат да бидат ништо различно од мајчино или адаптирано млеко. И мислам дека е доста со муабетите ‘и на нас ни давале’. Ние сме растени пред 25-30+ години, со застарени практики и неуки родители со ограничени ресурси за информирање.
    Секој си одлучува сам за свое дете. Ама на новородено да му дадеш шеќер макар и 3 зрна за мене е тотален нонсенс.
     
    На Nala37, Bubish26, Lavender13 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.025
    Допаѓања:
    45.907
    Пол:
    Женски
    Ад има нели на секоја кутија со колку вода се прави, вајда е пресметано колку можат да процесираат, нели се мене според возраста, барем на кутијата пишува дека може да наштети ако се прави со повеќе вода, може и нема да се наштети, ама јас убаво читав за ова, пошто моето е со хидронефроза и никаде не се препорачува вода додека не почне со солидна храна. Сепак твое си е на крај нели, немој да ме сфатиш погрешно дека нешто те осудувам, знам дека е тешко да решиш кој ќе слушаш додека се мали и самите сме неискусни, ама за ова со водата сум 100 посто сигурна дека е правилна одлука да не се дава.
     
    На Bella_Stella и Thinkerbell. им се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    8.494
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella искрено немав читано ниту пак ми текна да читам за такво нешто. И внука ми пиеше и јас од таа пракса се водам. Она ми е пресен пример. Ама баш убаво што ми посочивте. И тоа малку што пие да не го давам. И никогаш немаше да речам дека вода давање може да наштети, може ви делува глупо ама ете не сум знаела.
     
    На Bella_Stella и 1209 им се допаѓа ова.