Не правевме крвна слика никој не рече да правиме, до сега воопшто немаме направено. Добро ги поминавме вакцините, не качи темп, беше само кенкав во текот на денот..
Не ми се верува за советот со шеќер Као жолтицата иначе не поминува? Ама како и за сè што се даваат без врска совети, така и за ова. Педијатри даваат без врска совети како шеќеров во вода, покажуваат вежби иако тоа не е нивна работа, а не можам да разберам зошто и ортопеди даваат совет на здрави прави деца родителите да им прават вежби кога апсолутно нема потреба од нив. Башка што може штета да се направи. Па широк повој требало-не требало и да не редам. Многу различни совети, како да не учеле сите исто. Или како да останале во некое минато време. Супер совети си добила. Мене фасцинантно ми беше да набљудувам како самиот сè си прави, како се подготвува за секоја фаза. Сè спонтано им доаѓа, баш знаат што прават и колкави им се можностите. Вода се почнува кога ќе почне со цврста храна.
Моево пред да направи 5 почна да се врти и сега не може да го оставам нигде освен на земја ауу па значи ние на најјакото сме затоа е ваков за 2 дена 25недели, а за 8 дена прави 6м Знам дека скок се рачуна по термин а не по раѓање ама моево поише се совпаѓа од кога е роден отколку по термин
Пробај да не го пресоблекуваш ако не е многу мочкан, во темно давај му да јаде уште на првите звуци и не му збори ништо. Пробај на било кој начин да не го размрдуваш
Јас почнав со бебелан сега сме на јана за бебе, на почеток ја превривав но многу бигор ми правеше сега така му ја давам. Таму пишува еден ден може свежа а после да се преврива јас ја трошам за ден и нешто ситно зошто е од 1литар. Но знам и мајки што даваат флаширана од други стандардни брендови
Јас почнав од 4 хронолошки со лажиче да му давам зошто незнаев дали смеам, на 5 кога бевме на доктор ми рекоа дека може да давам 100/120мл во ден. Инаку на почетокот и кај мене не сакаше зошто водата ми беше на собна, а млекото топло. Кога почна да пие млеко на собна почна и вода.
Да. Инфузија гликоза од аптека и со шприц да се дава на бебето. Кога лежев со син ми на болница за пневмонија до нас имаше новороденче со жолтица и венски му даваа гликоза
Ама јас сепак мислам дека гликозата и шеќер не е исто кога се работи за бебе, мислам да во суштина и шеќерот е гликоза ама не здрава… што знам. На моево ми рекоа дека ќе му дадат глукоза ако не му се крене шеќерот, беше со низок, ама се работеше за гликоза во вена, шеќер во вода никој не ми рекол.А плус во млекото има гликоза, така примаат бебињата, па давање на шеќер ми е стварно глупост без никакво научно поткрепие. Нема веза, ете така и рекле докторите и не ми е јасно зошто, според мене(а и според многу други) не е правилно и јас не би дала.
Во Ад и во мајчино има доволоно вода онолку колку што му е потребно на бебе, додатна колочина на вода/чај не се дава на бебиња доколку не се почнати со цврста храна од причина што бубрезите не им се доволно развиени и така се преоптеретуваат, а ако дојде до оптеретување тогаш е многу лошо, затоа на Ад пишува колку вода смее да се даде и никако повеќе ( Н. ми беше првите 4 дена на Ад и ми потенцираа) Не знам оти педијатрите ја имаат таа пракса уште иако секаде во светов го трубат истото, како за водата така и за солта. Како нас ни давале, помина, да живи и здрави сме де ама медицината напредува. И мене мајка и свекрва ми трубат како нас ни давале манџи да јадеме од 5 месеци и тоа со запршка, а од 3 почвеле со цврста храна ама тоа е скроз погрешно, исто важи и со кравјото млеко. Пиело на некоја си таму од 6 месеци цело шише кравјо со плазма внатре.. советиве им се Боже ме сачувај. Ништо, ти најдобро си знаеш, ова го пишувам како еден совет и информација за понатаму да не продолжуваш со истото. А за жолтица, па луѓе нели постојат терапии со лампи и така се лечи?
Постојат лампи да, но моето дете немало потреба да го сончаат не бил многу жолт, а беше жолт 30 и кусур дена. А секаде пишува дека за 21 ден треба да се повлечи жотилото. И на болница ми рекоа за вода со шеќер да му давам, но јас не му давав се додека и патронажната и педијатарот не ми рекоја. И си реков сигурно така треба вистина кога сите исто ти велат. И ајде да кажам среќа голема па и моето дете не ни пиеше многу. Зошто после подој го нудев и ќе голтнеше два пати и ќе почнеше да плука. Да знаев за ова немаше да му нудам. А плус добив коментар таман ќе знаеш дали е убаво јаден, од патронажната. Ако пие гладен е ако ти одбива значи убаво е најаден.
Кај нас многу помогна водата претходно каката од ад беше премногу густа и се мачеше, одкако почнав да му давам вода му е полесно и потечна е самата кака.
Јас не знам ова докториве кога одат по конгреси, споделуваат искуства или само за сликање и шетање одат? Не знам како може толку назад да се со препоракиве. Чајче давај, вода по малце, широк повој уште на невидено обавезно, ад обавезно пошо совет за доење не знаат да дадат, не знам што да речам.
Kaj nas vozrasni ne ja pijat vodata od cesma a ne pa na malo bebe da mu davam. Ne e za pienje stvarno.
Na minatata kontrola mi kazaa po 2-3 lazicinja obavezno voda nekolku pati na den,na ad sme i nie,2 meseci e bebe.
Братучетка ми е нутриционист и мајка на едногодишно бебе. Ми кажа дека полошо е да се дава превриена вода, отколку непревриена. За бебе што не јаде сеуште цврста храна ни едната ни другата не се добри, ама ми објасни дека со превривањето се активирала не знам каква состојка што е исклучително штетна за и така неразвиениот дигестивен систем. На крај пак муабетот е дека секој сам си одлучува. Ама греота е на денешно време кога ни се достапни релевантни имформации да се потпираме на препораки што се некоректни иако доаѓаат од доктори. Спомнав и претходно дека педијатарот на син ми ми рече да давам вода кога ќе стане многу жешко, ама јас не давам зошто сум се информирала дека не треба. Она генерално е супер доктор, ама јас одлучувам кој совет ќе го прифатам, кој не.
Леле мојата омилена тема, вода Ме напнаа сите зошто не сум давала вода жешко било, жедно било детето. Океј!