Јас одбирам да верувам на докторите од Лондон, може не се замараат толку ама за бош работи, кога се работи за живот и за нешто вака сериозно околу исхрана на бебе имаат доста сериозен пристап, порадо би да верувам на странски доктор отколку на овие нашиве искрено. Не верувам дека нема добри педијатри и доктори тука, ама пример знам дека да се пораѓав тука дефинитивно ќе умрев, живот ми спасија кога имав сепса и 220 пулс на пораѓај, а ме оправија за 10 мин, така да знам дека ако е сериозно ќе имаат сериозен пристап. Вода на бебе покрај АД и мајчино е сериозна работа, ете реков дека моето е со проблем со бубрегот па истражував доста околу темата, никаде не сретнав совет да се дава чиста вода, исто знам дека давате купечка ама има многу минерали истата па внимавајте со користење на неа при припрема на АД.
@Ceneva и мојов имаше жолтица многу долго. И повеќе од 40 дена имаше. Ми рекоа дека е лактациска жолтица и дека ако не се среди до 3ти месец, третман било мајката да престане со доење 72 часа, т.е. 3 дена, во тој период да дава АД, па после пак да се вратат на старо. Причина? Не знам баш, ама имале некои доилки што во млекото имале нешто некој фактор ензим дрн дрн што бебето не можело со недоразвиен црн дроб да го разложува, да не мудрувам безвеза, ако знае некоја поискусна нека дообјасни. Нејсе, кај мене се реши без да го одбивам три дена од доење, не ми спомнале да давам шеќер со вода, а богами и да ми спомнале повеќе доктори и стручнаци како тебе и јас би дала. Можеби би било грешка, еве како што советуваат членките, ама на крај од ден сите го сакаме најдоброто за нив, а успат е многу лесно да се греши. Посебно е лесно кога сакаш сѐ да е како што треба. Еве и ја скоро дознав дека Синомарин ампулите се трошеле во 24ч, а јас ги затворав со фластер да не влези прашина во нив и ги давав и 2-3 дена.
Гледајте состав на водата, има на шишето. Истражете малку и споредувајте пред да купите вода за АД. И погледнете го убаво шишето, протресете пред да дадете на бебе. На пример, во водата на бебелан сум видела како конци во темна боја, како некои алги бог да чува. Или од други фирми како бели партали пливаат кога ќе протресеш. По маркети сред лето пекол надвор со денови на сонце им седат пакети со вода. Можеби од аптека се малку од малку побезбедни од тој аспект, си викаш као сепак можеби внимаваат при транспорт и чување. Советов од доктор на бебе да дадеш вода кога ќе било жешко Баш да се запрашаш дали тој доктор некогаш мрднал од мртва точка во својот работен век, дали некогаш зел да напредува со знаење откако дипломирал пред 1 век...
Многу јасно дека на докторите ќе веруваш не на maminastranica (пример ) и слични блогчиња на интернет.
Фала богу се реши. Не е жолт повеќе. Имаше ли удел водата со шеќер и тоа не можам да кажам. Битно помина.
Бебе месец дена ми плаче многу пред заспивање, неќе да цица пред спсње, ајде си реков скок е. Пред два дена си реков ќе пробам со адаптирано, и дадов во 9, времето кое почнува хаосот, бебе цица 60мл ја прекинав од града да и дадам пак вришти, и го дадов шишето уште 60мл и бебе среќно, само во кревет за прв пат после долго време. Епа мајки дали е овс знак дека бебе ми е мрзливо и пред спањето неќе се мачи. Многу ми е жал за опцијата со адаптирано, но ако е до тоа навистина би вклучиле само бебе да ми е во ред.
Што да направам да сака да лежи на стомак? Го ставам и одма почнува да плаче. Дали е можно да се сеќава на инекциите, ги примаше во таа положба.
Нормално е на почеток да се буни и да не сака мн да седи. Колку што дозволува нека е во таа положба, па кога ќе закенка, сврти го. Секој ден.
Многу не сакаат да седат на меше, потешко им е и се бунат, некои се мрзливи и за соработна, без форсирање, пополека ќе се навикне по малце реди, врти го, прочитав баш коментар, нема некој што не научил да се врти и да седи на стомак, сами покажуваат знаци кога се спремни. Аууу дечки скок ли е што ли е не знам нели пишав спиеше цел ден пред 3 дена, епа овие 2 дена ни ја е. мамата, значи ми зујат ушите, раце немам веќе оти ај бебе шо сака да ја држам да шета низ дома, туку и големаваа сакаа од како ќе задпие бебе неа да ја држам крената. Све мирно супер и наеднаш беба почвит со рикање до зајдвење, порано пополекс почвеше со плачење и достигаше врвот, сегс директ на најсилно пуштена. 12.05 е родена, мајки шо сте близу со термин ете недела дена пред нас, како ви се понашет бебињата?
Ставај му пред него играчки и анимирај го. Биди трпелива,секој ден зголемувај по некоја минутка на меше и ќе се навикне. Така беше со првото дете. Второво од раѓање подига главче и си лежи на стомак без проблем.
Дефинитивно била гладна. Денес на преглед веќе си качила како што треба, веќе не плаче и е подобра. Мама среќна Џабе мислев грчеви,чуда,џабе труев дете ама па кога ти е прво, не знаеш.. Уште преку ден да не се буди и ќе бидеме добро Се надевам кога ќе пројде скоков ќе се среди. Следна недела вакцини па нови стресови Тоа е. Имајте убав ден, јас само да се апдејтнам.
Му ставам и играчки ама не сака и готово. Одма почнува да плаче само што ќе го спуштам. А на колена кога го местам со мешето главата му е крената цело време и само разгледува. Затоа си помислив да не се сеќава на инекциите.
Скроз исто, шетање,рикање, негодување, ноќе не спиење, не знам дали и е топло, ама чудни сме деновиве
За почеток ставај го кај тебе на гради, ти во скоро легната положба. Така ќе се осеќа побезбеден, а пак ќе го вежба вратчето. Исто можеш да пробаш од легнат на грб да го свртиш полека на стомаче, без да го кренеш.
Кај нас упалија играчки што ги сака или во нешто шаренко да гледа. Гледај да не е гладен, или прејаден и да нема грчеви. Потешко е на почетокот да се погоди тајминг. Кај мојот беше од сабајле кога е свеж и најаден ама да има поминато бар пола саат од јадење. Сега е поентата да го вежба вратот и главчето да почне да го држи па можеш да пробаш и на перница за доење, се потпираат и полесно им е па ги стимулира да дигаат главче.
Тој го крева главчето и го држи цело време, кога го ставам на колена главчето му е се кренато и само разгледува. Исто кога го исправам на рамо за да подригни се турка со рацете и главчето цврсто го држи и пак разгледува. Го имам ставано на стомаче крева глава ама брзо му здосадуваше, а сега воопшто не сака. Ке пробувам пак, ќе пробам и бела тоа што ми кажа.
Јас ќе ти дадам еден "лош" совет, да не форсираш. Мене педијатриве ми инсистираа форсирај многу, мора да лежат на стомак. Ајде слушам, ставам, едното зајдуваше од плачење, другото ќе си легне и лиже на подлогата. И се откажав, по минута две само и толку. Штом влегоа во четврти месец, преку ноќ почнаа сами да се вртат и сега борбата е обратна, никако не сакаат на грб, ни за играње, ни за спиење. Можеби подобро е да оставиш природата да си го направи своето, сигурно ќе покаже знаци кога ќе сака тоа да го прави. Не мора да ме послушаш, јас се осеќав ко лоша мајка, не слушам препораки, доктори, ама ако ги слушав и таа од Систина и матичнава наша, детево ќе го изгубев од раце од глад, до толку се стручни што не знаеја ни да препознаат дека не му одговара млекото и дека детево гине од глад. Оттогаш навака се трудам да распознаам до каде се и што можат да направат само според нивното однесување.
А како таа вода е добра кога е измешана со ад?!? Или од раѓање го трујам детето, посебно со тоа што ја вриев?
Јас само пренесов што ми кажа стручно лице. Ниту сум стручна во областа, ниту можам да кажам дали го труеш детето. Не давам ад, ама од тоа малку што знам се спрема со флаширана стоплена (не зовриена) вода. Може и да сум грешка.