На упатството на Новалак пишува водата да зоврие па да се олади и измеша. И јас се чудев зошто мора да зоврие па да ја ладиш до одредена/млака температура па да го подготвиш млекото.
Првата недела додека давав дохрана користев Hipp вода на која пишуваше дека нема потреба да се преврива. Многу поедноставно ми беше така
Вода од чешма или флаширана? Стварно не знам што е правилно, што погрешно. Муабетот со братучетка ми тргна од препораката на матичната на син ми да му давам превриена вода кога ќе стане многу жешко. Тогаш она ми кажа пред дохрана никаква вода, податок што секако го знаев, ама особено ми потенцираше не превриена од чешма. Баш ќе ја прашам што точно се случува со таа вода кога ќе се преврие.
Секој родител има право да верува на кого сака, мојот избор е на педијатар со преку 40 години работно искуство чии термини се потполнети многу време однапред кој вика дека треба да се дава вода.
Нормално. Форумот е за споделување мислења, искуства и убедувања. Твое си е чии препораки ќе слушаш и како ќе си го растеш сопственото дете. За давање вода сама можеш да си прочиташ кога се дава и зошто не се дава до одредена возраст. Е сега ако си решила да си слушаш само доктор без дополнително да се потврдиш, тоа си е исто така твое право.
Па незнам зошто воопшто некој ги носи децата на доктор, во денешно време се има на интернет да се прочита.
Не е наведено. И јас бев во недоумица бидејќи првите денови дома дадов неколку пати АД. Кога дојде патронажната,ја прашав околу превривањето ми рече подобро е вода од чешма да превриеш.
Си ме сватила погрешно немав никаква лоша намера, јас поштувам туѓи искуства и да се поистоветуваш со истите, но сепак мислењето од доктор е тоа кое треба да се слуша.
Мајки имам потреба да бидам отсутна 3, 4 сати од дома. Е сега проблем е што бебе мое со шише и цуцли е скарано, го имам ова повеќе пати пишувано. Јаде кашички и цица, тоа е се. Сакам да ја оставам на баба и, а пред тоа да ја најадам и да цица, па да одам. Мислам дека е тоа подобра одлука него ли да ја влечкам со мене по жештиниве. Не би требало тоа време што ќе бидам отсутна да е многу без млекце. М? Ептен ми е поризично да ја носам на жешково со мене, зошто ќе бидам на отворено цело време. Ако почне да плаче ќе се вратам со трк.
Јас не знам шо е тешко кога цел свет следи некоја препорака, да се прати истата и кај нас, од сите доктори. Кога започна топлотниот бран тука, на сите можни медиуми, и печатени и телевизиски, имаше апел да не се дава вода на бебиња кои дојат. Дека секоја година со топлотните бранови во болниците се зголемува бројот на приеми предизвикани од вишок вода. Да можам да изберам дали ќе верувам на болници кои редовно вадат кадар кој е во трка за нобелова, и педијатри со 40 години искуство, погодете на кого би му верувала. Медицината оди напред, се прават истражувања константно, сега по најново ми стигна мејл од педијатрискиот центар дека не се препорачува воопшто пиење алкохол при доење, дека ни таа временска рамка од 2 часа не е доволна. Со прикачено истражување, со објаснување кои се ризиците итн. Па кој сака да си одлучи како ќе продолжи, битно информацијата ја имаш како достапна.
Дали издржува 3-4 часа без јадење во твое присуство? Јас би рекла подобро да оставиш кашичка за ако огладне барем нешто да јаде во тоа време.
АД се спремамсо зовриена вода и мин 70 степени жешка, за да се убијат бајтериите во млекото, мене во Лондон ми рекоа со вода од чешма, а не флаширана оти таа има многу минерало кои бебето не може да ти процесира, јас давава така. А чиста вода плус не се дава оти АД има доволно количински колку што може бебе на одредена возраст да процесира. Мене ова ми е кажано од тамошен доктор и јас така правев, не знам колку е правилно ама според она што читав 99% посто сум сигурна дека е правилно.
Мојава ни две секунди не седеше на стомак одма плачеше се плашев како со главчрто на 3.5 месеци сама почна да се врти од грб на стомак и си го држи главчето,не исистирај колку ќе сака толку види на тебе кога си легната на стомак кај тебе.
Ако спие или сме излезени може да се случи да не побара јадење подолго. Исто и низ дома ако е во раце мислам дека би почекала да се вратам за да цица. А кашичка ќе оставам секако.
Не го форсирам, мал е, за една недела два месеци ќе правиме. Само се мислев дали е можно траума да му има останато од инекциите и затоа да не сака.
Доктори на Балканот.. и тие се тие генерации како што спомна, се останато е против вода давање ама секако секој за своето. Еве јас не верувам на доктор кој ќе препише антибиотик пред да испита крвна слика, мокрача и брис, ма ак сакал и 60г искуство да има, и како да му верувам за совети за вода? Па шо ако е педијатар, не значи дека за се е во право. Кој еден доктор надвор од Балкан ќе каже давај вода, ставај повој? Тој педијатар знае ли дека во мајчиното млеко и Ад има доволно вода? Тие две се единствените работи кои бебе треба да ги прима до 5-6 месеци, со нив гаси жед и глад. Кој како сака пак ќе повторам ама за шо вода кога си прима се шо му е потребно
Денес ни почнува четвртиот скок. Од ептен мирно бебенце ќе видиме во што ќе се претвори овие денови. Читав што може да очекувам, ама нели секое бебе своја приказна.. Денеска како да почнува sleep regression. Имавме некој ред на дремките и отприлика се знаеше кога и колку ќе спие, ама денес е мини хаос. Моментално има 4та дремка, претходните три траеа се на се 40-45 мин што ич не е типично за него, знае да си завлече 2+ саати. Какви се вашите искуства со овој скок? Некои tips & tricks или лотарија е?
Малиот има 6 за некој ден Да ја послушав докторката зошто и верувам. Кај моето дете водата се покажа многу позитивно, се кака полесно и ќе продолжам да ја давам. Како што кажав секој си одговара за своето дете никого не осудувам, некој може ќе ја слуша свекрвата, некој може ќе чита статии од странство, некој ќе дава зеленчук некој овошје а некој може ќе се одлучи и за тропско, некој не го ни вакцинира детето, со повој без али се тоа си е негово. @Lavender13