Тој период е нормално да има промени во дремките. Не можат да поврзат два циклуси на спиење и се будат кога ќеним заврши првиот циклус. На моето сите дремки тогаш му беа по половина час. По пет дремки имаше. Така беше до кај 5ти месец, тогаш почна да врзува повеќе. Инаку за скокот еве што сум пишувала тогаш tips & tricks - ќе помине
Според апликација баш денес сме кај громчето, а реално пред недела дена го осетивме скокот повеќе. Како жена во пмс е деновиве, се кикоти па после 3 секунди почнува да вришти Со спиењето исто, ги скрати дремките на пола саат до 45 мин. Денес пробав да легнам до него накај 35тата минута, и коа почна да се буди му пикнав цуцла, он џитни ја, јас пак пикни му ја, и успеа да презаспие, па во две дремки сврза два циклуса. Среќа ноќното спиење му е добро, освен што понемирно спие ама не се се буди скрос и не плаче. Плачките дефинитивно му се интензивирани, денес не можев 5 мин да го оставам сам, одма на плачки удираше, а вчера цела прошетка и возење накај дома беше вриштење. Тек во 11 заспа. Ме загрижува малку што помалку јаде, ама веројатно е привремено. Ама па кога ќе стане и ќе не види мене или мм и кога ќе се окези цел, скрос полни батерии Сепак различно е секое, може нема ни да го осетите скокот. Нека кажат тие што поминале веќе низ ова, ама ми се чини дека цело време ќе има по нешто, грчеви, скокови, регресии, заби, ноќни терори...
Прво, со лесно и со среќа Горе-доле тие се карактеристиките на 4ти скок. Регресија во спиењето и ако можеш да го презаспиеш арно. Ако не, со среќа. Плачки мачки, кенкање, вриштење (истово и во сон знае да се случи). Штрајк со јадење или пак зголемен апетит, зависи од бебче.
Ние во трети скок, ноќново заспивање ни е 2+ саати цела недела. Еве јас излегов од спална пошо еден сат вришти, сега мм пробува да го успие, вришти зајдува. Значи почнав да го успивам во 20:30, еве 10 е тој вришти. Изгледа пак ќе заспие во 11, значи без разлика кога почнувам да го успивам не ми успева никако за порано, не и не. Ја скокна последната дремка, го успивав еден сат и не сакаше да заспие, се изнервирав и го извадив од спална, и сега еве преуморен е, таман ќе се опушти ќе заспие ете го пак. Преку ден е супер, дремките воглавном во количка му се и спие убаво, ама навечер…. Ајде нека поминува и ова, душа ми се кине како вришти.
Бебе околу 2 месеци старост имаше запек неколку дена. Кај грчеви, капак на се и запек. Се изначитав домашни и странски статии на темата тогаш и во странските во некои бар за дете на Ад имаше пишано не само вода туку и сок од слива да се даде или јаболко. Не дадов ништо проблем испадна да е пробиотикот ама не пак дека странските педијатри се толку ригорозни.
Уште 12 дена и ќе ни заврши 4-ти скок. Громчето го поминавме. До сега можам да кажам-ништо страшно. Некои мали ситни промени, како на пример не сака веќе толку да лежи сам. Бара да сум до него и да му зборам, реагира кога се одалечувам. Пред скокот играше подолго на беби џимот, сега му е досаден. Првите 2-3 дена памтам испушташе звук нервозен кога го ставав да цица. После се смири. Што се однесува за спиењето, немавме промена или мака. Он од секогаш се буди 2-3 пати дур да му зацврсти сонот па така и сега. Пратам прозори на будност па си спие на 2 часа. Има 1-2 долги дремки по 1-2 часа, 3 е пократка, може и 4 да има и таа кратка. Знаеше да врзе и 5 часа дневно со будење само за цицање но и тоа го правеше и пред скокот. Накратко со спиењето и денски и навечер си е ист како и пред скокот. Ноќните спиења ни се промениви од секогаш, кога со 2 будења кога цела ноќ на цице. Со апетитот, си беше супер, си цицаше убаво.. се до вчера и денес. Поточно овие два дена го осеќам скокот повеќе, вчера на пример многу малку ми спиеше преку ден. Сабајле спиеше 2 часа после од 13:00 до 18:00 беше буден. Затоа па навечер се комира порано и можам да кажам дека многу убаво спиеше, со 2 будења. Цицањето му е како на сила. Бара да цица он ама ќе поцица малку и одма се загледува лево десно, во лустерите, часовникот. Се му е поинтересно од цицањето. Пробав и на спална и таму наоѓа кај да се загледа. Знае да ме бутне како да се одбива од мене, да ја затвори устата јако или ако му подметнам цице со сила да ме гризне или пак да си гуга Малку има качено на килажа на последната контрола па гледам да му нудам почесто ама и да поцица не ми ги испразнува градите. Овие два дена знае и да заплаче јако, да списка кога се успиваме. Како да одбива да заспие, очите му се полузатворени ама тој писка плаче ме бутка, се тегне па нејќе да фати града а знам дека е гладен па ќе го смирам малку и после почнува да цица и за кратко заспива. Тоа ми текна, се на се не беше толку страшни како што читав и очекував, сепак се бебиња и не ни очекувам секој ден да им е ист, некогаш ќе бидат порасположени некогаш не. Исто како нас . Е сега имаме уште 12 дена, се надевам нема да не здрма јако до крај па да дојдам овде да кукам и да се жалам.
Хелоу грлс. Беба заспа ,јас правев кафе ,најдов време и книга да читнам и еве сега тука. Пеколот ме уништи ,па утре одиме на планина малку,да подишеме воздух. Денес цел ден кафиња,беба,дубак( го вози само во рикверц) па и за на депилација најдов време.
@Bella_Stella хинтот заборавив да го пишам. Некоја членка ја кажа песничката The happy song- Imogen Heap, сега се сетив да ја пробам, функционира! @Lavender13 и мојот кога ќе се премори така вришти и ич не заспива. Знам дека не треба и сакам да сменам, ама успева сега за сега да заспие стуткан во раце, во вертикална положба ако шетам низ стан па ќе застанам, ќе го вртам лево десно, па пак шетање. Да пробаш положба да смениш на држење, млеко пред спиење, песничка некоја приспивна или бели шумови. @Misskirova ова звучи како рај. Кога да ја очекувам оваа убавина, на колку месеци? Кога сме кај планината, каде би можеле да одиме на планина, а да е пристапно за со количка. Берово ми паѓа на памет ама хотелине изгор се...
Да се пожалам и јас во 4-ти скок сме на почеток од скокот врискаше и плачеше многу ни во раце ни никаде не сакаше спиење со сати да се заспиваме и како што заспива само на цице едвај да ја фати имаше период кога не помагаше ни правосмукалката,сега се намири фаќа цице и си цица убаво ама за заспивање уште со сати дневните дремки ги преспива скоро на цице кога ќе ја ставам во креветче спие едвај 30 мин. или во количка да ја занишам оти некогаш нема шанси да ја ставам во креветче навечер се заспиваме од 21 до 22:30 а може и 23:30 зависи обавезно првото спуштање станува и едвај да ја вратам на цицка со триста перипети дали пуштена правосмукалка на телефон или дожд ама кога ќе го зацврсти сонот спие до 4:30 ретко 3:30 да стане за цицање па продолжува со спиење до 7:30 па цица и до 8:30 најкасно се буди и презаспива едно 50 пати станува си играме и 1 час па заспива 30 мин највеќе имаме 4 дремки до спиење порано ги спиеше многу подолго сега 30 мин инаку првата му беше 1 сат втората 30 ми па 3-та 2 часа четвртата 1 час сега малку е потешко ама ќе се издржи се надевам ќе помине.
Абе пак заспа во 11, ќе се убијам значи. Не сака вертикално за ноќното заспивање, стриктно хоризонтално под агол и стриктно во движење. Значи 6,5 кила е, грбот ми знае неделава. Пробувам еве последниве две недели да воспоставам некоја рутина, му давам и да цица пред спиење, малце нишкање па спуштање во креветче. Нема шанси, вечерва па ни white noise не помагаше, зајде од плачење неколку пати. Сега ми смена и за денските дремки, ајде во количка спие, на мене спие, ама на спална или во дневна нема шанси значи, само шпарта со очите, се го интересира, се заспиваме еден саат за 40 мин дремка. Не можам сите 4 дремки во количка да му ги терам. Хаха леле извини ама еден интерпункциски знак немаш во постов, битно заврши со точката кога те читам вака подсвесно ми доаѓа како се во еден здив да си кажала
Јас го памтам 4ти и 10ти скок како најстрашно нешто, посебно 10ти, уште мислам ми зујат ушите од него, траааауумааа. Па ти си имала бајче пу пу, еех да ги имам тие 2 саати.. Ја отворив апликациката и како што и преподставив во втор скок сме, се знаеше тоа, нетипично понашање за неа, ни 5 мин сон дење, плачи вришти из чиста мира амааа дечкиии прв пат вечерва се изнасмеа со глас, до сега се смееше ама не испушташе звуци емотивна сум многу, брзо ми растат @Lavender13 ќе отрпниш мајка, раце тек ќе болат и кичма хаха и јас моментално ја заспивам со цицето в уста и шетам низ стан, или така или зајдува прцле мало. Се смееме со маж какви денсови изводевме за првото за да заспие без плачки после само се научи да си заспива гушната до мене, зато сега ми ја плакат мамата шо го имитира бебе. Јас имам страшни болки во колена кога ќе станам на сабајле
И на моево изгледа му почна скокот, цел ден кенкање, денес го оставив на мм 2 саата и бев на фризер, многу убаво ми дојде, он му дал ад и го заспал, спиеше сигурно 2 саата, па стана и цела ода на радоста испеа плачеејќи, па попладне пак го оставив на свекрвата да идам на доктор и пак мирен бил. Значи детево само мене кога ме гледа плаче и се жали, јас не знам што е проблемот. Сакам по малце да го превикнувам да седи со свекрва ми и мајка ми, за да можеме со мм малце да мрднеме сами на некој саат, свекрва ми го измила, сменила пелена и го заспала и он ич да покаже знаци дека му фалам, па и велам на мајка ми, изгледа мене ќе ми е тешко да се превикнам не нему. И се шетавме после, 3 саата во количка спиеше, ама затоа сега уште е буден, како во струја да е брецнат не се смирува за жива глава, ама добра страна на скоков, фати пак цуцла
Ај хелп, малава деновиве обично кога и се спие го врти главчето лево десно и како да го стега телцето, 3мес е, прави некое бебе вака, или да си барам одговор по доктори, вака другото се си е во ред, ама имам скроз заборавено некое од големите дали ми правело вака, некако со ова најголема паника сум, за се и сешто паничам
Јас пред некој ден ќе полудев колку кенкаше, плачеше, на крај во количка отидов да ја шетам за да замолчи и успеав, ама дома на влегување почна пак да плаче. Дури денес ми текна да видам на апликацијата како е со скокот и излезе дека баш тој ден било громчето. Сега се трпи некако, имам ред фатено иако е во 4ти скок. Имаме и нов момент, ја ставам на кревет во спална и заминувам, сама се успива, некогаш пуштам и фен ако се мачи. Со цицањето единствено ми е тешко што ме штипе за градите прилично силно и како ме штипе се држи и турка. Цица и разгледува, се смее, ме тегне за прерамки, кога не можам да издржам прекинувам и ја оставам на подлога и гледам дека е расположена, што значи дека не и било малку. Вака искрено се плашам од 5от скок, некако ми стои тој потежок предизвик. Ќе видиме, има време. Од финти, за успивање некогаш и легната ја дојам за да си продолжи со спиење ако ја фати дремка дур цица.
Фала ви девојки на споделените искуства. Прееска кога пишав спиеше цели 38 минути. Од дремките станува апла изморен. Се смешка ама и се прозева. Кога стана понудив да јаде па да излеземе, е тука паднаа тешки mood swings. Ќе цицне две голтки па ќе почне да се тегне со сета сила. Се ѕвери во се живо, изгасив струја - квичи, по две секунди се врти накај мене иииии почна да се кикоти на глас луѓе! Знаеше да пушти звук кога се смее и претходно, ама мноогу ретко и слабо. Ова беше кикотење, се стопивме со маж ми. Надвор спиеше два саати и еве веќе пола саат цица и дреме. Ќе видиме како ќе ја поминеме ноќта.
Моментално сме во четврт скок, помина и громчето, детето ми е милина, цело време насмеано, да не го почудам. Еден ден само имаше пореметени дремки и истата ноќ стана два пати за млеко, иначе си е супер, а толку многу му се плашев на скокот.
Сите бебиња се различни. Зависи како го доживуваат развојот. Некои од скоковите ги поминуваат незабележително и мирно, некои обратно. Моево, по книга уште наредна недела е во 4ти скок. Ама ете, можам да кажам дека најјакото беше во 16та недела. Сега се издржува Друго сакам да се надоврзам.. Навечер во спиење ептен мрда, прета, се врти, крева нозе, како да трча, ич немирен сон има после 3-4 часа спиење. Вака е на 2х во ноќта, го чувствувам и одма цицка давам па ќе се смири.. Ова сеуште се должи на скокот, ќе спие мирно после регресијава? Јас го легнувам околу 21ч. и станува сабајле околу 6ч. Не се буди навечер, освен вака што има немирен сон и одма реагирам да не случајно се разбуди
Од Берово се вративме вчера. Сместени бевме во Ани апартмани во градот. Супер чисто , апартманот убаво уреден и големо дворче и бате се изнаигра. Воздух пријатен и кога грее сонце не се осеќа онаа пеколна горештина како кај нас да пржи.
Дојдов да се искажам да ми олесни малку на душичкава Многу ми е тешко и напорно со бебево. Многу позахтевно е од првото. Не сака цуцла,едвај некогаш да ја фати. Да може 24ч ќе биде залепен на цицка. Не сака релаксатор,не сака количка. Не сака да си лежи,ептен на кратко кога он ќе реши. Сака да спие во раце. Ноќе не спие до 2 саат,односно по 2 часа журки имаме секоја ноќ. Де плаче,де си седи мирен,па ќе цица,па ќе спие,едвај да заспие. Ноќеска мајка ми беше на помош,од 12 до 2 двете си го подававме,во 2 веќе осетив вртоглавици од умор и го предадов и легнав. Кратко потоа заспал. Не се издржува. Велат спиј кога он спие. Еве станавме во 9,цицаше,малку полежа и пак вресна. Ај се преместивме во дневна,не сака да лежи во раце да го држам. Го држам му доаѓа дремка. Остај го ,се буди. Ме измалтретира за овие 3 часа како маратон да сум трчала. Од друга страна,трудејќи се ноќе да заспие одма после цицаење,го доев легната. Лошо фаќал ме болат брадавиците. Ме болат и градите ваљда надоаѓа млеко. Плачлива сум,нервозна,разочарана. Дури помислувам и дека не чуствувам некоја особена емоција за детево,си се смеам сама да можеше да се врати ќе го вратев во болница (се шалам секако). Цело време си правам споредба со првото (знам дека секое е приказна за себе) и си патам зошто не е како него. Бато од прв ден фати цуцла, од 3 ден лежеше во релаксатор,се возеше во количка, си лежеше на кревет. Ова го извадивме два пати во количка,пола пат во раце го носев. И уште нешто,овие неколку дена ми цица по 10мин. На подој цица од една града. Му ја нудам другата не сака,само кога е во криза за спиење ќе ја прифати одма. Претходно цицаше по 20мин,дури и повеќе ако го оставев,не пушташе сам. Педијатарот рече не повеќе од 30мин и го почитував тоа правило. Денес има 17 дена.