Ни Берово не е то шо беше.. хаха вилите и тие ли се поскапени? Нас неколку пати ни се паднало да сме скроз сами во вила и дворот само за нас, пикник по цел ден. Маврово? И таму имаме убаво искуство со бебе @Sofi.ja спиј кога оно спие важи за мајки со прво бебче хаха ќе биде подобро мајка, само чувај се, јас еднаш скроз паднав, а втор пат се разболев, имунитеѕ паднат, јадење ич, не спиење такоџе. Ако имаш помош прифаќај оти и двете ни се генерација и знам како ти е..
Два дена до четврти скок и веќе препознавам доста од работите што сте ги напишале. Фала богу тие попладневните плачки од пред некој ден престанаа, не знам што и беше тие два дена и не сакам да се повтори. Од дете што со залет одеше да цица многу шокантно ми дојдоа тие епизоди кај што вриштеше без престан на града. Инаку засега е душиче иако забележав доста промени. Навечер деновиве спие многу понемирно и прета се врти во сон. Некогаш толку се мава во дрвената ограда на креветчето што ме фаќа страв дека ќе се повреди, па знам да ја земам кај мене на спална да се смири. И одма се смирува, не знам што е работата, а ич не сакам да и е навика кај нас на спална да заспива. Дневните дремки знае да ги скрати, ама исто нова позитивна промена е што деновиве неколку пати сама се заспа. Кога и се приспива почнува да трие очи, да прета, се тегне се бори со тетра ќебенцето, го јаде и одеднаш настанува тишина и гледам дека заспала Се надевам ќе продолжи вака, милина било тоа детето само да ти заспие. Иако никогаш не сум ја заспивала со нишкање, сепак ако не заспие со цицање си барала некогаш да легнам до неа, да ја чешкам или да и го држам рачето. Инаку ептен почна да приметува се и да комуницира. Кога ќе ме види цела се оцерува и се смее до уши, а јас се топам како свеќа си правиме муабети, многу почна гласно да испушта звуци, дури некогаш вади некои тонови како егзотичен папагал, ме исплашила неколку пати Цицањето и е сменето, пола од времето личи како да мези, а не како да јаде. Ја шмата брадавицата низ уста и се врти со главата разгледува. Сум пробала и во ќош со бел ѕид да ја дојам и таму наоѓа нешто интересно да гледа. Па веројатно е фаза, секако не верувам дека е гладна пошто инаку ќе не дознаеше цело маало од плачки. Многу ми е интересна периодов. Не знам што носи следно, останува да следиме
Да си се самоцитирам Најбитното не го пишав.. Во овој скок ја отфрли цуцлата скроз. Не ја бараше многу често ни досега, ама па ни бркаше работа кога сакавме малку да купиме време и мир Освен растењето, ќе го издвојам и ова како позитивна страна од скокот хаха
@Bubish26 која апликација ја користиш за скоковите? Да проверам за моево 24 мај ми беше терминот за пораѓај а се породив 26 мај ... Ако може да ми проверите за скоковите хаха Или апликацијата без проблем може да се инсталира Инаку брисевите нос грло чисти. Мајка среќна. Синко денски не ми спие цврсто веќе повеќе дена. Само рита, рита и со нозе и со раце. Вечерите убаво спие да не го урочам. Барем се вратив и јас на ноќно спиење. Инаку секоја приквечер ко темпиран мора да се исплаче, па ај после плачките и по ладот да се прошетаме до лидл, и улично никаде мртов мрак. Па дете се уплаши од што не можеше да ме види убаво во темницата, па морав во раце да го носам да се смири.
На бебе скоро два месеци повремено и се појавува вакво црвенило. На што може да се должи ова , на топло ладно неможам да проценам. Моме тално сме покрај река спие убаво и е поддувнува ветре а и се појави вака
Lesno pominavte vie so vakcinata? Posle kolku vreme moze da krene temperatura i do koga e najkriticno?
Во првите осум часа викаат ако не крене нема да крене. Следи си го во следните 2-3 дена за секој случај. Ние супер поминавме, бебето си беше свежо и весело. Мерев температура постојано и кога измерив 37.5 дадов една доза Парацетамол сируп, иако не требаше. Ама неискуствотото и паниката си го направија своето. Со лесно да поминете. Прочистени се сега вакцините, нема некоја силна реакција.
Blagodaram. 36.1 mu izmeriv sega,se nadevam taka ke oatane. Go izmorivme denes mnogu. Na pregled,vakcina,eho na kolkcinja. Dusha se iznaplace denes i zaspa sega.
Нормални се овие, бебешки. Ќе се повлечат сами, мислам дека сите на темава прашавме за како побрзо да ги снема и единствен одговор е - време. По ново почна да ми подждригнува после доење и одма да поврати, веќе спремна сум и знам ако ждригне дека следи повраќаница. Зошо вака? Нели ждрига за да не повраќа?
Мачкав Нистатин 7 дена ама како да нема фајде. На јазикот немаше ништо, малце на образот и под устето. Еден период се исчисти целосно, ама последниве два дена пак има на образот и на устето. Како да знам дали е Кандида или се наслаги? И што да ставам веќе аман. Вчера ставив метиленско плаво, цело усте модро за грев. Има ли некоја што имала различни термини по мерки и по менструација? По кој термин ги рачунате скоковите? Мене по менструација ми беше 3 Април, ама дека покасна овулација по мерки ми беше 10ти Април.
Затнато носе, кашлица? Моето поврати 2 пати за да извади шлајмот, иначе не ни блуцка. Со Н. имав проблем со огромни количини на повраќање, рефлукс беше во прашање, нон стоп водена беше, количински како пола јогурт. Ако качува на кг не е страшно.
Wonder Weeks ја користам јас, уште од со Н ми е инсталирана и секогаш точно се ми погодивала. Ќе забегам јас еве ви кажувам, среќа мајка ми направи ручек за гостите оти постеле и иначе ќе јадеа кикирики. Бебе ми е во раце нон стоп плачливо, Нина не смее да писне оти 'ржам на секое, маж го немааа, со смукалката и фриз страшен ќе ги пречекам, ништо не постигам. Ако втор скок е вака, како ќе се тие критичните еве не знам.
Гледам се плаќа таа апликција. Како и да е ми имаа пратено како ми се паѓаат скоковите ама по недели не како што ми напиша @Bella_Stella со дата.
Мене според менструација требаше 13ти Април, а според мерки 12ти, ама мене менструација секогаш точна на 28 дена ми беше така да и овулацијата била точна вајда, он се роди на 14ти ама со царски. Јас сметам според 12ти ама мислам дека за два дена е плус на апликација оти секогаш кога вели дека почнива громче, јас критичното сум го минала во предходните два дена. Ќе го убијам маж ми деновиве, се вративме го Мк и он заборави дека дете има, дома не се свртува, со овој слави, со оној слави, со кумот по цел ден и цела ноќ, мајка ми спрема за да одат по невеста, брат ми се вери и сите се растрчани околу тоа, свекрва до 4 на работа и јас поуморна сум од што бев во Лондон. Жими двата саата вчера на фризер што бев онака немам дијнато. Ќе скренам, а скокот го дрма на најјако
Да си кажам и јас дека sleep regression sucks. Па и ова топлово. Ова е елементарна непогода. Дишам на шкрги, со последни сили сум. Името не си го знам од умор, стоејќи можам да заспијам. Да си се пожалам јас само.