Јас со sleep regression си добив и успивање само во раце, кој сака нека честита. Од дете што само се успиваше, денес само со нишкање, ш’шкање, едвај 30-40 мин дремнува.
Не е во млаз, но е количински многу понекогаш. А скоро секогаш е варено млеко, така како урда е конзистенцијата. Нема ни затнат нос ни кашлица. Ми кажаа и мене дека ако качува на килажа не е страшно, ама па последно бевме на преглед околу 20ти јуни, и следно сме почеток на август, вака од око качува, шо меревме сами со мм на вагата има околу 6,5 кила, значи накачил 600 гр за еден месец.
Да те утешам јас, и најмалово мое беше исто такво ко новороденче, ни количка ни релаксатор ни да лежи ништо.. имав и јас такви кризи ама ќе пројде, некаде од 2.5/3м беше почна да сака во транспортер во количка да се вози и малце по малце во релаксатор за сега на скоро полни 6 релаксатор упте го користиме на велико е ама со количката имам малце мака не го сака големото седиште баш баш дека уште е мал а седиштето е поголемко и се искривува и врти на страна И искрена да бидам со сите три деца најтешки ми биле првите 3м, грчеви, цицање, па дали е најадено дали не е, па спие не спие.. ужас! Ама па брзо поминуваат и веќе не се враќаат
Што е за грев устето што е модро пола час, а ни толку Биди упорна со метиленсково ние само со него се ичистивме
Ништо, ништо ни бели ни розеви звуци. Ни тапкање по газе ни галење по главче. Дури му сметам. Таман си го пофалив детето.
Сабајле и навечер и пола сааѕ нема доење И кај нас со нистатин се исчисти одма но и се врати за некој ден И со газичката слободно триј низ цела усна празнина
Како да ја одвикнам од ноќно јадење? Што да и давам наместо млеко? Почна по два пати, па и три да ми станува и само со млеко да презаспива. Дадена и е вода, сум и шшкала презаспивала не сака. Како да е бебе на 3ч јаде.. Си беше одлична, јадеше во 22 заспиваше до 23 максимум и стануваше во 3-4 одма презаспиваше со млеко и ќе станеше дури во 10-11 сабајлето. А сега, од скоков, забите комбинација пие во 19,во 1,5,8,12 сабајле. Прекинавме со храна заради алергии, добив совет во вечерното јадење да и ставам овес или некоја житарка да ја држи. Да го пробам тоа? Вака не е дебело бебе, се роди 3,590 сега на 5ипол месеци е 7,400. До душа носи алишта за 6-9 месеци, ама знам далеку покрупни бебиња, па не им кратат храна. Затоа и вчера прашав колку макс смее да испие. Најдов формула тежината *150, ама којзнае дали е правилно.
Ако веќе одвкинуваш ноќно јадење, не давај ни вода ни чај, оти ќе ти се буди после за тоа од навика, наместо да преспива, така ми кажаа мене ама ја одлучив тогаш да не одбивам цицање ноќе и си теравме со станување, кога се одби скроз преспа ноќ. Иначе да, житарки се даваат за вечера за да ги држи повеќе
Зошто бе дебело детето, па малце е над просек нели велат до 6м да дуплира тежин, епа твоето е скоро 6 и има малце над дуплото, според мене тоа не е дебело, не знам зошто овие доктори кај нас толку се опседнати со тежина на дете било слабо или дебело. Не можат сите еа бидат исто деца, гени и тежина на родителите игра доста улога. Очигледно твоето е гладно и веќе млеко не го најадува па се буди, јас да сум ќе почнам полека да уведувам храна, алергиите дали сега ќе ги дознаеш или за пола месец не прави разлика, не знам како оди исхрана со алергии ама не може детето да не јаде и било алергично или не.Или консултирај се со друг доктор, формула не смее повеќе од литар дневно, ако тоа не го најадува ќе се здебелува од повеќе формула.
Јас кога се буди навечер не нудам одма храна, го оставам прво неколку минути сам да се смири ако може, ако не пробувам јас да го презаспијам, ако и тоа не функционира тек тогаш давам да јаде. Не секое будење е од глад, читав дека од 4-5 месеци веќе метаболички можат да издржат 6-7-8 часа без јадење доколку во текот на денот се задоволи потребниот внес на калории, што значи дека будење на помали интервали од овие и барање храна е стекната навика, а не потреба за јадење.
Баш така, издржуваше по толку ама наеднаш се смени цел биоритам а и однесувањето нејзино. Ја заспивам и јас и давам и водичка, не сака. Весела е како да е време за играње и после 10 мин почнува да кенка, а чим допре млеко заспива, некогаш не го допива. Почнавме со храна на 4ипол месеци но од се пробано на тиквица и брокула не појави алергија и затоа рековме ќе паузираме, да не е и е доволно развиен метаболзмот не знам и сируп за алергија по три дена пиеше после секој вкус. Маж ми имал алергии како бебе и после тоа постепено му ги снемувало, очигледно негов сој. Ќе почнам, макар со житарки за да ја држат. Само сметав дека е уште рано за оброк, тек треба да пробува. И генетски од кај маж ми се крупни а и самиот тој бил ептен дебело бебе понатаму и дете дури и нездраво. Само ми беше страв дека поминува литар на ден со млеко, најмногу 7 пати има јадено ( еднаш два пати се има случено) по 150мл. А кога пробуваше вкусови и третиот ден нели повеќе се дава она само 5 пати пиеше млеко и тоа ужива во секоја храна со мерак да ја гледаш. Ќе почнеме може и порано од 6 месеци, очигледно си е гладничка..
Мојот јаде преку ден на 3-4 па и 5 саати. Завршувам во 9:30 за спиење. Станува накај 4 не отвара очи само кенка за јадење, почнав тоа јадење да го намалувам он пие 5оз, една недела пиеше 4, па 3 сега сме на 2оз не му давам одма го гушкам цице и знае да продолжи, планирам уште да му намалам па здравје да го одвикнам. Пробај така, незнам колку е ефикасно. Како што пиша некогаш знае само две голтки и да продолжи да спие.
Без глутенски житарки се препорачуваат како прва храна која бебе треба да ја проба така да слободно можеш тоа да и даваш
Имаат некоја фаза бебињава кога си го откриваат јазикот? Од завчера цело време со јазикот си игра, го вади надвор, се плази... И цела мрда со раце, со нозе мислиш ќе полета Што значи тоа уствари?
Мајки,пишував дека сме со запек какаше еднаш на 3-4 дена,сега кака секој ден ама каката е како тесто како пена шлаг густо ептен и лепливо,темно зелена,вака си беше и кога имаше запек кога ке се искакаше,мислев ке пројде ама не пројде уште е така. А пие млеко Новалак ИТ баш за запек што е ,и очекував дека ке има течна столица а не вака. Сега ке земам Новалак 1 уште така да пробам. Иначе од Аптамил доби запек па затоа го сменив.
Не знам дали е скок или нескок, по раѓање е 24 полна недела. Можеби и петти скок е почнат, некако Вондер Викс ми ги помати работиве и изгубив осет. По табелата нивна од понеделник почнува скокот, а мали веќе некое време е скоклив. Зборот ми е, дали и вашите 'ржат пред заспивање навечер? И нејќе сам да е оставен, збеснува за брзо, плаче по мене, па и како да има мака со запче, ама не гледам потечени непца.