Здраво мајки! Со што нанесувавте еозин на лицето и чај од камилица - со што е најдобро? Со раце, газа или туфер?
Мајки бебето има бебешки акни од пред 10тина дена. Се појавија на лице,почнаа да се шират по глава,врат,раце,грбчето горе и стомачето. Кога го виде педијатарот беше помалку исфрлен и рече не треба ништо само со вода да се мие. Ептен ако има некое мозолче со бело да се премачка со еозин. Првото дете исто имаше акни,но само на лицето. Кога ставав еозин се размножија и баталив. Ова ме плаши што насекаде е исфрлено овие по тело да не не се бебешки акни?
Женски, како сте? Прашањето е повеќе за мене, можеби во доење треба да го пишам ама небитно толку. Дали имате како несвеж вкус во устата? Поточно мене ми е како пецкаво чувство кон крајот на јазикот, назад кадешто се овие папиливе. Како после јадење солена храна, маслинки она чувство на истриен јазик, ама колку повеќе мислам толку ми стои тоа, ако не мислам заборавам. И некако како маала горчина накај грлото и задните заби, ама повеќе како пецкаво. Дали е од доење, дали од што носам протеза дали од топлото. И кога мислам на тоа ми се ствара вознемиреност дс не ми е нешто скраја, па ова пецкање то како да се засилува тогаш и во круг се вртам. Вака слично имав и лани во бременоста, како суво грло и несвежина и ми беше дс не имам скриен шеќер, ама во ред беше. Може ли анксиозност да даде вакви симптоми? Ќе те означам @Alishan30
Топло е пуштаме клима. Ама не личат на вруќици,овие се испакнати како бубулички. Можеби дополнително се воспалени од топлото.
Мајки дали и на вашите бебенца им се наутро подотечени очињата? Додека се расони, после поминува. Од спиењето е или не, не знам. Ќе земам ќесичка сега, ќе и земам урина и ќе проверам. Ама додека го сработам тоа да си прашам и тука дали само моето дете е такво.
Ke ve molam za sovet dokolku nekoj moze.. Za 1 nedela sme 3 meseci veke 2ipol nedeli ne saka da jade edvaj po 90grama a treba 150, a ovie denovi pocna vo 5 6h po 30g da mi jade. Denes go nosev krv da mu zemat 111dobra e i pedijatarot mi vika zabi mu rasnat i tamu mi rekoa taka. Se rodi so dolnite 2 oformeni a veke mu se oteceni beli go mackam so mast i mnogu krote koga go ceskam tamu..
И тебе ќе ти коментирам, иста бешe малава. Не беа од топло пошо мај ни беше ладен, а не ја трупав со облека, види затегни кожа, доколку нема на затегната кожа ништо, доечки акни се или надворешен фактор, омекшувач можда или мала доза повеќе? Така нас ни кажаа. И помина одма со ова масло од соја после 1 миење, Др ни рече да ја миеме само со вода и 3пати неделно со ова масло, козметика да нњ користам оти и е преосетлива кожата. Кај нас Веледа се покажа на второво ужасна. Од кога практикував вака, не се појавија ич, а на лице пред да ја ставам на бањање, ќе натопев туферче и ја премачкував убаво. Не знам дали го има Мк, проверете состав и може ќе најдете нешто слично @Giiirl23
Тие се тестови за цистична фиброза и тсх скрининг. Самите анализи се такви и некогаш може да дадат повисоки вредности па после 21 ден го повторуваат тестот. Не се плаши, голема е веројатноста да нема ништо
Мајки некоја од вас да не користи инфакол/инфаколик? Дали давате цела дозерка, некако многу ми се виде. И уште едно прашање како ги давате бејбитол twist off капсулките. Пробувам и со лажиче и директно во уста ама секогаш дел ми го плува особено тој со омега.
Инфакол користев кратко и давав цела пипета да. Бејбитол ги давам на лажичка, знае да се намршти ама не ги плука.
Држам глава, по малку капнувам директно во уста и чекам да голтне. И така на 3-4 пати додека ја исцедам цела.
Twist off веројатно се наменети за директно во уста да се капнуваат, ама еднаш испаничив кога за малце ќе ми лизнеше цела капсула. Многу лош delivery систем имаат според мене. И јас како Бела, давам на лажичка, а и мене ми ги нејќе кафеавите. Сигурно не му влегува цела содржина, ама колку влегува толку, не давам втора. Инфакол давав цела дозерка, нив ми ги бендисуваше . Можеби оти имаа некој вкус на мандарина, портокал.
Јас користев инфакол и давав цела доза, пред секое јадење. Многу ни помогнаа со грчевите. За твист-оф, давав директно во уста пред јадење и одма му буткав шише за да бидам сигурна дека ќе голтне. Ортопедот ни кажа дека се даваат директно во уста, не со лажичка.
Бабитол давам дирекно во уста од сам почеток и ги пие без проблем. Малку прави фаца на омегата што е и логично грди се
Исто ми потенцира и мене, иако секако ќе давав директно. Останува на лажичето и не ја добива дозата. @lipstickmadness
Оперскиве изведби од кога ви почнаа и колку траат? Уште малку ќе си одиме во групата на големите, ама и тука да си прашам. Завршивме со животинските звуци, сега се надвикуваат во пеење и така се успиваат