Majki pomagajte,nervi nemam veke. Bebe e 2 meseci i na eden saat bara mleko. Koga jade se trese celo i se mava po glava. Isto taka i ne spie,po 20 minuti najmnogu spie.
Бевме на преглед, или е реакција пд ротата, можело да има продолжени симптоми до 6 недели после примање, или е нетолеранција на кравји протеин. Ќе се ставам јас на режим на исхрана без млечни производи, ако има подобрување за 4 недели ќе внесам пак млеко за да видиме дали е од тоа. Посекако мк ќе направам тест, не ми се остава само вака.
Ќе ти пишев да напишиш точни симптоми пошо моево има сенф кака ама еве веќе 3 дена е погуста и има многу гасови, меше е меко. Јас 2 недели не пиев кафе со млеко ама сега почнав пак..
Ама скроз треба исфрлање на млечни производи, во се, не само директно млеко. Значи и млечен прав во готови производи, путер, маргарин, кашкавал/сирење итн. Значи читање декларации на скоро се купечко Пишав дека имаше зелени пелени долго време, беа или водести или како мрсули така лигави. Често повракање,напнување при какање, експлозивно какање, и крв во столицата беше веќе симптом кој не можев да го игнорирам.
Јас. Многу успешно досега. Што викаш не дека скроз веќе сме го решиле блуцкањето, ама си бљуцка како и секое нормално дете кога ќе се прецица или кога брзо ќе ја легнам после цицање. Претходно беше хорор. Грчеви, повраќање, се будеше од киселини и не можеше да легне па со недели ни спиеше во раце. Исто имаше 7-8 течни столици во текот на денот. Ова се случуваше во првите неколку недели откако се роди. Немам испитано интолеранција ама на сето читање решив да пробам со елиминирање млечни продукти од моја исхрана. Првите резултати се видоа после еден ден, одма фрливме и капки и чуда против грчеви, почнавме да ја легнуваме, престана да плаче. Многу е лесно во тие први недели да се направи превид на оваа состојба и да се препише на други фактори што се врзани со првите неколку недели/месеци од развојот на бебето. Ама искрено кај ќерка ми беше толку изразено што од старт со маж ми знаевме дека не може тоа да е нормално и се фрливме на читање стручна литература да видиме како може да и помогнеме. Не викам дека секој рефлукс значи интолеранција на храна, ама многу често покрај анатомските предиспозиции на дигестивниот тракт кај бебето, исто така рефлуксот може да биде и физиолошки. Ова што го опиша кај твоето бебе е баш типична слика на интолеранција на кравји протеин. Пробај елиминирај, многу едноставно ќе дознаеш дали е тоа или не. И ако некогаш имаш потреба да дадеш адаптирано, ти го препорачувам на Аптамил pepti syneo. Се живо внатре е хидролизирано и формулата е ултра хипоалергена. Ќерка ми е на ексклузивно доење ама за недај боже имам кутија дома.
Да да тоа јасно за исфрлање на се што содржи лактоза али приметив дека од кога внесов кафе си мелко дека има многу гасови, се црвенее ептен и каката и е леплива.. Нина имаше рефлукс ама со каката немаше проблеми, со неа не исфрлив намирници туку како што ми кажаа и помина од како почна со цврта храна. Ее сега вие имате епрен симптоми
Почнав уште од вчера да исфрлам се, ама пошто кај син ми најизразените проблеми се од дигестивниот тракт, мислам дека ќе треба време за да видиме некои резултати, ако воопшто се работи за интолеранција. Повраќањето и не ме загрижува толку колку крвта во пелените. По тоа што читав млекото релативно брзо се чисти од системот на мајката, но најчесто треба време, од 2-4 недели за да се смири иритираноста на цревата. Дали си пробала да внесеш повторно млеко да видиш како ќе реагира? Те молам дај ми препораки за некој заменски производи за млечни производи, тука имам на располагање скоро се, млеко/јогурт/сирење на растителна основа, па и нема да ми е толку тешко да се прилгодам, ама ме фаќа страв за мк, најголем дел од експериментов ќе треба да го истуркам таму, а не знам како и дали воопшто се снабдени маркетите до ваков тип на производи.
Кај вас можеби ќе треба подолго време да се среди затоа што почнал да има поизразени симптоми. Кравјите протеини можат да предизвикаат микрокрварења во цревцата па како и секое друго воспаление треба време да се среди. Се надевам дека ќе го решите проблемот, пиши што биднало ако можеш. Тука има заменски производи, ама не ги користам. Ќе ти ги сликам следно кога ќе одам во маркет. Сум ги гледала низ Тинекс и Веро. Инаку се префрлив на растителни млека засега функционирам со нив. Сирење ко ја што сакам нема шанси да биде веганско па се имам откажано од идејата скроз Инаку немам пробано пак да воведам, страв ми е не ми се поминува пак тој хорор. Се навикнав вака па следно ќе видам кога ќе и воведам млечни производи како ќе реагира, негде кај 7-8 месеци.
И мојов вика и свири клавир, али врв е навечер кога го успивам во темница на цице и од еднаш отвара очи и со цицето во уста објаснува нешто и си се смее.
Не дека било што заменско ми прави ќејф, да не се лажеме, и на млеката вкусот е каде каде поразличен. Ама мами окото. Фала ти, искрено никогаш не сум обрнала внимание каков распон на вегански производи има мк, сега ќе треба малце повеќе да се заангажирам.
На Violife сигурно ги има, доста вегани ги пофалиле за вкус и структура. Тие може и кај вас да ги има, доста распространет бренд се глобално.
Чепкалка натопувам со мајчино млеко и чистам носе ако има видливи мрсулчиња кои не се длабоко. А има за бебиња физиолошки во ампули од Синомарин кои се користат во рок од 24 часа. Спреј не сум употребувала.
Да да, лудница тоа викањето, некои денови се на фини тонови, некои новокомпонирани оперски арии, ама некои викаат мислиш ги тепа некој, а уствари испитуваат јачина на гласни жици. Моиве зборат со цуцла, дека не цицаат, нешто мумлаат под цуцла гулимулибули којкојкој, они може си се разбираат, јас се правам дека ги разбирам.
Можно ли е да се јави пеленски осип од истите пелени што ги користиме долго време или од топлово е? Не сум и оставила иста пелена подолго од 3 саати, миеме газе на секое какање. Осипот се појави вчера првпата, ама на бутчињата, кај ластичињата. Да менувам пелени или да почекам? Ја намачкав со бепантен, па ќе видиме.
Докторката ми рече дека е добро да пробаме да ги имитираме нивните звуци, јас така правам и овој уште толку погласно
Со стапче со мајчино млеко или бекутан спрејчето за нос. Ти предложиле и синомарин тие се најдобри но ако е многу затнат.