Мислам дека се си е ок за овој период, тие немаат сеуште ред за ден и ноќ. Исто и мојата ќерка така прави, навечер е будна па дење спие. За дремки не сум мерела на саат но долги се, цицањето и е на 2ипол до 3ч. Навечер и до 4ч. Бидејќи става на килажа, не ја будам на 2ч веќе. Има грчеви 2 пати по 3-4 ч она во 24ч, тогаш знае и на саат ипол да цица, и тогаш плаче и е во раце. Инаку си леже, глетка, како да рже, крева ноџиња, заспива сама. Пак ќе стане, ќе цицне будна е кратко и пак заспива. Сигурно во денот има 16-17ч сон. 4 недели денес прави. Мислам после втор или трет месец ќе се нормализират.
Се успиваат вашите сами ммкајќи, стенкајќи? Ова е ново кај мојов. Дали од жешко не сака да го успивам во раце како претходно, не сака на цице, го оставам си стенка, кенка, се врти, собира ножиња некои 10тина мин и сам заспива. На што се должи промената? Не дека ми пречи... Исто сакав да прашам, дали ви се случува да гледаат скроз, а да се во фаза на заспивање некако, како во полусон. Вчера ми се деси, тој да е во таков 'транс', тишина беше и јас шмркнав со носот. Леле кога се штрекна, вресна и зајде. Го немаше детето неколку секунди, а и не му се случува првпат. Косата ми обеле. Некогаш се случува, тенџериња да трескам, он не трепнува, али некогаш... Не знам нормално ли е и зошто е така? И кога ги носите на втора контрола на ортопед? Каков преглед им прават вториот пат?
И мојот знаеше сам да заспие да не те разочарувам само неколку пати инаку преку ден секогаш спие со полу отворени очи и прати како старине е. Втора контрола бевме на 5 месеци
Почетокот и кај нас, и скоро кај сите е таков и затоа е најтежок. Исти бевме или цицаше или во раце ми беше, ма буквално за се во раце ми беше, и кога спие и кога не спие и ноќе и денски. Од кај 2 месеци веќе фати некој ред, почна да спие по цела ноќ .
Со ништо. Ќе мачкам само ако има потреба. Бришам со туфер натопен во вода, па со сув туфер за да е сува кожата и облекувам пелена. Скок да не е? Ќути си додека си спие само, може кратко да трае. На втора контрола меѓу 4 и 5 месеци, пред седнување. Стандарден е прегледот на телото, главата, разговор за развојот, совети и препораки за седнување, за Д3 и сл.
Мене ова ме снајде во четвртиот скок. Претходно имав бебе што само се успива, а сега успивањето стана научна фантастика. Синоќа дури во два заспа и ете тек сега стануваме и двајцата.
Да не знае некој трети вакцини (рота 3та доза, превенар 1ва доза и шестовалентна) до која недела смеат да се примат? Сакам да ги одложам за месец дена, нема да сме тука. Треба да ги прими во 22ра недела, а би ги примил 26та. Ѕвонев во Букурешт, кај вакцините немале телефон...
После рекордното заспивање вчера, кое траеше 2,5-3 саати и денските хорор дремки, сношти се втурнав во читање на секоја можна статија за успивање бебиња на интернет. Останав будна до 2 часот. Во сите како најчеста причина за проблемите со спиењето се наведуваше или недоволно уморни или преуморни. Мислам дека ако се утне првата дремка, после се натака е само удолница. И сега вака кога ќе размислам, навистина последниве денови првата дремка му беше многу касно, бидејќи не рачунав за времето кое му треба за да се успие. Чекав да покаже видливи знаци на умор за да почнам со заспивање, што најверојатно беше погрешно. Денес решив да почнам да го успивам саат и 10 минути откако стана. Немаше знаци на прозевање, триење очи, но веќе ги намалуваше франатичните движења на бејби џимот, и реков мечка страв, мене нестрав, ќе почнам. И voila, заспа за 10-15 мин. Се бунеше малце ама бев упорна. Е сеа ми спие во раце, ама после вчерашниот ден не би ризикувала да го префрлам и да го разбудам.
Мојот стандард дремнува саат ипол/два после будење сабајле, не чекам да покаже дека мнгу е уморен, ама тогаш зема да јаде и се успива, таа му е најдолга дремка. Завчера ја испушти и имавме катастрофа ден и ноќ, денеска подобар беше ама пак стана во 4-5 и буден беше до 7 едвај го презаспав па спиевме до 11:30. Мојов само многу бара да цица ноќно време, изгледа до жешкото е и му треба хидратација, во Лондон не правеше вака, сега се буди и ме бара се бута во гради, ама не станува, цица така заспиен. Него изгледа почнуваат да го чешаат жлебинките, се става у уста и се трие по нив, секако и орална фаза е сега ама ова различно изгледа од бутањето раце. Мајка ми вели и јас на 5м прво запче сум имала, еве мојов 4ти тера, изгледа и кај него ќе се напредни, нека ни е со лесно.
@Lavender13 @1209 Кај нас не би рекла дека проблемот е скокањето на првата дремка зошто откако е роден обавезно има прва дремка саат време после станување. Станува, го пресоблекувам, вежбаме, пие витамини, јаде, се смешкаме малце и спие. Разликата сега е тоа што претходно кога ќе видев знаци на поспаност го спуштав во креветче и заспиваше сам, сега исклучиво во раце. Ако го оставам сам во креветче колку и да му се спие не се смирува и не се успива. Јас ова го припишувам само на скокот, се надевам кога ќе помине ќе се стабилизираме.
Вие сте 4 дена постари од нас Моево бебе апсолутно никаков ред нема, ако не ја разбудам за цицање може и 6, 7 саати да си тера, па после да биде будна 5 саати со кенкање. Преку ден ја будам на 2, 3 саати цица, па се успиваме, некогаш ќе се раскенка тогаш сака во раце да е цело време и да ја нишкам. Обично е кенкава од 9 до 12, 13часот па се успива после, накај 8 се бањаме па пак е будна докај 10 некогаш 11 и заспива, се буди за цицање обавезно накај 3,4 саат а некогаш не призаспива па се нишаме во раце цела вечер, а некогаш па со спие до 6, 6 и пол...Така да како и се погоди денот
И јас мислам дека дневните дремки и следење прозорци на будност ептен им влијае на ноќното спиење. Јас користам апликација Huckleberry, ми помага многу за спиењето. Ама дефинитивно и бебињата си се различни. Мојов, да не го подречам спијач е- на мајка му , ама сепак гледам да следам eat, play, sleep рутина. Приметувам ако малце му го изместиме редот со одење на гости или нешто, и не заспие, после е проблем цел ден.
Кога следам прозори на будност, рајско ми е. Заспа сношти во 22, стана во 1, во 4, во 7, па спиеше до 9. Следно дремка имаше од 10:30 до 12:20. Сега заспа пак во 14:15 и обично 2,5-3 часа спие, најдолга дремка и е оваа. Во овој период сум најраат, двајцата имаат дремка и мислам дека се раѓам одново кога ќе седнам на лаптоп со безалкохолно грч ладно пиво. Единствен период кога седнувам на раат и да јадам. Дури успевам и 1 час да дремнам ако ми се спие. После околу 18 кратко може да дремне саат-саат и пол и на крај се спремаме за ноќното. Ја заспивам пред да покаже знаци дека и' се спие. Малку ако задоцнам, се пореметува заспивањето, понервозна е, се тегне и се маткаме долго време. А се случува некогаш да отстапам поради поголемото бидејќи знае да писка и тропа, да фрла играчки баш тогаш кога заспива малово и хаос сме после. Искуството со поголемиот ми е дека прозорци на будност се многу важни и тоа ми се покажува и со второво.
If they have certain sleep associations such as being rocked, fed or patted to sleep, they will need you to repeat this action every single time they wake between cycles… Овој дел највеќе ме плаши, зошто заспива во раце со одење. Некогаш навечер знае да заспие и сам во креветче, ама не секогаш.
Ние денес правиме два месеци. Боже кога поминаа. Синко вечерите си спие убаво, заспиваме 22, 22:30 и се буди кај 3 што е супер. И после стануваме накај 6-7. Денските дремки му се по 2 саати некогаш и повеќе ама многу немирно спие, само рита и мава со рацете, и се буди и презаспива. Цицањето некогаш како од шала пола саат мирно цица, а некогаш 15 мин со борба и нон стоп рита, како да се тепа со цицката . Но не го форсирам, колку сака да цица толку. Убаво напредува. Пред една недела се вагав јас и после се вагав со него, беше без пелена, само на боди, и покажа како да има 5400 што е супер Се надевам ова вакво цицање е ради втор скок и дека ке заврши за некој ден. Изгледа сите сме во некој скок. Но тоа е, ајде мамасити ќе издржиме