И мене.. Навечер немаме проблем само јаде и презаспива, ама преку ден е борба. Првата дремка му траеше неполн пола саат и до пред малку се трудев да го заспијам. Не знам уште што не пробав и не успеав. На крај маж ми дојде од работа му го дадов и реков заспивај, прај што знаеш јас веќе и од што бев исфрустрирана не бев способна да го заспијам. Заспал пред 10 мин па баш да видиме колку ќе спие.
Мале жени, ве читам ви пиеле дремка 2 саати, тоа не е дремка хахах убавинии Јас не можам да се пожалам де, гледам да заспива на саат-саат и пол. Дремката трае 40 минути највеќе, првата дремка од кога ќе станеме е најдолга саат и нешто. Фактички она не можи да спој две фази и на првата рем се буди.. тешко да презаспие одма. Насмеано е, игра на игралната,цица кај бе пола саат -15 мин цицње јуууух ќе нас тоа на брзина за 3 минути завршени и пак играње, преслекување, шетање така во круг до 8 саат, тогаш ја бањаме и кај 9 заспива, ако од Х причини прескокни да си заспие во 9-9:30, пискотници ќе биде и нема шанса да уцврсти брзо. Имавме гости и зарад нив напраивѓе исклучок и два дена заспиваше ноќе покасно со мака ама затоа кога ќе заспие прво станување е во 7 сабајле, па цица в сон и до 9:30 спиеме. Стварно не смеам да се пожалам ама би сакала да има дремка од 2 саати поручек, ептен би ми помогнало да спастрам, да играм со големава, да пијам кафе.. вака ми е се на брзина и таман почни нешо, остави оти станало. Залади ептен кај нас ууух 18 степени со ветер, ма милинаа, штета што голема има тт ама низ маала ок е да се прошетаат и двете. Спиеме на вечер без потење
Како ви спијат денски по 2-3 часа? Јас на прсти можам да избројам кога заспал толку долго, и тогаш паника ме фаќа дека има температура па само го проверувам. Иначе 40 мин-саат се денските дремки. Еве првата денес беше час и половина, и тоа со презаспивање и цело време в раце. Втората еден час точно, едвај го заспав на спална и го оставив сам за да седнам да јадам на раат.
Мајки ние три месеци сме во последно време од сред спиење се буди и плаче вика ја земаме во раце и се смирува а додека спие цело време е немирна се врти се криви и како да голта нешто дури се случува и да поврати во спиење
Мој синко е спанко, се дешава само еден час да спие па е боже не дај. Ниту сака да цица, ниту сака да се забавуваме, само цмиздри од што не се наспал убаво.
Имаше период не често ама се случуваше и две дремки да сврзи и да спие и по 5 часа преку ден непрекинато. Тогаш со страв и со топломерот до неа седев. Сега се молам за некоја таква дремка, на раат се да сработам низ дома.
Мојава чим ја ставам на кревет се буди за 10мин, во раце спие по 2 часа... Како да ја научам преку ден да спие? Зошто се буди?
И јас уште од старт почнав со eat-play-sleep, досега не сум го заспала на цицка, иако неколку пати во очај бев ептен блиску, среќа заспа некако сам. Еве денес горе долу е ок со дремките, сеа не е како што беше пред недела дена, заспива многу тешко, ама пак заспива, не е како минатите денови кога денските дремки беа по 10-20 мин. Па баш ќе видам како ќе биде ноќното заспивање. Иначе, која дремка ја сметате за прва? Тука сум малце збунета. Пример еве, сношти заспа околу 23.00. Се разбуди за јадење во 4, јадеше и презаспа веднаш. Следно будење беше во 7, јадеше и сменавме пелена, па цел процес не фати околу 1 час, значи заспа во 8. И следно станување беше во 11. Пошо читав дека ноќниот сон треба да е од 10-12 часа, јас како официјално станување го сметам тоа во 11.
А од кога почнуваат да се следат прозорците? Пошто јас мислам моево е мало за таков ред, пошто он кога цица заспива цело време пример и дремнува така, не би да го мачам и будам додека цица што знам.
Ве читам одвреме навреме али немам многу време да пишувам да коментирам таман ќе земам телефон у рака се јавува некој шпион да види што правам. Досега сум немала некој проблем со заспивање голем со двајцата , последнава недела две се ужас особено девојчето раце ми паѓаат додека заспие, можеби се во некој скок незнам ни јас досега не ми се поклопување термините и не сум приметила големи промени.
И мојот станува во 7, ама е разбуден и активен, па презаспива накај 8ипол и затоа таа дремка ја рачунам како прва (и најкратка му е). Следните две му се саат ипол- два. Да, ноќното спиење треба да е 10 саати, и вкупниот сон отприлика 14, 15 саати, ама кај мојот тешко изводливо е толку многу да спие. До кај 13 саати стигаме. Не дирај лава док спава Јас би го рачунала тоа како дремка, макар да е и 20 мин, со тоа што би гледала кога ќе се разбуди да не е буден повеќе од саат ипол (сосе времето за успивање). Па и да има повеќе дремки, баш супер што си спие. Јас инаку од кај 2ипол месеци почнав да следам, пред тоа ми беше невозможно, ама само затоа што на моја другарка бебо до година ипол имаше огроооомен проблем со дневни дремки и ноќното спиење, па бев уплашена да не се сите бебиња слични и сакав да воведам ред со време.
И јас читам 2-3 саати дремки, ми звучи како научна фантастика. Максимално што имало мир кај нас е 20 минути, инаку едното ќе прокенка, ќе го разбуди и другото и јово наново додека се презаспиеме веќе се будат за јадење и така во круг. Туку што беше ова денес? Не следам скокови, никако не се поклопуваат со однесувањево по ниеден датум. Ама денес се ужасно растревожени, никако да заспијат, само нешто се штрецаат и пискаат ко да имаат 6 недели, а не 6 месеци. Еве и полноќ дојде, спиење на кревет никако, само во раце и со кенкање. Кичмата мислам ќе ми се откачи, тешки се веќе. Олку лоши не биле никогаш, само до кога ќе трае и како ќе се издржи.
Леле искрено алал ти вера со две, јас со едно се искичмив, не можам да замислам колку понапорно е со две. Ноќното заспивање денес траеше час и половина, што е успех во споредба со претходните денови, плус заспа на креветче а не во раце, шта пије кафана. Секако со многу кемкање, плачење и крени-спушти, но тоа е што е.
Не се подречувај молим те. И јас се ‘фалев’ дека мојот е спанко, ама од sleep regression не знам кој избегал.
Едвај заспаа двајцата , машкото еве го спие ,ама затоа госпожа се разбуди, пиеше млеко и еве сега у раце ми спие...таман мислев ќе спијам малце и јас.
Деца менуваат. Што дојде тоа. Трето нема Ако е на татко му ке сака да си спие и јас сакам да поспивам, ама татко му ме шие Инаку секоја вечер пред или по капење мора убаво да се исплачиме/вриштиме, како да ни е нарачано тоа за секојдневна обврска. Сега менавме пелена, цицавме и ќе поспиеме до кај 9-10. Се читаме мамасити
Тука ќе прашам. Мајки, дај кажете од кај земате убави, квалитетни лигавчиња. Така дебелки да бидат, не најлонски одоздола. 5-6 вртам што ми се погодија, другите сите ми пропуштаат џабе носи. Многу лигави, нонстоп е воден. Имам едни како крпче од другата страна, ама од C&A ми се донесени.
Majki koja moze da mi kaze kako se doziraat kapkive za grcevi,1 mesec sme od Grcija se doneseni opisot e na Grcki jazik???