Нас ни се погодија едни од окаиди и од џорџ кидс. Подебелки се, и се закопчуваат на страна. И само тие ги користиме, другите така стојат.
Значи исти сте и вие, машко-женска комбинација. И кај нас госпожата е поспецифична, кај сите плаче, ми заспива само во раце, ако ја дадам на друг, плаче ко да сум ја напуштила. И ги имаш сите наоколу, ама ти така си ја научила, сега ќе си трпиш. Солат памет, божем јас така сакам. Се тешам само дека и е фаза и ќе смени. Ах, шо убави беа негде трети месец, ставаа рака на образ и сами се успиваа со ммкање, сега ништо.
Ма на никоја од нас не ни е лесно. Може и едно да е ѓаволесто колку за двајца Не зезаше докторката на вакцина, вика шо убаво вие наеднаш ќе полудите со бандитиве, ние со по 2-3, на повеќе пати. Така што полудувањето е неизбежно, да не се лажеме.
Мене пак ми викаат како сте го научиле кај сите да оди. Демек многу се дружите. А тоа бебе, 2/3 од денот е само со мене, по некој час гледа татко. И можеби по некоја минутка или на неколку дена баба и дедо. Едни дружби што имаме, тоа не се "раскажува". Ама ете така се погоди и демек ќе смени, ќе почне да се плаши од сите.
Нееее какво будење, нека си спие кога ќе заспие. Работата во следење прозорци за мене не е по секоја цена со будење, туку поентата е во тоа да нема многу временско растојание од една до друга дремка. Кога се помали, тоа некогаш не е успешно, сепак грчеви имаат, вадење заби, скокови и тоа знае да ги зезне работите. Ако станала во 9, рачунам дека до кј 10:30-11 би заспала. Не дека треба да се буди ако заспала во 10. Се трудам да ги следам за да не се премори и потоа е тешко да заспие. Еве денес не е иста ситуацијата. Стана во 9:20, призаспа во 10:35. Но не спиеше 2 часа туку 1, се разбуди во 11:20. Сега веќе рачунам дека ќе и' се приспие и ќе сака дремка. Муабетот е дека не е секој ден баш исто, дневните дремки варираат, засега константно и е ноќното спиење и првата дремка. Сè мислам дека од 3 месеци ми рекоа, ич не се сеќавам. И тука прашував кога даваат, некои порано некои подоцна. Во Хелоу бејби има, од Би бејби се. @Sofi.ja Сочувствувам со тебе, знам дека ти е претешко ноќе да не спиеш, а дење немаш баш луксуз кога сакаш да спиеш бидејќи имаш уште едно дете. На почетокот и кај нас беше така, среќа кратко. Ноќе не спиеш поради бебето, а денски сè е и со бебето и со другото дете. Ако оди во градинка, друго е. Моево не оди и навистина беше пренапорно.
Јас давам од сабајле пред јадење и директно во уста. И требаше да давам од 8 миот ден од раѓање. Така ми пишеше на отусната листа да давам, но мајка не разбра убаво и првиот месец давав само Д3+К1 а од кога ги потрошив нив, и земав нови, ги купив и омега+дха, и ке ги давам до крај на трети месец и потоа преминувам на Д3+дха+Омега Еве шема
Ко јас да пишував , јас сум виновна кај мене само што сака, од сабајле сум ко зомби што не сум спиена 4 пати се разбуди па не заспива живци скинав ми идеше да излезам од соба и да се заклучам у купатило.
Божем можеш ти на мало бебе да му кажеш каде да оди и каде не. Се си е до карактерот на детето. Еве го машково не пребира, штом дојдат гости на сите им се смешка, кај сите оди в раце, па ако му се погоди нишкањето знае и да си заспие. Девојкава никако, кога ќе рикне со едно жално плачење, ко пред неа да има чудовишта, а не луѓе. Дури и јас за да ја заспијам изводи, морам да стојам простум, палецот на цуцла, другите прсти од раката на нејзиниот образ, и да нишкам, церемонии. Туку друго да прашам, од кога се ставаат во оние игралните, како кош? Имаме голема, се мислам да ја наместиме, женскава преку ноќ решила да пролази на неполни 6 месеци и не можам да ја допазам. Во количка и креветче клоца и се гребе, од подлогата на под бега, од транспортер излегува, а врзана со каиши не седи, барем по некоја минута да ја ставам кога треба да го средам брати и или да им спремам јадење.
Бебево често има лепливи мрсолчиња, бели, ги чистам на ден два, денес и малце крв имаше како засушено, може од воздухот сув од климите ама де исплашив. На нет пишува демек белите се знак на настинка, а и малце поткашлива, тт нема. Што да превземам? Можно е да е настинат со климиве, топло, ладно, ме спобудале времето.
Кога почнуваат да бегаат. Време ви е да ги ставиш. Интересно е кога ќе научат да бегаат од игралните.
Бели и лепливи му се на моево уште од раѓање. Ми кажаа дека е нормално сè додека не сменат боја во жолто, зелено. Е тоа што кашла не знам, но може и од сув воздух од клима да поткашлува.
Да не почнал да се лигави повеќе па затоа поткашлува? Мојот кога почна со лигавење и раце во уста, почна и да поткашлува. Два пати педијатар прашував, викаше нормално е. Ако нема температура и си е весело мислам нема потреба за грижа. Срцковци ти се бебки, секогаш ми е забавно кога читам Ние игрална имаме ставено уште втор месец, кога почнав повеќе на под да го ставам, затоа што имаме и куче, па не ми се уште сигурни двајцата сами на подлога да ги оставам. Дого сака од глава до пети да го излиже. Зошто не се движи уште, си седи во бејби џим внатре, си се занимава.
Да кога бута раце во уста кашла, се засркнува и се накашлува, не ми текна дека е од тоа искрено. @0ли и на моево исто цело време се такви, проѕирни со бело измешано, ама крвта ме вознемири, мада малце е како точка, како кај нас кога имаме сув нос па на шмркање ќе излета некој сув црвен мрсул. Ај ќе го пратам како ќе биде во текот на денот. Уште неаме педијатар тука, ама ако треба ќе го носам некаде на приватно. Дејзи а за кучево да прашам, какво е? Пушта влакна? Ние сме кај моите и од пудлава има влакна, пазиме со мајка ми ептен ама пак приметувам некое залутано, страв ми е да не голтне некое, како го упазуваш од тоа.