Печатна грешка "дали" треба да стои. Давав јас со првото, но ми го прифаќаше без проблем. Вторава ќерка не ми го сака, прво го плукаше, а сега забележувам неколку вечери ми бљуцнува веднаш после него а поминало 2ч од цицање пример. Синоќа дури експлозивно ми поврати пак млеко неколку минути по давање на омегата. Наутро давам д3+к1. Вечер ќе го скокнам и утре, да видам дали ми бљуцнува и без него.ако е од него ќе почнам јас да пијам, па преку млекото така да го внесува
Мојов кашла веројатно од прекумерно лачење на плунка. Лигави премногу и претпоставувам не поставува да си ја голта и тоа го засркнува. И мене ме плаши ова со климите, ваму уклучи, онаму исклучи, потргни го да не е директно во него, па те на промаја да не е... Исцрпува. А јас едно 3-4 мајци на ден менувам, исто толку и преку ноќ.
@Tess36 , моево си е помрзеливо, ни лази, ни ништо. Евентуално ако се преврти од подлога. Ние зедовме ваква слична ама бидејќи не седи стабилно и не бега уште не сум ја ставила. 6+ е.
Ве читам мајки и уште повеќе се збункав, омега треба да се дава додека се дава д3+K1? Мене педијатарот ми кажа само дека треба да давам д3+к1 првиот месец и после само д3?? Хаос сум цела помош И уште една молба, кажете апликација за скокови...тнх ❤
Треба заедно. До крај на трети месец се дава така. Види погоре имам пуштено шема за бабитол баш како се користат
Мене педијатарот прво ми даде Бејбитол Д3+К1 и на контролата на 2 месеци ми кажа да вклучам и Бејбитол Д3+ДХА Омега. По една од двете да давам до 3 месеци. Д3 ми напомена и ортопед да давам 800 бидејќи се во интензивен раст, па ми се поклопуваат мислењата на ортопедот и на педијатарот за Д3.
Физиолошки раствор стави му за да омекнат и ќе кивне, ќе излези нешто, можеш и да влечиш за повеќе да излезе ако има стварно секрет. За кашлица нас ни рекоа инхалации.
Мене ми кажаа до 3ти месец d3+k I plus omega, a posle da prodolzam so d3+ omega, а ми останаа од првите, и сега да се вратам на старите да ги потрошам, или да терам со новиве, она штом направи 3 мес јас ги сменив
Мини малтезерче е, не пушта многу влакна, а тие што ги пушта некако се завршуваат на рачињата на бебо не знам искрено како да се допазиме, не можам баш да ги одделам, само гледам да сум цело време со него кога е буден. Како што пика се во уста, за некој месец очекувам опашот или некоја нога од кучето во уста да му ја најдам
Мила не знам прашај педијатар. Мене како ми кажаа така правам ама и се поклопува со шемата од самиот производител
Ако е на адаптирано млеко не треба омега и дха бидејки веќе содржи,а ако сте на доење даваат од 8-ми ден д3+к1 плус омега и дха а од 3-ти месец само д3 .Прашај педијатар најдобро.
Дефинитивно ја активирам, само нешто ново им текнува. И такви бегства ли ќе има? Јас сега само паничам дека ќе ми паднат од раце, како клоцаат и претаат, не се додржуваат. Ќе се мести одма, нема друго чаре. Лелеее дого, нас уште тоа ни фали, здравје кога ќе се преселиме за некој месец. Знам дека ти е шубе за влакната, ама како што читам и гледам, само маче не препорачуваат со бебе до година дена, а за куче е дури и пожелно, со него билдаат имун систем и отпорност кон алергии. Да, така нешто е и нашава, само голема, да не си седнуваат еден преку друг, инаку тоа го прават. Инаку пази ја, и ние мислевме нашава е мрзелива, брат и се мачеше, се трудеше да го сфати концептот на лазење, она лежеше до пред некој ден ко за ништо да не и е гајле и другиот ден ја гледам се заврте, дигна газот и колената и замина.
Нашата игрална имаше патент и научија да го откопчуваат. Исто така редеа перници и играчки едни врз други и се прекачуваа од нив преку ограда на тросед.
Луѓе колку често ги храните бебињава кои ви се 3++? Моево цица на секој саат ипол ама по малце оти обавезно заспива, ете сега сум кај моите и нели мајка нема да ја биде ако не даде коментар дека не се најадува и дека затоа толку често бара. Ме замисли искрено оти знаете јас малце сум несигурна околу исхраната дека доцна почнав со доење. Може стварно ми е гладен, не е мерен одамна ама редовно кака, мочка и весел е во тој саат ипол/два пред да му се пријади пак.
Колку ти спие навечер? Јас се водам по тоа правило дека пример цица 6-7 пати во денот, ако навечер ми спие на подолги интервали, тогаш преку ден надокнадува со почесто цицање. Мојот е 2.5 месеци и цица преку ден на 2,5-3 часа.
Мали мозочиња Нашава тиква научи во корпата од количката да го влече патентот со нога во знак на револт дека е внатре, а не слободна. Па морав да ја приберам количката да не ја користам веќе дома, се имаше испогребано целата.