Моето цица и навечер доста често, мада мислам дека сега зошто е во скок. Баш ќе го измерам колку е утре па ако не надава ќе почнам да му давам и дохрана, може дете стварно ми е гладно.
Мислам дека ако е гладно, ќе знаеш сигурно, ќе плаче, ќе е кемкав, нема да спие. Ама измери си го за секој случај.
Абе плаче и е ќенкав,ама не постојано туку кога му се пријаде баш, го осеќам, ама многу често бара, обавезно заспива на града па мислам дека уствари не се храни ефективно и затоа бара често. Не знам стварно веќе со доењево сто пати ми е на мисла, не давав скоро месец ипол дохрана, упорна бев само да цица, ама последно мерење не беше накачил многу ама докторката рече ок си е, иако само 400гр беше нададен за месец дена што според мене беше малце. Ете сега му дадов формула и ја пие како во живот да не јадел, баш ќе видам колку ќе изеде.
Се измолзуваш? Пробај да се измолзиш и тоа да му го дадеш. Инаку мин 140 грама неделно ... Не ти е многу под границата. И ние не јадеме секогаш исто, не може да очекуваме кај нив да биде подруго. Ако и овој пат е под мин. тогаш давај дохрана. Тоа е мој совет
Цица кога му се цица искрено. Саат-саат и пол е будна, пред запсивање обавезно цица и кога ќе стане и тоа за 3 мин е готова, после како ќе побара така, знаеме да шетаме низ дома 2 круга, па пак 2-3 мин цицање, со паузи сме. децава мои не можат да замислат цицање по пола саат.. такви ми се активни 100на саат и нема уживање во јадењето оти се нема време, се друго е поинтересно, па правиме цицни, играј, врти круг, цицни. Остај шо ти кажуваат, гладно бебе вришти пишти, ја треска главата. Колку месеци е? Во скок да не ти е? А над 4 месец да знаеш намалуваат на качување килажа по грама.
Ова мерењево беше на 12та недела значи 3м, сега скоро 4 сме. И моето е исто, му се брза, цицнува 5-10 мин и одма друго занимација бара, да во скок е ама реално откако почна со доење е таков, пред спиење цица подолго ама пак заспива и од време на време ќе потегне малце, ама сега и тоа прекинува, ме гледа се смешка, па фати пушти прави, па се смее на глас, па игра со раце нозе, па пак така и со саати се молам да цица и да спие. Не знам стварно каккво е тоа доење со саати, вајда бебе е такво што знам .
Едно ке ти кажам ако е гладно нема да ти се смешка. Моето кога имаше проблем со ушињата и едвај цицаше, беше прегладнето, тоа е вриштење недај боже да осетиш. Ич да не се секираш како сака така ке даваш и готово. Со цицањето е така, градите нон стоп на изволте
Исти ни се децата, исто и моето често бара да цица преку денот и никогаш не сум помислила дека не се најадува. Лето е, цицањето им е и храна и вода, плус типично за четвртиот скок е зголемен или намален апетит. Според мене не треба да даваш формула дур не плаче од глад, таман сте си.
Добро јас незнам како со детево или ова е некој скок(термин 3 мај). Не престанува да плаче ама вриштење страшно е. Синоќа на гости се преплаши од голем и гласен тв и незнам како да го смирам до сега. Одвај јаде од што постојано плаче. Од мирно насмеано и комуникативно сега скрос друго дете. А другово близначе како помирно
740 грама за 28 дена е добро качено за бебе кое ке наполни 2 месеци? му дадов аптамил без лактоза испи 80мл поврати и после 1 час пак на цицање
Што освен вежбички и масажа можам да направам за да му помогнам на бебе да се искака? Еднаш ни помогнаа вежби кога не беше какан цел ден, следниот успеа. Ама ете денес пак трет ден по ред како не е. Мешето не е тврдо, ама има гасови. Можам ли јас нешто да пијам па така да му помогнам?
Можеш компот од суви сливи. Кај нас помогна, ама ние сме почнати и со јадење, па и дадов од водичката и на неа. За не цел половина час се покака, после петти ден запек.
Ние не сме почнати со јадење, 3 ипол месеци има. Ќе пробам јас да пијам па се надевам ќе има ефект. Фала ти.
Ленено семе со јогурт, сливи да јадеш, тука ми кажаа и со киви да пробам.. педијатар ми рече да јадам храна побогата со влакна ама кај нас ништо не помагаше.. период беше од кај 3ти месец се до 5ти ми какаше на 10 дена.. некогаш сам некогаш му ставав клизма кога ќе поминеа 10дена.